Банки
Шпаркасе Банка вработува специјалист за развој на процеси за население во Скопје
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!
Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Специјалист за развој на процеси за население, Служба за развој на процеси за население во Скопје.
Што ќе биде твојата улога?
- Дизајнирање на нови процеси и активно учество во развој, унапредувањe и оптимизација на процесите за работа со население – физички лица;
- Редовно следење на процесите и учество во изработка и ажурирање на интерни процедури и
инструкции за продажната мрежа; - Подготовка и спроведување на обуки поврзани со процесите за вработените во експозитурите;
- Учество во проекти, тестирање и имплементација на нови софтверски и дигитални решенија кои ќе го унапредат работењето на банката;
- Следење на законски и регулаторни измени, препораки од интерна ревизија и нивна имплементација во процесите;
Кои квалификации се потребни?
- Минимум ВСС;
- Познавање на процеси во финансиски институции и високо ниво на бизнис свесност;
- Одлични аналитички способности и способности за работа со алатки за моделирање (BPMN, flowcharts, task-tracking софтвери);
- Одлични организациски вештини, способност за одредување приоритети, тимска работа;
- Проактивност и иницијатива;
- Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
- Познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
Кои ќе бидат твоите придобивки?
- Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse;
- Приватно здравствено осигурување;
- Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
- Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот, но и тимскот дух;
- Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing).
Шпаркасе банка ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмона: [email protected] заклучно со 12.03.2026 година со назнака „Апликација
за Специјалист за развој на процеси за население“.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.
ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #ВерувајВоИднината
Банки
ЕЦБ пред тешка одлука: Дали ќе ги зголеми каматните стапки поради растот на цените на енергијата?
Европската централна банка (ЕЦБ) се соочува со една од најтешките одлуки во последните години, откако наглиот раст на цените на енергијата предизвикан од воениот конфликт меѓу САД и Иран повторно ја зголеми инфлацијата во еврозоната.
Сè повеќе сигнали упатуваат на тоа дека ЕЦБ веќе оваа недела би можела да ги зголеми каматните стапки, но дел од економистите предупредуваат дека таков потег би можел дополнително да ја забави европската економија, која веќе покажува знаци на слабеење.
Главниот аргумент на поддржувачите на зголемувањето на каматите е зачувување на кредибилитетот на ЕЦБ во борбата против инфлацијата. Инфлацијата во еврозоната достигна 3,2 проценти, што е значително над целта од два проценти. Воедно, расте и базичната инфлација, која не ги вклучува цените на енергијата и храната.
Според дел од претставниците на ЕЦБ, постои ризик повисоките цени на енергенсите да се прелеат во останатите сектори на економијата преку поскапување на услугите и стоките, како и преку барањата за повисоки плати. Затоа тие сметаат дека е потребна навремена реакција за да се спречи дополнително вкоренување на инфлаторните очекувања.
Сепак, противниците на ваквиот потег потсетуваат дека сегашната ситуација се разликува од периодот по почетокот на војната во Украина во 2022 година. Тие нагласуваат дека сè уште нема доволно докази дека поскапувањето на енергијата ќе прерасне во долготраен инфлаторен проблем, а растот на платите останува релативно умерен.
Економистите предупредуваат и на историските грешки на ЕЦБ од 2008 и 2011 година, кога банката ги зголеми каматните стапки поради растот на цените на нафтата, но набргу потоа беше принудена да ја промени политиката поради финансиската и должничката криза.
Дополнителна неизвесност создава и фактот што ЕЦБ во моментов зазема поостар став од другите големи централни банки. Додека Европската централна банка размислува за ново зголемување на каматите, американските Федерални резерви засега претпочитаат да ги следат долгорочните последици од конфликтот на Блискиот Исток.
Финансиските пазари во моментов очекуваат ЕЦБ оваа година двапати да ги зголеми каматните стапки за по 0,25 процентни поени. Сепак, поголемиот дел од аналитичарите сметаат дека евентуалното зголемување треба да се сфати како превентивна мерка, а не како почеток на нов циклус на агресивно затегнување на монетарната политика.
Поради тоа, вниманието на инвеститорите нема да биде насочено само кон самата одлука за каматните стапки, туку и кон пораките што ќе ги испрати претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, за идните чекори на централната банка.
Банки
Жените сѐ поактивни корисници на дигиталните финансиски услуги во Македонија
Жените во Северна Македонија активно ги користат дигиталните финансиски услуги, покажуваат најновите податоци на Народната банка на Република Северна Македонија.
Според податоците за 2025 година, 43,9 проценти од платежните сметки во земјата се во сопственост на жени. Истовремено, жените активно ги користат дигиталните канали за увид во своите платежни сметки, што укажува на зголемена вклученост во современите финансиски текови.
Податоците покажуваат и дека жените и мажите речиси подеднакво ги користат своите платежни сметки за извршување електронски плаќања.

Од Народната банка посочуваат дека дигиталните финансиски услуги стануваат сѐ подостапни за граѓаните и дека нивната употреба е речиси рамномерно распределена меѓу жените и мажите.
Овие показатели се дел од напорите за поголема финансиска вклученост и еднаков пристап до финансиските услуги за сите граѓани.
Банки
„Финансиска училница“ на Комерцијална банка со 90 ученици од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје
Деведесет ученици од трето одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје беа дел од едукативната програма „Финансиска училница“ на Комерцијална банка, преку која на интерактивен и забавен начин се запознаа со основите на финансиската писменост.
Преку интерактивни активности и практични примери прилагодени на нивната возраст, децата учеа како функционираат парите, зошто е важно штедењето и како одговорното управување со финансии може да помогне во носењето подобри одлуки во секојдневниот живот.

Големиот интерес и активното учество на децата потврдија дека финансиската едукација може успешно да се приближи и до најмладите, поттикнувајќи ги уште од рана возраст да развиваат здрави финансиски навики.
За многумина од нив, ова беше прв чекор кон разбирање на светот на финансиите и беше направен со голема самодоверба.

„Финансиската училница“ е дел од заложбите на Комерцијална банка за поддршка на финансиската едукација и градење генерации кои ќе располагаат со поголемо финансиско знаење, самостојност и одговорност. Од банката истакнуваат дека вложувањето во знаење е најдобрата инвестиција за посигурна финансиска иднина.
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Фондовипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво потсетува на навремено планирање на пензијата
-
Банкипред 2 месециНЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 4 мај
-
Бизниспред 4 неделиОд полноќ нови цени на горивата


