Продукти
НЛБ Кредити за физички лица со посебни поволности во месец февруари
Во текот на месец февруари, НЛБ Банка за сите оние кои размислуваат за нови можности и сакаат да ги остварат плановите за кои долго мечтаеле, нуди посебни промотивни поволности за кредитите за физички лица.
Имено, клиентите кои до 28 февруари ќе ја изберат НЛБ Банка за свој кредитен партнер и ќе аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит имаат можност бараниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот за кредитите со обезбедување на недвижен имот.
Дополнителна придобивка за клиентите е брзата и едноставна постапка за одобрување на НЛБ кредитите. Потрошувачките кредити се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а кредитот е достапен со само една посета на експозитура или пак со само неколку клика на апликацијата за мобилно банкарство, доколку клиентите го изберат целосно автоматизираниот мобилен кредит кој е во износ до 10.000 евра.
За корисниците на станбен кредит, НЛБ Банка, освен флексибилниот пристап, има и широка понуда на повеќе градежни компании за кои се овозможени поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.
Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.
Продукти
ПроКредит Банка лансира нова мобилна апликација: Поблиску до клиентите, побрзо од кога било
Со новата мобилна апликација, ПроКредит Банка воведува едно од најнапредните дигитални банкарски решенија на македонскиот пазар, поставувајќи нов стандард за брзина, функционалност и целосна контрола на своите финансии.
Брзо и лесно управување со сите сметки
Користењето на сметките во банка сега е полесно од кога било. Нема потреба од посета на филијала или чекање на шалтер.
Новата апликација овозможува единствена можност за управување преку еден профил, нудејќи целосен увид во сите сметки – лични, деловни и сметки на кои се овластени (партнери, деца, родители).
За сопствениците на компании, тоа значи преглед и управување со приватните и бизнис-сметките со само една најава, без префрлање помеѓу различни профили.
Преку новата апликација, плаќањата на сметки и префрлувањата на пари се извршуваат во неколку секунди, а целата историја на трансакции е достапна и лесна за пребарување.
Исто така, можете да отворите орочени и штедни сметки во денари и евра и целосно да управувате со нив од вашиот мобилен телефон.
Безбедност на највисоко ниво
Апликацијата поддржува најава преку ПИН, отпечаток од прст и Face ID, како и дополнителни безбедносни механизми, вклучително сокривање на салдото и заштита од правење пресликувања на екранот (screenshots), со што се обезбедува максимална заштита на личните податоци.
Без филијала – банкарство без редици и компромиси
Отворањето на сметка може да се направи целосно онлајн, без посета на филијала, без документација на шалтер и без чекање. Истото е овозможено преку интеграција на веб-решението попознато како OneID.
По успешната регистрација, корисникот веднаш може да добие дигитална дебитна картичка во рамки на мобилната апликација, која може веднаш да се користи за онлајн и мобилни плаќања. Нема повеќе потреба од чекање на пластична картичка за користење на банкарските услуги.
Дополнително, корисникот може самостојно да управува со картичките, да ги блокира, деблокира и да управува со лимитите директно од апликацијата, во реално време.
Стратегија што води подалеку од апликацијата
„Со лансирањето на новата мобилна апликација не воведуваме само нова технологија, туку нов начин на интеракција со банката. Нашата цел е да изградиме дигитален екосистем што им дава на клиентите автономија, брзина и сигурност – без да ја изгубиме човечката поддршка кога е потребна,“ изјави Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор.
Новата мобилна апликација е достапна за преземање веднаш преку App Store и Google Play.
Со овој чекор, ПроКредит Банка јасно сигнализира дека иднината на банкарството во Македонија е дигитална, веднаш достапна и целосно ориентирана кон клиентот.
Бизнис
Една од најкористените апликации заминува во историја!?
„Meta“ објави дека во април 2026 година ќе го затвори самостојниот веб-сајт messenger.com, со што корисниците повеќе нема да можат да испраќаат и примаат пораки преку десктоп верзијата. Оваа одлука следи по укинувањето на посебните Messenger апликации за Windows и Mac минатата година.
По исклучувањето, сите обиди за пристап до messenger.com автоматски ќе бидат пренасочени кон facebook.com/messages, додека корисниците без Facebook профил ќе можат да ја користат услугата исклучиво преку мобилната апликација. Со ова, „Meta“ дополнително ја централизира комуникацијата во рамките на својот екосистем.
Компанијата соопшти дека разговорите ќе останат зачувани и ќе можат да се вратат преку PIN-код. Доколку корисникот го има заборавено PIN кодот, ресетирањето е возможно преку поставките за приватност и безбедност, во делот за енд-до-енд енкриптирани разговори и безбедно складирање.
„Messenger“ беше лансиран во 2008 година како „Facebook Chat“, а од 2011 година функционира под сегашното име. Самостојната десктоп верзија беше воведена во 2020 година, но беше повлечена во декември 2025 година, а сега и веб-верзијата заминува во историјата.
Иако причините за ваквата одлука не се официјално соопштени, дел од корисниците веќе изразија незадоволство, особено оние кои секојдневно ја користеа десктоп платформата. Аналитичарите оценуваат дека овој чекор е дел од стратегијата на „Meta“ за поцврста интеграција на своите услуги и зголемување на сообраќајот кон „Facebook“ и мобилните апликации.
Банки
НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa
Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестижниот светски фудбалски настан, шансите да го остварите вашиот сон се тука.
Пазарувајте со Visa НЛБ картичките и учествувајте во наградната игра на НЛБ Банка и Visa – „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“. Само една трансакција од минимум 500 денари може да ве однесе на најголемата фудбалска сцена во светот.
До 20 март 2026 година, љубителите на фудбалот и клиентите на НЛБ Банка имаат единствена можност да учествуваат во наградната игра „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“. Двајца среќни добитници ќе добијат пакет аранжмани за патување за двајца на четвртфиналето во Мајами, а ќе бидат доделени и триесет други вредни награди, овозможени од Visa. Главното извлекување на наградите е на 23 март, 2026 година.
Никогаш поблиску до трибините на „FIFA World Cup“
Секоја безготовинска трансакција од минимум 500 денари со која била Visa НЛБ картичка е вашата шанса да учествувате во извлекувањето. Двојно поголема можност за добивка ви носи секоја безготовинска трансакција со која била Visa НЛБ картичка од минимум 500 денари, направена преку NLB Pay. Без разлика дали купувате во продавница или онлајн, секоја трансакција се брои и ги зголемува вашите шанси да навивате од трибините на „FIFA World Cup 26™“. Можност за учество имаат сите иматели на Visa дебитни и Visa кредитни картички (Visa Debit, Visa Classic, Visa Gold).
Направете го победничкиот потег
Побарајте ја вашата нова Visa НЛБ картичка и не заборавајте да ја дигитализирате за уште поголеми шанси за победа. Единствено во НЛБ Банка можете да ја имате вашата Visa дигитална картичка веднаш, подготвена за плаќање. А кога пазарувате, не само што уживате во леснотијата и безбедноста со Visa НЛБ картичките, туку сте и чекор поблиску до извонредни награди. Патот до незаборавните моменти на „FIFA World Cup 26™“ започнува со само една трансакција.
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Останатопред 2 месециБугарија од денес официјално го прифаќа еврото
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор




