Connect with us

Компании

Групацијата Триглав со зголемен обем на работа и пораст на добивката во 2022 година

Објавено

на

Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и на матичното друштво за 2022 година. Групацијата во 2022 година работеше успешно во предизвикувачки околности и ја задржа финансиската стабилност и водечката пазарна позиција во регионот. Вкупните приходи во износ од 1.599,3 милиони евра се зголемија за 10% во споредба со претходната година, од кои пак бруто полисираната премија изнесуваше 1.479,6 милиони евра или 9% повеќе, споредено со 2021 година. Групацијата минатата година оствари добивка од 134,5 милиони евра пред оданочување, што обезбеди зголемување од 1% во споредба со претходната година. Управниот одбор и надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на годинешното собрание на акционерите ќе предложат исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра бруто по акција или во вкупен износ 56,8 милиони евра, што претставува нешто повеќе од 50% од нето профитот на Групацијата Триглав за 2022 година.

Групацијата Триглав постигна добри резултати во минатогодишните предизвикувачки околности, кои што се карактеризираа со зголемена инфлација и неповолни услови на финансиските пазари. Ова ја потврдува цврстината на нејзиниот деловен модел и успехот на зацртаната стратегија. Групацијата во 2022 година оствари добивка од 134,5 милиони евра пред оданочување, што е за 1% повеќе во однос на претходната година. На добрите резултати влијание имаа зголемениот обем на деловно работење и одредени еднократни ефекти. Во споредба со претходната година, вкупните приходи се зголемија за 10% (1.599,3 милиони евра), од кои пак бруто полисираната премија изнесува 1.479,6 милиони евра, што е за 9% повеќе во однос на 2021 година. Групацијата постигна раст на премијата во сите три осигурителни сегменти и на сите пазари, истовремено зголемувајќи ја или задржувајќи ја својата позиција на пазарот. Ситуацијата влијаеше на зголемувањето на обемот на бруто исплатени штети за 13% (832,2 милиони евра) и зголемувањето на оперативните трошоци за 12% (374,9 милиони евра). Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав достигна поволна вредност од 88,1%, на што главно влијаеше коефициентот на штети, подобрен поради ефектот на делумно ослободување на резервациите за оштетни побарувања. Групацијата нивната висина ја приближи до проценетата вредност според МСФИ 17. Зголемувањето на каматните стапки и падот на цените на акциите на финансиските пазари се одразија на намалувањето на обемот на инвестициското портфолио за 11%, на 3.271,2 милиони евра, додека неговиот принос беше негативен (-15,7 милиони евра).

Во 2022 година, Групацијата, исто така, доби висок кредитен рејтинг “А” од агенциите за кредитен рејтинг S&P Global Ratings и AM Best, со стабилна среднорочна прогноза. И покрај зголемениот обем на ризик, групацијата одржа висока капитална адекватност од 200%. Извештаите, каде што детално се наведени информациите за солвентноста и финансиската положба на Групацијата Триглав и на матичната компанија, се достапни на овој линк.

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИТИКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДИ

Управниот и надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на годинешното собрание на акционери предлагаат исплата на дивиденда во износ од 2,50 евра бруто по акција, што претставува нешто повеќе од 50% од консолидираната нето добивка за 2022 година. Со предложената дивиденда, дивидендниот принос по тековната цена на акцијата изнесува 6,3%. На 21-ви април, 2023 година, се очекува Заваровалница Триглав да го објави свикувањето на редовниот годишен состанок на акционери, кој што е планиран за 6-ти јуни, 2023 година.

СТРАТЕГИЈА НА ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ И НЕЈЗИНИТЕ ОДРЖЛИВИ АМБИЦИИ (ЕСГ)

Централната стратешка цел на Групацијата Триглав е да постигне исклучително и униформно корисничко искуство во сите правци, во сите процеси, со сите производи и во сите компании од Групацијата, придружено со натамошна дигитална трансформација и развој на услужно ориентирани деловни екосистеми. Во 2022 година, таа продолжи со дигитализација на процесите кај асистентските услуги, процедурите за продажни и оштетни побарувања и со градење на единствена платформа за комуникација и работа со клиентите, а истовремено опреми неколку интерни процеси со алатки за нивна роботизирана автоматизација. Исто така, на заедничка платформа и со заедничка програма за лојалност, Триглав комплет продолжи да ги поврзува екосистемите во основните области на здравството, финансиските услуги, мобилноста, животот и милениците. Го прошири кругот на партнери, со кои има заеднички деловни принципи и стремеж за високо задоволство на клиентите и го надополни асортиманот на асистентски и поврзани услуги.

Групацијата Триглав ги следи стратешките амбиции за одржлив развој во областа на животната средина, општеството и управувањето. Таа ги проширува услугите кои што промовираат социјални и еколошки бенефиции и го зголемува уделот на зелените и одржливите обврзници, како и обврзниците со социјално влијание во инвестициското портфолио. Го намали и јаглеродниот отисок на сопствените процеси. Групацијата останува тесно вклучена во општествено и еколошки одговорните проекти, партнерства и донации. Во своето работење, ги следи високите стандарди на корпоративното управување и ја поттикнува културата на разновидност и инклузија и ги препознава можностите што ги носи. Групацијата учествува во меѓународните иницијативи PSI на ОН, UNEP FI и во партнерството на PCAF, кои ги спроведуваат принципите на одржлив развој, и известува во согласност со стандардите за одржливост GRI, SASB и според прашалникот на CDP за климатските промени.

ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

Во 2022 година, Групацијата Триглав, и покрај тешките економски услови на македонскиот осигурителниот пазар, работеше успешно и обезбеди консолидирана бруто полисирана премија во доменот на животно и неживотно осигурување од 1.885,3 милиони денари или 30,63 милиони евра, притоа постигнувајќи раст од 23% во споредба со резултатите остварени во 2021 година и зголемен пазарен удел од 14,7%.

Во 2022 година, Триглав Осигурување ја задржа водечката позиција на пазарот на неживотно осигурување, зголемувајќи го својот удел на 14,4%. Компанијата успешно се справи со турбулентното пазарно опкружување, обезбедувајќи бруто полисирана премија од 1.517,84 милиони денари (24,66 милиони евра), со што оствари раст од 14% во споредба со резултатот од 2021 година, додека пазарот порасна за 9,2%.

„Пазарните истражувања во 2022 година го позиционираат Триглав Осигурување како најреномирана осигурителна компанија, со највисоко ниво на доверливост и професионалност, која што е прв избор во доменот на неживотното осигурување. Нашата обновена стратегија е посветена на безбедно и профитабилно работење, фокусирајќи се на потребите на нашите клиенти и поставувајќи стандарди за извонредно корисничко искуство, а нашата способност да изградиме доверба и да воспоставиме долгорочни партнерства со нашите клиенти, партнери и соработници е клучен фактор за нашиот успех“, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г-дин Ѓорѓе Војновиќ.

Во деловната 2022 година, Триглав Осигурување Живот достигна пазарен удел од 16,1%, (раст од 6,2 процентни поени во споредба со истиот период минатата година). Во остварениот пораст на премијата на пазарот за животно осигурување, Друштвото придонесе со износ од 168 милиони денари (5,97 милиони евра), што претставува удел од 61% во вкупниот пазарен раст, што значи дека Триглав Осигурување Живот е најголемиот двигател на растот на пазарот. Што се однесува до остварената премија, имаше зголемување од 84% во споредба со минатата година.

„Значително повисокиот раст на премијата во споредба со просекот на пазарот за животно осигурување е јасен показател дека дури и во непогодни економски услови, продолжуваме со динамиката на растот. Добиваме сé повеќе нови корисници и за нас тоа е потврда за посветеноста со која што градиме исклучително корисничко искуство“, изјави Вилма Учета Дузлевска, Генерален директор на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

Триглав пензиското друштво во 2022 година постигна умерен и стабилен раст на вредноста на пензиските заштеди на своите членови. Во специфични услови, остварен е пораст на членството од над 45% и зголемување на нето вредноста на средствата под управување на задолжителниот пензиски фонд за повеќе од 80% во споредба со минатата година. Соодветно зголемување е забележано и во областа на доброволното пензиско осигурување. Друштвото успеа да одржи стабилно инвестициско портфолио и да ги минимизира ризиците од управување со средствата на членовите и покрај исклучителната нестабилност на инвестициските пазари.

„Задоволни од постигнатите резултати и од насоката во која што се движиме, во периодот што претстои остануваме посветени на тоа да работиме со ист интензитет и со зголемен професионален фокус. Продолжуваме да ги инвестираме сите наши професионални капацитети во насока на реализација на стратешките приоритети”, изјави Претседателот на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво, г-дин Тихомир Петрески.

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЗАВАРОВАЛНИЦА ТРИГЛАВ И НА ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ ЗА 2022 ГОДИНА

Годишниот извештај е посветен на сите оние, кои успешно ги трансформираат денешните предизвици во нови решенија и ги поместуваат границите. Во насловната порака „Одраз на утрешниот ден“, се нагласува развојната ориентација на Групацијата Триглав, во чија основа е познавањето на променетите потреби на клиентите и учесниците, поддржано од современите технологии. Во прв план е ширењето на хибридните режими на продажба, поедноставените и делумно автоматизираните процедури и модуларните производи, прилагодени на клиентите. Посебно внимание се посветува на развојот на услужните деловни екосистеми, кои минатата година повторно се проширија со нови услуги и партнери во клучните области: здравје, мали животни, мобилност, дом и финансиска сигурност. Успехот на оваа насока и интегрираната стратегија фокусирана на клиентите, во 2022 година го покажуваат високото задоволство на клиентите и одржаното високо задоволство на вработените.

Целосниот годишен извештај со можност за преземање во iXBRL и PDF формат е достапен на веб-страниците на https://letnoporocilo.triglav.eu/2022 и https://annualreport.triglav.eu/2022, кои беа креирани имајќи ја предвид енергетска ефикасност. Корисниците на веб-страницата на извештајот, која што меѓу другото го покажува движењето на клучните финансиски и ЕСГ индикатори, исто така, можат да ја проверат исправноста на нивното држење пред екранот.

Содржината е дел од превентивната програма во областа на мускулно-коскените нарушувања на работното место, што Заваровалница Триглав ја разви за своите вработени, и за која доби меѓународно признание од Европската агенција за безбедност и здравје (EU-OSHA).

Бизнис

Бобан Томески именуван за нов извршен член на Одборот на директори на „Кроација осигурување – Живот“ АД Скопје

Објавено

на

Во согласност со Законот за хартии од вредност , а по одржаното Собрание на акционери на Друштвото, КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот Скопје преку соопштение на Македонска берза ја информира јавноста дека на г-ѓа Маја Станковска Костова досегашен извршен член на Одборот на директори и престана функцијата поради поднесена оставка заклучно со 01.12.2024 година.

За нов извршен член на Одборот на директори на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот Скопје е именуван г-дин Бобан Томески, почнувајќи од 01.12.2024 година.

„Управувањето со Кроациа осигурување – Живот, друштво кое е лидер на пазарот за осигурување и најстара осигурителна компанија за животно осигурување во Македонија, е голема привилегија, но и одговорност за водечката личност. Во текот на петгодишниот мандат, Маја Станковска Костова даде значаен придонес за развојот на Друштвото, за подобрување на услугите кон клиентите, креирање прилагодени понуди на производи како и зголемување на профитабилноста. Ѝ благодариме за досегашниот ангажман и за сето она што го постигна, и ѝ посакуваме успешна кариера надвор од компанијата. На Бобан Томески му посакуваме многу успех на новата функцијата – извршен член на Одборот на директори и во водењето на друштвото кон нови деловни достигнувања“ – изјави Марио Батарило, претседател на Одборот на директори на Кроациа осигурување – ЖИВОТ АД Скопје.

Новиот состав на Одборот на директори на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот Скопје е:

  • Марио Батарило – неизвршен член и Претседател на Одборот на директори;
  • Бобан Томески – извршен член на Одборот на директори;
  • Иван Залар – неизвршен член на Одборот на директори;
  • Владимир Стефановски – независен неизвршен член на Одборот на директори.
Продолжи со читање

Банки

Ексклузивната соработка на Триглав Осигурување Живот и ТТК Банка продолжена со нов договор за стратешко партнерство

Објавено

на

Триглав Осигурување Живот АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје, на заемно задоволство, ја продолжија заедничката ексклузивна соработка за банкоосигурување со потпишување нов договор за стратешко партнерство.

Благодарение на стратешката соработка што двете компании партнерски ја градат и негуваат од 2019 година, граѓаните имаат можност да добијат кредит со вклучена полиса за осигурување на живот, која обезбедува финансиска сигурност за семејството на кредитобарателот при немил настан. А, како дополнителна придобивка добиваат значително поповолни услови за кредитирање, достапни во која било од 30-те експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје.

Новиот договор за соработка претставува зацврстување на стратешкото партнерство меѓу ТТК Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје, како и збогатување на портфолиото финансиски производи на ТТК Банка АД Скопје, којашто ќе им понуди на своите клиенти низа придобивки кои, пред сѐ, обезбедуваат дополнителна финансиска заштита.

Развојот на банкоoсигурувањето претставува стратешка определба за Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

„Ни претставува вистинско задоволство што ја продолжуваме успешната и силна соработка со ТТК Банка АД Скопје, соработка што активно ја градевме и ја развиваме како партнери во изминатите 5 години. Соработката со ТТК Банка АД Скопје за нас е од големо значење, а особено бидејќи тоа е Банката што прва ни ја даде својата доверба за партнер во доменот на банкоосигурувањето. Преку развој на иновативни производи и заеднички проекти, ќе продолжиме да ја негуваме соработката и да им нудиме на клиентите финансиски производи што ќе им донесат максимално корисничко задоволство и погодности“, изјави Христина Џамбазовска Анастасов, Генерален директор на Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

„Нашето партнерство со Триглав Осигурување Живот АД Скопје обезбедува значајни придобивки за клиентите преку иновативни решенија што ги комбинираат кредитите со полиси за осигурување на живот. Со тоа, нудиме повеќе од финансиски производи –  нудиме сигурност, заштита и поволни услови за сите наши клиенти. Новиот договор е потврда за нашата заедничка визија за унапредување на финансиската стабилност на клиентите и поддршка на најважните животни одлуки. Ќе продолжиме партнерски да создаваме додадена вредност за корисниците и да поставуваме нови стандарди во банкарските и осигурителните услуги, секогаш ставајќи ги клиентите на прво место“, изјави проф. д-р Драгољуб Арсовски, претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје се издвојува како доверлив партнер на корисниците на кредитни производи коишто вклучуваат животно осигурување, а кои Банката ги нуди со атрактивни фиксни каматни стапки од 5,3% за целиот период на отплата од 10 години за СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит, како и 3,7% фиксна каматна стапка во првите 10 години за СУПЕР станбен кредит, односно 4,0% фиксна каматна стапка во првите 3 години за хипотекарен кредит.

Во изминатите години Триглав Осигурување Живот АД Скопје изгради успешна соработки со дури 5 банки во земјата кои имаат лиценца за застапување во осигурување издадена од Агенцијата за застапување во осигурување. Со ова, се издвои на пазарот како осигурителна компанија – лидер во банкоосигурувањето, односно како компанија со најголем број банки соработници и доминантно учество од 45% во вкупната бруто-полисирана премија за осигурување на живот преку банко канал за продажба.

ТТК Банка АД Скопје, со својата широка мрежа од 30 експозитури и над 80 банкомати ширум земјата, е препознатлива како доверлив партнер на граѓаните и деловните субјекти во обезбедување квалитетни финансиски услуги. Преку иновативни производи што ги исполнуваат потребите на клиентите, Банката ја зацврстува својата позиција во банкоосигурувањето, придонесувајќи за поголема достапност на осигурителните производи и на финансиската заштита. И во иднина, ТТК Банка АД Скопје ќе се фокусира на развојот на експертизата во креирање производи коишто директно соодветствуваат на потребите на клиентите и можните ризици, сè со цел да им помогне на клиентите да инвестираат во сопствената иднина.

Продолжи со читање

Компании

ЕОС Матрикс: Примената на ЕУ директивата за ненаплатени побарувањаќе поттикне поголемо искористување на секундарниот финансискипазар

Објавено

на

Раст на финансискиот пазар и диверзификација на понудата се клучните придобивки од зголеменото преземање на нефункционалните пласмани во земјава. Во развој на овој сегмент од финансискиот пазар клучна улога има усогласувањето на регулативата со новата директива на Европската унија за нефункционалните пласмани. Како резултат на солидната експертиза од повеќе европски пазари, ЕОС Матрикс во 2023 и во текот на 2024 година инвестираше 5 милиони евра и е лидер во овој сегмент на финансискиот пазар.

„Зајакнување на финансиската солвентност и подобрување на конкурентноста на реалниот сектор е клучен фактор за поттикнување на економскиот раст. Иако нашата земја сѐ уште не е членка на Европската унија, нашата компанија која е дел од Групацијата ЕОС веќе работи според директивата за нефункционални пласмани. Моменталните анализи покажуваат дека на ниво на индустрија најмногу треба да работиме на намалување на изложеноста на променливите каматни стапки, кои покажуваат ризик, намалување на стапката на нефункционални кредити и намалување на ризиците на изложеноста на комерцијалните недвижности. Покрај детектираните слабости, домашниот пазар има и голем потенцијал за раст, а унапредувањето на регулативата не само што ќе го овозможи овој раст, туку и ќе го забрза“, истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Матрикс во Македонија и Косово.

Според податоците на компанијата, износот на ненаплатени побарувања во последните 7 години изнесува околу 350 милиони евра. Оваа бројка јасно укажува на неискористениот финансиски потенцијал на секундарниот финансиски пазар во земјава.

Групацијата ЕОС во своето портфолио има инвестиции од околу 510 милиони евра во нефункционални кредити, а со своите активности групацијата е присутна на повеќе од 20 пазари. Големото искуство и експертиза што го поседува групацијата го применува и ЕОС Матрикс Македонија, а како резултат на тоа компанијата во континуитет инвестира во нефункционални пласмани на домашниот финансиски пазар.

Во насока на континуиран развој на нови финансиски инструменти и збогатување на понудата на продукти на пазарот, ЕОС Матрикс Македонија покрај тоа што работи согласно регулативите на ЕУ, инвестира и во развој на нови технологии кои нудат висока безбедност на податоците, како што е алатката “ogGPT” за генеративна вештачка интелигенција,. ЕОС Матрикс Македонија е единствена компанија во финансискиот сектор која го имплементираше меѓународниот стандард ISO 27701:2019 и работи согласно високите принципи на заштита што ги гарантира овој стандард, а кој исто така овозможува и проценка на ризиците и поголема контрола.

Продолжи со читање

Популарно