Connect with us

Бизнис

Tigo.mk нуди кредити до 350.000 денари со камата од 0,8% на рати

Објавено

на

Финансиското друштво Tigo.mk нуди потрошувачки кредити со брза и едноставна процедура за аплицирање, достапни за сите полнолетни граѓани на Македонија. Кредитите можат да се аплицираат целосно онлајн, а одговор за апликацијата се добива за околу 30 секунди.

Во рамки на пролетната понуда, од компанијата информираат дека клиентите можат да аплицираат за кредит до 350.000 денари со камата од 0,8 проценти на сите рати, со можност за отплата до 48 месечни рати. Понудата е наменета за оние кои сакаат своите планови и желби оваа пролет да ги реализираат со флексибилни услови за финансирање.

Корисниците можат да изберат и кредит со еднократна отплата со рок до 30 дена или кредит на рати, при што самите ја одбираат сумата и начинот на враќање според своите потреби.

Како дополнителна поволност, првиот кредит со еднократна отплата е целосно бесплатен, што значи дека корисниците го враќаат истиот износ што го позајмиле, без дополнителни трошоци.

Процедурата за аплицирање е поедноставена и не бара жиранти, обезбедување или дополнителна документација. За апликација потребни се само важечка лична карта, е-маил адреса и мобилен телефон.

Според податоците на компанијата, досега се одобрени 242.426 апликации за кредити, со вкупен износ од околу 6,4 милијарди денари, при што околу 60 проценти од поднесените апликации се одобрени.

Бизнис

УЈП на терен со засилени контроли за фискализација: Извршени 257 надзори, изречени 139 санкции

Објавено

на

Управата за јавни приходи (УЈП) во периодот од 27 март до 26 април 2026 година спровела засилени теренски контроли за фискализација низ целата држава, при што биле извршени вкупно 257 контроли.

Според податоците на Управа за јавни приходи, од контролираните објекти 59 биле трговски, 118 угостителски, 78 услужни, а 2 од дејноста игри на среќа.

Од вкупниот број контроли, кај 118 објекти не биле утврдени неправилности, додека биле изречени 139 санкции. Во пет случаи биле преземени мерки за привремена забрана за вршење дејност, односно запечатување на објектите.

Во текот на акцијата, УЈП евидентирала и 198 пријави од граѓани, од кои 153 биле доставени по електронска пошта, а 45 преку телефонската линија 198.

Најголем број контроли биле спроведени во Скопје – 111, при што биле утврдени 68 неправилности. Следуваат Тетово со 22 контроли и 10 неправилности, Куманово со 17 контроли и исто толку утврдени неправилности, како и Битола со 31 контрола и 13 неправилности.

Контроли биле извршени и во други градови низ државата, меѓу кои Гостивар, Охрид, Кичево, Прилеп, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Кратово, Пробиштип и Свети Николе, со различен број утврдени неправилности.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонски Телеком со стабилен раст на почетокот на 2026: Повеќе корисници, повисоки приходи и нови инвестиции

Објавено

на

Македонски Телеком го отвори првиот квартал од 2026 година со позитивни трендови во работењето, при што се забележува раст на корисничката база, зголемени вложувања во инфраструктурата и подобрување на финансиските резултати.

Капиталните инвестиции на компанијата достигнале 411 милиони денари, додека оперативната добивка (EBITDA) е повисока за 2,8 проценти во однос на лани. Нето добивката е зголемена за 0,6 проценти, а приходите од продажба бележат раст од 5,8 проценти.

Компанијата повторно ја доби наградата за најдобра мрежа во земјава од Ookla, врз основа на мерењата во втората половина на 2025 година. Според резултатите, мрежата се издвојува по брзината, стабилноста и квалитетот на корисничкото искуство во повеќе категории.

Покриеноста со 5G достигнува 97 проценти од населението, со високи интернет брзини достапни во најголем дел од градовите. Воедно, продолжуваат инвестициите во оптичката мрежа, при што бројот на оптички приклучоци достигнал 377 илјади, што е раст од 7,6 проценти на годишно ниво.

Раст е забележан и кај корисниците. Бројот на претплатници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,5 проценти и изнесува 226,5 илјади, додека вкупниот број интернет пристапи е повисок за 3 проценти. Во мобилниот сегмент, бројот на корисници достигнал 1,284 милиони, што е раст од 1,9 проценти.

Компанијата ја задржува водечката позиција во фиксната телефонија со 239 илјади корисници, како и на ТВ пазарот со удел од 38,4 проценти. Дигиталната платформа MagentaTV продолжува да расте и достигнува 171 илјади корисници, што претставува зголемување од 6,1 проценти.

Во текот на кварталот се воведени нови пакети Magenta 1 Unlimited и Magenta 1 Business Unlimited, како и програмата за лојалност Magenta Moments, која брои 420 илјади корисници. Според TRI*M индексот, компанијата е рангирана како водечки телекомуникациски бренд според задоволството на корисниците.

Дополнително, приходите од системска ИТ интеграција се зголемени за 17,1 проценти.

Покрај деловните резултати, Македонски Телеком продолжува со активности насочени кон општествена одговорност, заштита на животната средина и унапредување на условите за вработените. Во првиот квартал од годината, компанијата ја доби и наградата за најпосакуван работодавач во телекомуникацискиот сектор на национално ниво.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонски Телеком во Скопје организираше бизнис конференција за сајбер безбедност: Новиот закон и европските стандарди во фокусот

Објавено

на

Во Скопје се одржа бизнис конференција посветена на дигиталната безбедност, која ги собра на едно место претставници од деловниот сектор, институциите и експерти од областа на сајбер заштитата. Настанот, организиран од Македонски Телеком, беше насочен кон актуелните предизвици, новата регулатива и современите решенија за справување со сајбер заканите.

Во центарот на дискусиите беше новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, кој е усогласен со европската NIS2 директива и се смета за значаен чекор кон зајакнување на националната сајбер безбедност.

Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, порача дека сајбер безбедноста повеќе не е избор, туку неопходност, нагласувајќи дека компанијата ќе продолжи да делува како партнер во дигиталната трансформација преку сигурни и напредни решенија.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека новиот закон за првпат воспоставува сеопфатна и усогласена рамка која ќе обезбеди подобра заштита за институциите, бизнисите и граѓаните, како и усогласување со европските стандарди.

На конференцијата беа презентирани и глобалните трендови во сајбер безбедност од страна на експерти од Дојче Телеком, кои споделија практики и решенија за заштита од современите закани. Дополнително, претставници од надлежното министерство говореа за имплементацијата на NIS2 директивата, додека индустриските експерти дадоа осврт на најновите техники на сајбер напади.

Настанот привлече повеќе од 300 посетители, кои имаа можност да разменат искуства и да се информираат за актуелните регулативи и трендови во дигиталната безбедност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange