Останато
Инфраструктура на националната Пошта ќе стане „Една точка за услуги“ на 333 локации во државата
Инфраструктурата на националната Пошта ќе се користи за да се обезбедат услуги од администрацијата за граѓаните на 333 локации во државата. Сегашната „Една точка за услуги“ што функционира само на пет локации (Скопје, Куманово, Битола, Охрид и Тетово) ќе се прошири низ целата држава, со користење на просторните и кадровските капацитети на Поштата. За шест месеци се планира во подружниците на Пошта веќе да има налепница со информација за граѓаните дека им се на располагање услуги од администрацијата.
“„Една точка за услуги“ реално опслужуваат многу малку процеси. Направивме анализа. Заедно со АД Пошта на 333 места на ниво на државава ќе ги отвориме овие точки во кои нема да креираме нова инфраструктура, туку инфраструктурата на Пошта, и човечка и физичка. Таму ќе бидат опслужени сите граѓани на ниво на земјава со услугите што им се нудат”, изјави министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.
Сега, појасни министерот, се трошат многу ресурси за постојните пет точки, плаќање за кирија, струја, вработени. Тие ќе се затворат и сите такви места ќе функционираат во рамки на Пошта.
„Решението е да се отворат 333 точки без да инвестира многу. Направивме работна група со АД Пошта на РСМ за брзо да се воспостават тие точки. Веќе работиме на тоа. Пошта има канцеларии во секој дел на државата, имаат вработени и добра интернет конекција, но немаат добро обучен кадар за да ги нудат сите услуги „Една точка за услуги“ и шалтер на кој ќе пишува ЕТУ. Со мала инвестиција со еден чекор ќе се доближиме до секој граѓанин за да може да има пристап до сите услуги”, дополни Алиу.
Во тек се анализи за потребните промени на законските решенија, бидејќи сегашниот закон пропишува пристап до „Една точка за услуги“ (ЕТУ) да имаат само вработените во МИОА. Во законот ќе се дополни дека таков пристап ќе имаат и вработени во АД Пошта на РСМ.
Овој проект, според министерот, ќе помогне финансиски на АД Пошта на РСМ, која кубури со финансии. – Имаме вин-вин ситуација, доближување до сите сервиси за граѓаните со многу малку пари за обука на вработените и налепници со информација дека се нуди таква услуга. Ќе ги обучиме вработените во АД Пошта, посочува Алиу.
На првиот брифинг со медиумите од назначувањето на функцијата, Алиу најави дека приоритет во работата ќе му биде дигитализацијата на услугите која, како што оцени, е на ниско ниво.
„Се работи интензивно за да може секој ден да ставиме по една нова дигитална услуга. Моментално работиме на 150 такви и се надевам дека набрзо ќе почнеме да ги промовираме”, рече Алиу, потенцирајќи дека една од причините зошто тие услуги не се искористени е неинформираноста на граѓаните.
Сегашните 96 дигитални услуги се користат многу малку, а според Алиу, администрацијата не е обучена доволно за дигитализацијата.
„Со дигитализацијата ќе ги подобриме услугите кон граѓаните и ќе ја намалиме ниската корупција со којашто денес граѓаните или треба да имаат некој познат или да се снајдат на друг начин во којшто ќе стигнат брзо и ефикасно до документот што им треба”, изјави Алиу.
Приоритет му е и интероперабилноста, со која сега се опфатени само 22 од вкупно 1135 институции на ниво на државава.
„Ако влезат уште 10 тоа ќе биде плус, дигитализацијата на процесите ниту почнала ниту ќе заврши со мене, односно ќе биде процес во којшто ќе треба да се вложи многу”, посочува Алиу.
Коментирајќи ги проблемите со кои се соочуваат граѓаните за користење и на сегашните дигитални можности, како што се честите падови на системите, Алиу потсети дека со програмата што ја најави неодамна МИОА „Дигитална ера“ ќе се формира агенција за дигитализација којашто ќе ги решава проблеми, со посебен фокус на кибер безбедноста со што ќе биде чадор за заштита на сите институции. За да може да ги примени политиките за дигитализацијата со неа нема да раководи МИОА, туку Кабинетот на премиерот за да се исклучи ризикот од одбивање на политиките што ќе се бара да се применат.
Бизнис
„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки
Граѓаните веќе неколку дена се соочуваат со потешкотии при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, поради што дел од корисниците не можат да се најават и да скенираат фискални сметки.
Според бројни пријави, при внесување на ПИН-кодот се појавува пораката „Нема конекција од УЈП“, што го оневозможува пристапот до системот. Корисниците посочуваат дека проблемот трае повеќе од 72 часа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните кои редовно ја користат апликацијата за остварување поврат на ДДВ.
Од Управата за јавни приходи информираа дека апликацијата моментално работи со повремени забавувања и дека стручните тимови активно работат на утврдување на причините и отстранување на техничките проблеми, со цел услугата што поскоро да биде целосно функционална.
Засега, од УЈП не е соопштен конкретен рок кога апликацијата „Мој ДДВ“ повторно ќе функционира без прекини и ограничувања.
Останато
Лидерите на Г-7 се собираат во Франција: Украина, Иран и вештачката интелигенција во центарот на разговорите
Во францускиот град Евијан-ле-Бен денеска започнува тридневниот Самит на Групата седум најразвиени економии (Г-7), на кој светските лидери ќе разговараат за низа безбедносни, економски и технолошки предизвици.
На состанокот учествуваат претставниците на САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а меѓу главните теми се војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, глобалните економски текови и развојот на вештачката интелигенција.
Една од клучните цели на европските сојузници е да се одржи заедничкиот пристап кон поддршката за Украина. Се очекува лидерите да разменат ставови за понатамошната воена и финансиска помош за Киев, како и за можните дипломатски иницијативи поврзани со конфликтот со Русија.
На самитот е најавено учество и на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе има средби со дел од лидерите на земјите членки.
Во фокусот ќе биде и неодамнешниот договор меѓу САД и Иран, кој според најавите треба да придонесе за намалување на тензиите во регионот. Лидерите ќе разговараат за неговите потенцијални последици врз безбедноста и енергетските пазари, како и за значењето на повторното отворање на Ормускиот Теснец за глобалната трговија.
Покрај политичките и безбедносните прашања, учесниците ќе дебатираат и за економските нерамнотежи во светот и за потребата од поголема координација во регулирањето и развојот на технологиите базирани на вештачка интелигенција.
На разговорите ќе се приклучат и претставници на Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати, со цел да придонесат кон дискусиите за стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток.
Бизнис
Финансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
Министерството за финансии подготвува измени на Законот за финансиските друштва со кои се предвидува заострување на контролите и воведување нови правила за работа на овие компании.
Според најавите, една од клучните промени е укинувањето на можноста кредитните средства да се исплаќаат во готовина. Во иднина, исплатата на кредити ќе се врши исклучиво преку банкарска сметка, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и следливост на финансиските трансакции.
Предложените измени предвидуваат и формирање задолжителни внатрешни тела во финансиските друштва, меѓу кои одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик и надзорен одбор. Дополнително, отворањето нови деловни простории ќе биде условено со претходна согласност од Министерството за финансии и исполнување на пропишани критериуми.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за Телма изјави дека потребата од законските измени произлегла од спроведените контроли, при кои биле утврдени слабости и недоречености во постојната регулатива.
Таа посочи дека дел од контролите откриле неправилности во работењето на одредени финансиски друштва, а во поединечни случаи биле преземени и санкции, вклучително и одземање лиценци. Како што нагласи, значаен придонес во откривањето на неправилностите имале и пријавите од граѓаните.
Со новите законски решенија, Министерството за финансии очекува да се зајакне надзорот врз секторот и да се воспостават повисоки стандарди за работење на финансиските друштва.
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
-
Советипред 1 месец
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата


