Банки
ТТК Банка АД Скопје – нов продажен канал на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја прошири својата продажна мрежа со вклучување на ТТК Банка АД Скопје како нов продажен канал. Со ова партнерство се отвораат нови можности за поголема достапност на пензиските услуги и унапредување на пазарното присуство на Друштвото.
„Нашата цел е да им овозможиме на граѓаните сигурност и доверба во нивната иднина. Со проширувањето на продажната мрежа преку ТТК Банка АД Скопје, им нудиме поголема достапност и транспарентност“ – изјави Иван Стојановиќ, втор генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.
Од ТТК Банка АД Скопје м-р Димитри Трповски, член на Управниот одбор и генерален директор за комерцијално банкарство изјави: „Веруваме дека оваа соработка ќе создаде додадена вредност за нашите клиенти и ќе придонесе за посигурно и поодржливо финансиско планирање на иднината“.

По тој повод, овој месец се одржа првата заедничка работна средба под мотото „Вашиот потенцијал. Нашата поддршка. Заеднички успех!“, на која беа поставени темелите за стабилна, долгорочна и стратешка соработка меѓу двете институции.
Вклучувањето на ТТК Банка АД Скопје како нов продажен канал претставува значаен чекор кон зајакнување и дисперзирање на продажната мрежа на КБ Прво, со цел поблиска комуникација со членовите и поефикасна поддршка во процесот на донесување информирани финансиски одлуки.
Развојот на широка и достапна продажна мрежа претставува важен придонес кон реформираниот пензиски систем, подигнување на пензиската свесност и едукација на населението за значењето на навременото и одговорно финансиско планирање.
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје верува дека ова партнерство ќе создаде додадена вредност за сите засегнати страни и ќе претставува цврста основа за континуиран развој.
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, веќе 20 години е лидер на пазарот на задолжителни и доброволни пензиски фондови на македонскиот пазар на пензиско осигурување. Со повеќе од две децении искуство, доверба од 305 280 членови во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд (Извор: www.mapas.mk – 31.01.2026 година) и континуирани инвестиции во едукација и развој, Друштвото останува посветено на обезбедување сигурна иднина и одржлив пензиски систем за сите граѓани.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229
Банки
Мрежата на АЛТА банка опфаќа 18 експозитури во 11 градови низ Македонија
АЛТА банка располага со широка мрежа од 18 експозитури распоредени во 11 градови низ Македонија, овозможувајќи им на клиентите пристап до банкарските услуги во повеќе региони во земјава.
Најголем број експозитури банката има во Скопје, каде што работат шест локации, додека во Битола клиентите имаат на располагање три експозитури.
АЛТА банка е присутна и во Тетово, Велес, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Демир Хисар, каде што располага со по една експозитура.
Во Скопје експозитурите се лоцирани на Анкарска, Никола Русински, Скупи, улица Македонија, Кузман Јосифовски Питу и во трговскиот центар „Бисер“ на булеварот Јане Сандански.
Во Битола, пак, експозитурите на банката се наоѓаат на улиците Добривоје Радосавлевиќ и Широк Сокак, како и на Партизанска.

Преку својата мрежа на експозитури, АЛТА банка обезбедува физичка достапност на банкарските услуги за граѓаните и компаниите во повеќе поголеми и регионални центри низ државата. На својата интернет-страница банката нуди и локатор за експозитури и банкомати, преку кој клиентите можат полесно да ја пронајдат најблиската локација.
Банки
Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста
Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.
Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.
Банки
Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември
Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.
Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Бизниспред 2 месециНови цени на горивата: Дизелот поскап за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари





