Connect with us
no baners

Банки

Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

Објавено

на

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“,  истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“.

Говорејќи за желбите на младите луѓе и фактичката состојба на пазарот на трудот, вицегувернерката Митреска истакна дека невработеноста кај младите во Европа е намалена во последната декада, од 20 % на 11 %, додека, пак, во македонската економија стапката исто така се намалува, но и натаму е значително повисока од таа во ЕУ и изнесува 25%. Таа истакна дека дури 45% од младите според анкетните истражувања на ЕК/ОЕЦД планираат да станат претприемачи по завршувањето на образованието, претпочитајќи да бидат самовработени. Сепак, само 5% од младите активно работат на развивањето бизниси во зародиш (стартап), а според официјалните статистички податоци само 6% од младите во ЕУ се самовработени. Притоа додаде: „Истражувањата укажуваат дека младите се соочуваат со посебни предизвици во пристапот до финансии бидејќи често се случува новите бизниси, вклучително и оние на младите луѓе, да останат надвор од периметарот на традиционалното банкарско финансирање поради недостаток на кредитна историја, недостаток на обезбедување, високи трансакциски трошоци и отсуство на соодветен финансиски инструмент“. Во обраќањето беше укажано дека е потребно вложување и во поддршката за развивање на бизнисот и зголемување на знаењата и вештините на младите лица, како и подобрување на пристапот до пазарите, структурите за институционална поддршка и правните аспекти коишто се исто така особено важни за деловната автономија на младите луѓе.

„Нашата улога како општество е да го премостиме јазот помеѓу желбите и можностите на младото претприемаштво. За таа цел, од посебен интерес за Народната банка е финансиската писменост, бидејќи пристапот до финансии за помладите бара повисоко ниво на финансиска писменост, како основа за посилна финансиска вклученост“, дополни Митреска, појаснувајќи дека со масовното навлегување на дигиталната технологија во светот на финансиите, веќе не е важна само конвенционалната финансиска писменост, туку и дигиталната.

Банки

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки. 

Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Продолжи со читање

Банки

ПроКредит Банка го отвори новиот Центар за работа со население во Кисела Вода

Објавено

на

ПроКредит Банка го отвори новиот и модерен Центар за работа со население во Кисела Вода во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон, кој на клиентите ќе им понуди ново клиентско искуство, сеопфатни банкарски услуги, 24/7 зона, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски совети, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.  

Отворањето на центарот во Кисела Вода е со стратешка цел да се биде поблиску до граѓаните обезбедувајќи имперсонализиран пристап и банка партнер која ќе им помогне во оставарувањето на нивните цели. Дополнително, центарот е опремен и со 24/7 Зона, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како уплата и исплата на денари и евраи внесување на дневен промет во “drop box” сеф. 

Сакаме да го скршиме стереотипот за тоа како се работи со банка, каде што обично се чека во ред на шалтер со цел да завршите некоја обврска или пак чекање со денови за да се добие одобрување за кредит. Ние сме банка која нуди персонализирана и модерна услуга. Кај нас може да потпишете кредит директно на таблет и истиот може да го добиете за еден час. Банките треба да одат напред со нови,модерни филијали и 24/7 зони и навистина сме горди што ние сме пример и првата банка која што го спроведува тоа.”– истакна Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.

ПроКредит Банка покрај модерната услуга, нуди ипромотивна понуда за сите нови клиенти на Центарот за население во Кисела Вода. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 25.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци. 

Центарот за работа со население на ПроКредит Банка се наоѓа на ул. Борис Трајковски бр. 1 во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон и е со работно време од 08:30 до 16:30 часот.

Продолжи со читање

Банки

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Објавено

на

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.

На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.

Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.

Продолжи со читање

Популарно

no baners