Connect with us

Компании

ИутеКредит Македонија воведе електронска идентификација за своите онлајн производи и услуги

Објавено

на

Започнувајќи од 17 февруари, Иуте Кредит Македонија воведе електронска идентификација за своите клиенти, со што уште еднаш покажа дека е лидер во имплементирање на напредни дигитални решенија во светот на финансиските услуги.

Водејќи се од визијата за обезбедување на најдобро корисничко искуство за своите клиенти и за приближување на најсовремените дигитални алатки, од сега клиентите можат ефикасно и безбедно онлајн да ги користат производите и услугите на Иуте Кредит Македонија. Воведената електронска идентификација е во соработка со компанијата GetID од Естонија, која е докажан партнер на бројни институции во процесот на електронската идентификација.

За да можат клиентите да ги уживаат придобивките од овој начин на идентификација мора да имаат: телефон, односно мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација, телефонски број, издаден од оператор со дозвола за работа исклучиво во Македонија, валиден документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош и сопствена емаил адреса.

За нас во Иуте Кредит Македонија предизвик е секој новитет што го воведуваме, а секој новитет внимателно се дизајнира, земајќи ги предвид сите аспекти, и бизнис и регулаторни и технолошки и финансиски. Сметаме дека тоа е единствениот начин за воведување на нов производ или услуга кој може да овозможи успешна имплементација и функционирање. А на овој начин функционираме заради воспоставената организациска структура, која во ништо не се разликува од онаа на големите финансиски институции.

Електронската идентификација со сигурност ја зголемува безбедноста за клиентите, но сакам да укажам дека заштитата на личните податоци е круг во кој сме вклучени сите. Ние секогаш ги едуцираме нашите клиенти за мерки кои лично треба да ги преземаат за заштита на нивните податоци, како на пример, да не споделуваат лични податоци на социјални мрежи, посебно не на лица кои воопшто не ги познаваат или на компании за кои не знаат дали физички постојат. Електронската идентификација која ја воведуваме е дел од кругот во кој заштитата на лични податоци е обврска на секој од нас поединечно и императив за сите нас заедно.

Бизнис

Mint Bonus прославува една година успех на програмата за лојалност на клиенти

Објавено

на

Во свет каде што секој ден броиме како да заштедиме и како подобро да ги користиме нашите финансии, програмите за лојалност стануваат сè поважни кога носиме одлуки во чии услуги да инвестираме. 

Токму затоа е креирана Mint Bonus, програма за лојалност која што ја наградува Вашата доверба и лојалност кон финансиските услуги од Mint Fintech и нашите партнери. Со Mint Bonus се стремиме да Ви покажеме колку ја вреднуваме Вашата доверба во нашите услуги.

Програма за лојалност – Што е Mint Bonus?

„Лојалноста не се заслужува за еден ден. Таа се заслужува ден по ден.“

Оваа мисла од Џефри Гитомер (автор на “The Little Red Book of Selling”) совршено го отсликува духот на Mint Bonusпрограма за лојалност што го вреднува секој Ваш чекор и секој израз на доверба континуирано.

Mint Bonus програмата е дизајнирана да Ви овозможи да заработувате поени “Mint Coins” секогаш кога сте активни на платформата или ги користите финтек услугите на Mint Fintech групацијата и нашите партнери.

Без разлика дали се работи за користење на SN Visa картичка, аплицирање за кредит или редовна уплата, секој чекор ви носи поени.

Овие поени потоа можете да ги искористите за купување производи, ваучери или други награди преку Mint Store. Но, пред да почнете да собирате и трошите поени, потребно е само едно – да се регистрирате.

Зошто да се регистрате на Mint Bonus?

Програмата е бесплатна и е достапна преку веб-страницата mintbonus.mk или преку преземање на мобилната апликација Mint App. Со регистрација на Mint Bonus, Вие добивате:

  • 50 Mint Coins на подарок веднаш по креирањето на Вашиот профил.
  • Доколку веќе имате креирарно профил на веб сајтот и ја превземете MintApp апликацијата добивате дополнителни 50 поени, што значи дека вашите вкупни Mint Coins ќе бидат 100.
  • Брз и лесен пристап до информации за сите Ваши активности.
  • Пристап до ексклузивни наградни, понуди и промоции (Mint Store).

Како да се регистрате за Mint Bonus?

Регистрацијата во нашата Mint Bonus програма за лојалност на клиентите е едноставна и брза:

  1. Превземете ја Mint App или посете ја веб страницата mintbonus.mk.
  2. Пополнете ги Вашите информации.
  3. Кликнете на копчето „Регистрирај се“
  4. Веднаш добивате 50 Mint Coins како бонус, или 100 доколку веќе имате
    креирано профил на веб сајтот и сега ја превземате апликацијата.
  5. За секоја активност добивате дополнителни поени.
  6. Поените можете да ги користите за попусти или подароци.

Колку вредат Вашите активности како дел од нашата програма за лојалност?

Mint Bonus како програма за лојалност им нуди на своите клиенти вистинска вредност за нивните активности. Ова значи дека како корисник регистриран на Mint Bonus Вие можете да бидете наградени за секоја Ваш активност во рамките на Mint и нашите партнери.

Еве само неколку примери:

  • Нов кредит – 100 MintCoins
  • Нов кредит преку SN Visa – 200 MintCoins
  • Навремена уплата на рата – 20 MintCoins
  • Секоја трансакција со SN Visa – 10 MintCoins
  • Уплата на заостаната рата – 10 MintCoins

Со други зборови, Вашите секојдневни активности на Mint платформата или со нашите партнери добиваат вредност.

Регистрирајте се и добијте поени веднаш!

Во свет каде што секој клик може да Ви донесе вредност, Mint Bonus Ви нуди шанса да добивате вредност за Вашето внимание и учество. Mint Bonus е програма за лојалност што Ве наградува за тоа што веќе го правите.

Колку повеќе ја користите, толку повеќе добивате. Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од најиновативната програма за лојалност на клиентите на македонскиот финтек пазар.

За повеќе информации контактирајте не на е-маил: [email protected], или на
телефон: 15 107
, нашиот тим е секогаш тука за вас.

ПР објава

Продолжи со читање

Бизнис

Климе Попоски поднесе оставка од Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – ВИГ

Објавено

на

Експертот за управување со ризик и осигурување, проф. д-р Климе Попоски, поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп.

Оставката е доставена на 24 април 2025 година, а е констатирана истиот ден на седница на Надзорниот одбор на компанијата. Според официјалното соопштение објавено преку Македонска берза, Попоски ќе остане активен во своите извршни обврски сè до 31 мај 2025, додека оставката ќе стапи на сила од 1 јуни 2025 година.

„Ве известуваме дека на 24.04.2025 година г-дин Климе Попоски поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Оставката на г-дин Климе Попоски е констатирана на седницата на Надзорниот одбор одржана на 24.04.2025 година. Оставката на г-дин  Климе Попоски е со важност од 01.06.2025 година. Г-дин Климе Попоски ќе ги извршува своите обврски како член и потпретседател на Управниот одбор заклучно со 31.05.2025 година“, соопштија од компанијата преку Македонска берза.

Професорот Попоски беше именуван во Управниот одбор во ноември 2024 година. И покрај краткиот мандат, неговото присуство внесе значајна експертиза во областа на осигурителната регулатива, управување со ризик и супервизија.

Кој е Климе Попоски?

Климе Попоски е долгогодишен универзитетски професор на Катедрата за осигурување при Факултетот за економија – Прилеп, дел од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Тој е еден од водечките експерти за осигурување во земјата, со богато искуство во јавниот и академскиот сектор.

Попоски е и основач и прв претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), институција која ја водеше цели 10 години, поставувајќи темели на современа регулатива и надзор во осигурителниот сектор во Северна Македонија.

Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп

Како дел од Vienna Insurance Group (VIG), Македонија Осигурување АД Скопје е една од водечките осигурителни компании на македонскиот пазар, со силна позиција во сегментот на неживотно осигурување. Промената во Управниот одбор доаѓа во време кога индустријата се соочува со нови регулативни предизвици и сè поголема потреба од дигитализација и прилагодување на европските стандарди.

Продолжи со читање

Бизнис

Засадуваме вредности. Градиме иднина – MINT Финтек Груп

Објавено

на

На Денот на планетата Земја, децата на вработените во MINT Fintech Group засадија 9 нови магнолии во парк-просторот кај Офицерски дом, во соработка со надлежното општинско претпријатие во Општина Битола.

Ова е третата година по ред како финтек компанијата со седиште во Битола ја реализира оваа еколошка и симболична акција, каде бројот на садници расте заедно со годините на компанијата.

Првите магнолии беа засадени во срцето на градот – кај Градскиот часовник, каде годинава пролетта ги пречека во полн цвет. Минатата година – во новиот парк кај Довлеџик. Оваа година – позади Офицерски.

Секоја магнолија е порака. Порака дека технологијата и природата не се спротивности – туку партнери. Порака дека иновативноста е најсилна кога расте со почит кон корените.

Магнолијата како симбол отсекогаш била присутна во Битола – најпознат пример е
онаа во дворот на историската куќа на семејството Иконому на плоштадот Магнолија. Според народните верувања, магнолијата засадена пред куќа носи мир и задоволство, а позади куќа – финансиски просперитет. Совршена метафора за MINT.

„Нашата цел е оваа мала традиција да прерасне во голема магнолиска приказна за градот – каде секое дрво е жив симбол на одржливост, љубов и технолошка визија со локален пулс“, велат од MINT Fintech Group.

9 магнолии. 9 години. 1 град што расте.

Продолжи со читање

Популарно