Connect with us
no baners

Бизнис

Во Владата денеска ќе се одржи панел дискусија посветена на економскиот раст и економската сигурност на граѓаните

Објавено

на

На панелот ќе учествуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Дискусијата ќе ја модерира портпаролката на Владата, Марија Митева.

Настанот ќе се одржи во Медија центарот на Владата и ќе може да се следи во живо преку официјалниот Јутјуб канал на Владата.

По завршувањето на панел дискусијата е предвидена и сесија за прашања од новинарите.

Бизнис

Горивата поевтинуваат од полноќ

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од ноќеска на полноќ ќе се намалат цените на нафтените деривати во земјава. Во просек, малопродажните цени се намалуваат за 2,13 проценти во однос на претходната одлука од 14 април.

Според пресметките, цените на бензините и дизелот ќе се намалат за 1,5 денари по литар, додека кај дел од останатите деривати има различни корекции.

Од 21 април 2026 година од 00:01 часот, новите максимални цени ќе бидат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 80,50 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 82,50 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 94,00 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 97,00 денари за литар
  • Мазут М-1 НС: 46,288 денари за килограм

Покрај намалувањето кај горивата, цената на екстра лесното масло за домаќинство бележи благо зголемување од 0,5 денари по литар, додека мазутот поевтинува за 2,939 денари по килограм.

Во новата одлука се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10 проценти (со исклучок на мазутот и дизелските фракции), како и намалените акцизи – 4 денари за дизел и 2 денари за бензин.

Падот на цените следува по намалувањето на референтните вредности на светските пазари, особено кај дизелот, како и поради движењата на курсот на денарот во однос на доларот.

Продолжи со читање

Бизнис

ЕУ размислува за делење авионско гориво меѓу членките поради криза во снабдувањето

Објавено

на

Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток.

Еврокомесарот за енергетика, Дан Јоргенсен, изјави дека Брисел ќе продолжи да ја следи состојбата со залихите на гориво и рафинериските капацитети, ќе ја координира испораката и, доколку е потребно, ќе изврши прераспределба на горивото меѓу земјите членки – слично на механизмите користени за време на пандемијата при распределбата на вакцини.

„Се движиме од криза на високи цени кон криза на снабдување. Тоа најпрво ќе се почувствува кај авионското гориво и се приближуваме до тоа многу брзо“, изјави Јоргенсен за Financial Times.

Според него, мерките може да вклучат поделба, односно прераспределба на авионското гориво меѓу членките на ЕУ.

Првиот човек на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, минатата недела изјави дека ЕУ располага со резерви на авионско гориво за околу шест недели. Причината е што значителен дел од керозинот се набавува токму од Блискиот Исток.

Авиокомпаниите Луфтханза и КЛМ веќе најавија намалување на бројот на летови како одговор на кризата во снабдувањето.

„Мора да бидеме искрени – ситуацијата може да стане сериозна. Доколку конфликтот продолжи, постои реална опасност од поскапи авиобилети и откажани летови во текот на летото“, оцени Јоргенсен.

Планот за прераспределба на горивото може да биде политички чувствителен и да потсети на предизвиците од периодот на пандемијата, но Јоргенсен изрази уверување дека земјите членки ќе покажат солидарност.

„Станува збор за криза што мора да ја решаваме заеднички. Целта е ниту една земја, регион или аеродром да не биде непропорционално погоден“, нагласи тој.

Во рамки на мерките, Брисел планира да воспостави и систем за следење на снабдувањето со гориво, со цел подобар увид во производството и трговските текови, како и да ги процени постојните рафинериски капацитети за нивно поефикасно искористување.

Дополнително, се разгледува и можноста за ослободување на стратешките резерви, како и воведување обврска за чување на авионско гориво како дел од тие резерви.

Продолжи со читање

Бизнис

Во Скопје се одржува македонско-казахстански бизнис форум за јакнење на економската соработка

Објавено

на

Во Скопје денеска се одржува македонско-казахстански бизнис форум, насочен кон унапредување на економската соработка меѓу двете држави, соопшти Стопанската комора на Северна Македонија.

Настанот се одржува во просториите на Комората со почеток во 11:30 часот.

Во рамки на форумот се предвидува потпишување на Договор за основање Бизнис совет меѓу Комората за меѓународна трговија на Казахстан и Стопанската комора на Северна Македонија, како и Меморандум за соработка меѓу Центарот за развој на трговска политика QazTrade и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Казахстанската бизнис делегација ја предводи министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој е во работна посета на земјава.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange