Бизнис
Авиокомпаниите предупредуваат на раст на цените на билетите поради поскапувањето на горивото
Авиокомпаниите ширум светот предупредуваат дека цените на авионските билети ќе се зголемат поради наглиот раст на цените на горивото, предизвикан од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Австралиската авиокомпанија „Qantas Airways“ и „Air New Zealand“ во вторникот соопштија дека ги зголемуваат цените на билетите, нагласувајќи дека глобалната авиоиндустрија се соочува со сериозен и ненадеен пораст на трошоците за гориво.
Цената на авионското гориво, која пред почетокот на конфликтот изнесувала околу 85 до 90 долари по барел, во последните денови нагло пораснала и достигнала меѓу 150 и 200 долари по барел, соопшти националниот авиопревозник на Нов Зеланд. Поради неизвесноста околу развојот на конфликтот, компанијата ја суспендирала и својата финансиска прогноза за 2026 година, пренесува „Reuters“.
Американско-израелската војна против Иран предизвика силен раст на цените на нафтата, нарушување на глобалниот воздушен сообраќај и рекордно зголемување на цените на авионските билети на одредени линии. Ова, според извештаите, предизвикува страв од значително намалување на побарувачката за патувања и можност за масовно приземјување на авиони, јавува „Фена“.
Дополнително, хаосот во воздушниот простор на Блискиот Исток создава нови проблеми за авиокомпаниите. Според службата за следење летови „Flightradar24“, авиони што во вторникот наутро пристигнувале во Дубаи накратко кружеле во воздух поради можен ракетен напад, објавено е на мрежата „X“. Летовите подоцна сепак успешно слетале.
Од „Qantas“ соопштија дека, покрај зголемувањето на цените на меѓународните летови, разгледуваат и можност за пренасочување на дел од капацитетите кон Европа, додека авиокомпаниите и патниците се обидуваат да ги избегнат нарушувањата на Блискиот Исток, каде нападите со дронови и ракети значително го ограничуваат воздушниот сообраќај.
Бизнис
Велика Британија ги продолжи олеснувањата од санкциите за „Лукоил“ и неговите компании во Бугарија
Велика Британија ги продолжи лиценците што овозможуваат продолжување на деловните операции со „Лукоил Интернешнл“, австриската холдинг-компанија преку која рускиот нафтен гигант управува со своите средства во странство, како и со подружниците на „Лукоил“ во Бугарија.
Британската Канцеларија за спроведување финансиски санкции (OFSI) соопшти дека лиценцата за „Лукоил Интернешнл“, која требаше да истече на 25 август, е продолжена до 26 февруари 2027 година.
Истовремено, олеснувањето што се однесува на бугарските компании на „Лукоил“ е продолжено до 29 октомври 2026 година.
Лиценците дозволуваат плаќања и други трансакции со „Лукоил Интернешнл“ и неговите подружници, како и со бугарските компании на групацијата, под определени услови. Меѓу нив се единствената бугарска рафинерија „Лукоил Нефтохим Бургас“, малопродажната мрежа „Лукоил Бугарија“, „Лукоил Авијација Бугарија“ и компанијата за снабдување со бункерско гориво „Лукоил Бугарија Бункер“.
Велика Британија воведе санкции против „Лукоил“ во октомври поради руската војна во Украина.
Во Југоисточна Европа, „Лукоил“ ја поседува и рафинеријата „Петротел“ во Романија, како и мрежи на бензински пумпи во Романија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Молдавија и Северна Македонија, заедно со повеќе складишта за нафтени деривати во регионот.
Санкции против компанијата воведоа и Соединетите Американски Држави, но Вашингтон во меѓувреме ја одложи примената на дел од мерките. Во јули, американската Канцеларија за контрола на странски средства ја продолжи до 22 август лиценцата што им овозможува на потенцијалните купувачи да преговараат за преземање на странските средства на „Лукоил“.
Во јануари, „Лукоил“ соопшти дека се договорил најголем дел од своите средства во странство, чија вредност се проценува на околу 22 милијарди долари, да ги продаде на американската инвестициска компанија „Карлајл“. Оттогаш компанијата нема објавено нови информации за процесот.
Бизнис
Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
Како дел од платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit континуирано ја покажува посветеноста кон општеството надвор од своето основно работење, финансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар. Оваа иницијатива е уште еден чекор во потврдувањето на принципот дека бизнис успехот има смисла само кога му служи на општеството. Преку оваа иницијатива беа обезбедени и испорачани вкупно 1.110 пакети вода, односно 10 тони питка вода.
Донацијата беше спроведена во две клучни фази, со цел да се опфатат сите категории на граѓани на кои оваа поддршка им беше неопходна:
- 5 тони вода беа распределени директно во филијалите на Flex Credit во Гостивар, наменети за секојдневните потреби на вработените, нивните семејства, клиентите како и сите минувачи на кои им беше потребно освежување во текот на денот.
- Останатите 5 тони вода беа насочени директно кон жителите на Гостивар и беа распределени преку посебно поставени пунктови на неколку фреквентни локации низ градот, овозможувајќи брза и брзо достапна поддршка за сите граѓани.
Оваа активност е дел континуираното вложување на Flex Credit во заедницата и безрезервна поддршка онаму каде што е најпотребно.
„Грижата за заедницата не е кампања, туку наша секојдневна обврска. Кога постои потреба од конкретна поддршка на терен, наша должност како општествено одговорна компанија е да бидеме присутни и да помогнеме. Се надеваме дека со овие 10 тони вода успеавме барем за момент да им го олесниме секојдневието на нашите сограѓани во Гостивар,“ изјавија од раководството на Flex Credit.
ПР објава
Бизнис
Иуте Македонија за само четири дена запиша 3 милиони евра преку првата корпоративна обврзница
Иуте Македонија успешно ја реализираше својата прва корпоративна обврзница на домашниот пазар на капитал, при што за само четири дена биле запишани три милиони евра, соопшти компанијата.
Од Иуте Македонија оценуваат дека интересот од инвеститорите претставува потврда за довербата во бизнис-моделот на компанијата, нејзините финансиски резултати, иновативноста и технолошката основа.
Емисијата на корпоративната обврзница, според компанијата, претставува значаен чекор кон диверзификација на изворите на финансирање и поставување нов репер за корпоративното финансирање на домашниот пазар.
Од Иуте посочуваат дека успешната реализација на емисијата истовремено претставува и позитивен сигнал за развојот на македонскиот пазар на капитал и за можностите домашните компании да обезбедуваат средства преку алтернативни извори на финансирање.

Станува збор за прва корпоративна обврзница на Иуте Македонија на домашниот пазар, а компанијата го истакнува брзиот интерес на инвеститорите како еден од клучните показатели за успешноста на емисијата.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 1 месецИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули





