НБРМ
Ангеловска-Бежоска ‒ Агелер: Расте поддршката на банкарскиот сектор за инвестиции во обновливи извори на енергија

Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор (11,5% во декември), при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија.
Народната банка досега презеде повеќе мерки за поддршка на финансирањето на овој сегмент, вклучително и измената на инструментот задолжителна резерва, а во моментов се работи на подготовка на Стратегија за зелени финансии во соработка со Светската банка. Инвестициите во овој сегмент ќе ја намалат ранливоста на македонската економија и ќе ја поддржат макроекономската стабилност. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Ангела Агелер.
Глобалниот енергетски шок значително ја погоди македонската економија во неколку сегменти. Со оглед на високата енергетска зависност и високата енергетска интензивност, овој глобален шок имаше голем придонес кон растот на инфлацијата, а истовремено придонесе за продлабочување на трговскиот дефицит. Всушност, повеќе од 80% од продлабочувањето на трговскиот дефицит се должи на енергетскиот трговски дефицит. За справување со оваа структурна ранливост, неопходни се инвестиции во енергетскиот сектор, а за тоа е потребна и поддршка од банкарскиот сектор којашто постојано се зголемува. Со оглед на тоа дека и покрај кризниот период, банкарскиот систем ја задржа солидната капитализираност и ликвидност, тој има капацитет и натаму да ги поддржува овие проекти коишто ќе помогнат за структурна трансформација на нашата економија.
Зборувајќи за макроекономските предизвици, како резултат на глобално високите стапки на инфлација и геополитичките тензии, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека за задржување на стабилноста е неопходно и натаму да се водат претпазливи макроекономски политики.
НБРМ
Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар

„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели во интервју за „Блумберг Адриа“, вицегувернерката, Ана Митреска. (more…)
НБРМ
Народна банка на 23 и 24 март домаќин на годишниот форум на Винеската Иницијатива

Народната банка наредната недела, на 23 и 24 март ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската Иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите, што ќе се одржи во Скопје. (more…)
НБРМ
Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка