Connect with us

Банки

Силк Роуд Банка вработува Full Stack Developer за работа на банкарски системи

Објавено

на

Силк Роуд Банка објави оглас за вработување на Full Stack Developer со искуство во банкарски или финансиски системи, кој ќе работи на развој и унапредување на апликативни решенија и интеграции со core banking системи.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати кои сакаат да работат на реални продукциски системи, вклучувајќи интеграции, автоматизации, backend логика, API комуникации и оптимизација на бази на податоци.

Работната позиција опфаќа развој и одржување на веб и backend апликации, развој на интеграции со интерни и надворешни системи, како и оптимизација на SQL перформанси. Во описот на работните задачи се вклучени и анализа и решавање на продукциски инциденти.

Во текот на работата, избраниот кандидат ќе користи повеќе технологии, меѓу кои PHP за backend развој, SQL за комплексни барања и оптимизација, REST и SOAP веб-сервиси, како и HTML, CSS и JavaScript. Работата ќе вклучува и API интеграции и развој на апликации базирани на бази на податоци.

Повеќе информации за огласот и условите за аплицирање се достапни на веб-страницата на банката: https://www.srb.mk/Vrabotuvanje?id=43.

Банки

Со Smart Cash на Халкбанк може да се подигне готовина од банкомат и без картичка

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја промовира услугата Smart Cash, која им овозможува на корисниците да подигнат готовина од банкомат и кога ја немаат платежната картичка при рака.

Со оваа услуга, корисникот може да подигне пари од банкомат без употреба на физичка картичка, но и да испрати код за подигнување готовина на друго лице.

Од Халкбанк посочуваат дека Smart Cash е наменета да овозможи побрз, поедноставен и попрактичен пристап до готовина преку банкоматите на банката.

Повеќе информации за услугата и начинот на нејзино користење се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ најверојатно ќе ги задржи каматите, но може да најави ново зголемување во септември

Објавено

на

Европската централна банка се очекува денеска да ги задржи каматните стапки непроменети, но да остави отворена можност за ново зголемување во септември, поради повторниот раст на цените на енергенсите и ризикот од дополнителен инфлациски притисок, објави Ројтерс.

ЕЦБ ги зголеми каматите во јуни и најави дека може да следуваат нови чекори. Сепак, поволните податоци за цените, платите, економската активност и инфлациските очекувања ја намалија потребата од брзо ново затегнување на монетарната политика.

Дополнителен притисок создава растот на цената на нафтата над 95 долари за барел, во услови на продолжување на конфликтот на Блискиот Исток. Тоа би можело да ја натера централната банка на еврозоната повторно да интервенира до есен, со цел енергетскиот шок да не предизвика поширок раст на цените.

Финансиските пазари во моментов очекуваат речиси три дополнителни зголемувања на каматите, при што првиот чекор целосно се очекува најдоцна до октомври, а вториот до февруари следната година. Сепак, повеќето економисти анкетирани од Ројтерс сметаат дека на еврозоната ќе ѝ биде потребно помало затегнување.

Инфлацијата во 21-члената еврозона во наредните месеци би можела да се движи околу три отсто, што е над целта на ЕЦБ од два отсто.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, се очекува да порача дека ризиците за ценовната стабилност и натаму се присутни, но истовремено да избегне дополнително зајакнување на пазарните очекувања за серија нови зголемувања.

Причината поради која ЕЦБ може да почека е тоа што засега не се појавиле очекуваните секундарни ефекти од растот на цените на енергијата. Растот на платите продолжува да забавува, пазарот на труд е релативно слаб, особено во Германија, а компаниите очекуваат дополнително намалување на притисоците за зголемување на платите.

Сепак, креаторите на монетарната политика предупредуваат дека овие ефекти може да се појават со задоцнување. Ризик претставуваат и високите температури во Европа, кои може да предизвикаат штети врз земјоделските култури и повторно зголемување на цените на храната.

Одлуката на ЕЦБ треба да биде објавена во 14:15 часот по средноевропско време, додека прес-конференцијата на Лагард е закажана половина час подоцна.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ обезбеди поддршка за преземање на 28,9 отсто од акциите на „Адико банка“

Објавено

на

Словенечката Нова Љубљанска банка, НЛБ, соопшти дека до 21 јули обезбедила обврзувачки прифаќања за најмалку 28,9 отсто од акционерскиот капитал на „Адико банка“ во рамки на својата понуда за преземање.

НЛБ се обидува да ја преземе контролата врз банката, која е насочена кон пазарите во Југоисточна Европа, во услови на конкурентска трка со „Рајфајзен банк интернешнл“.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange