Совети
Како измамниците крадат пари од банкомати?
Банките и полицијата во Германија предупредуваат за растечкиот број измами познати како „Cash Trapping“.
Овој метод на измама функционира така што сторителите поставуваат посебна физичка бариера на отворот за подигање готовина од банкоматот. Кога корисникот ќе се обиде да подигне готовина, парите не излегуваат, туку остануваат „заробени“ во уредот.
Повеќето луѓе мислат дека банкоматот е расипан и го напуштаат местото, а потоа доаѓа измамник и ги зема парите. Поради оваа причина, полицијата советува граѓаните секогаш внимателно да го проверат отворот за подигање пари и веднаш да ја контактираат банката или службата за корисници при сомнителни ситуации. И покрај техничките заштити како механички блокатори и камери за надзор, измамниците продолжуваат да ги заобиколуваат мерките.
Затоа, на граѓаните им се советува да бидат повнимателни при подигање готовина на банкомат.
Во друг случај, кој дополнително ја возбуди јавноста, пензиониран пар во Германија остана без речиси 70.000 евра. Криминалците префрлиле повеќе трансакции на парични сметки во Малта, користејќи дупки во безбедносните процедури.
Европската банкарска агенција (ЕБА) ја критикуваше практиката според која клиентите сносат до 79% од загубите во случаи на интернет измами. ЕБА бара построга регулатива и поголема одговорност од банките за заштита на потрошувачите во дигиталното банкарство.
Анализи
Избегнувајте ги овие ПИН-кодови за вашата платежна картичка – Крадците секогаш прво нив ги внесуваат
Секој што некогаш ја изгубил или му е украдена картичката го знае стравот од ненадејно губење на сите тешко заработени пари. Но, опасноста демне дури и ако вашиот ПИН е доволно едноставен за некој да може да го погоди.
ПИН-кодот е една од основните заштити на платежната картичка, но изборот на едноставна комбинација може значително да го зголеми ризикот од неовластен пристап.
Изборот на добар ПИН може да биде предизвик
ПИН кодот треба да биде лесен за паметење, но не треба да го запишувате. За разлика од лозинката, не можете да користите интерпункциски знаци или големи букви и сте ограничени на само 10 цифри.
Иако четирицифрениот ПИН овозможува 10.000 можни комбинации, голем број корисници и понатаму избираат лесни и предвидливи кодови. Меѓу најчестите се 1234, 0000, 1111 и 1212, но и комбинации како 4321, 2222, 7777 или други повторливи и симетрични шеми.
Токму ваквите комбинации најчесто се меѓу првите што би ги испробал хакер или крадец кој се обидува да добие неовластен пристап. Ризикот е уште поголем доколку ПИН-кодот е поврзан со лесно достапни лични информации, како датум на раѓање.
Што предупредуваат експертите?
Експертите предупредуваат дека промената на вашиот ПИН може да биде едноставен, но важен чекор во заштитата на вашите лични информации и финансиски средства.
Тие советуваат корисниците да избегнуваат очигледни комбинации и лични податоци при изборот на ПИН. Кодот треба да биде непредвидлив, но доволно лесен за паметење, без да се запишува на картичката или да се чува заедно со неа.
Совети
Македонска берза објави водич за трансформација и раст на бизнисите
Македонската берза подготви детален водич наменет за компаниите кои сакаат да ги искористат можностите на пазарот на капитал за обезбедување средства, раст и понатамошен развој.
Во водичот на едноставен начин се објаснуваат предностите од трансформацијата на компаниите во акционерски друштва, различните модели за продажба и емисија на акции, придобивките од котацијата на берза, како и постапката за издавање обврзници.
Од Македонската берза посочуваат дека целта е на бизнисите да им се олесни разбирањето на процесите за прибирање финансиски средства преку пазарот на капитал, кои на прв поглед може да изгледаат сложено.
Водичот е подготвен во рамките на иницијативата „Август – месец на подготовки за пазарот на капитал“. Во текот на месецот компаниите можат да закажат и бесплатни консултации во Македонската берза, на кои ќе добијат повеќе информации за можностите за пазарно финансирање и за актуелниот проект за поттикнување и подготовка на македонските компании.

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на електронската адреса [email protected] или на телефонскиот број 02/3122-055.
Совети
УЈП: Приходите од краткорочно издавање сместување мора да се пријават и оданочат
Граѓаните кои издаваат станови, апартмани, викендички или соби за краток престој до 31 ден имаат обврска да го пријават остварениот приход во Управата за јавни приходи и да платат данок на личен доход.
Обврската важи без разлика дали сместувањето се издава директно или преку платформи како Airbnb, Booking.com, Facebook, Kajak или други интернет-сервиси.
Од УЈП информираат дека пријавувањето се врши преку системот е-Даночни услуги. Даночниот обврзник треба да се најави на својот кориснички профил, да ја избере услугата Е-ПДД и да пополни соодветна електронска пресметка за приходот од закупнина.
Кон пресметката треба да се приложи документ со кој се потврдуваат внесените податоци. Системот автоматски го пресметува износот на данокот, а пријавата се потпишува со еднократен ПИН-код.
По одобрувањето од службено лице, се генерира рекапитулација со налог ПП53 за плаќање на данокот на личен доход. Данокот треба да се плати најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.
Аконтативната пресметка се поднесува најдоцна до 10-ти во месецот на издавање. Кога исплатата доаѓа од странство, рокот е до 10-ти во месецот што следува по месецот во кој е остварен приходот.
За граѓаните на кои им е потребна помош, УЈП има објавено видеоупатства за поднесување на електронската пријава и плаќање на данокот. Дополнителни информации може да се добијат и преку Контакт-центарот на бројот 02 3253 200 или во најблиската организациска единица на Управата.
Од УЈП најавуваат дека ќе продолжат со анализи и контроли за да обезбедат еднаква примена на законите и да спречат нелојална конкуренција кон даночните обврзници кои редовно ги исполнуваат своите обврски.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Бизниспред 2 месециНови цени на горивата: Дизелот поскап за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари





