Connect with us

Бизнис

Финтек компанијата Iute Group обезбеди дополнителни 140 милиони евра преку обврзници

Објавено

на

Iute Group објави дека успешно пласирала дополнителни 140 милиони евра од својата постојна обврзница, со што вкупниот износ на издадени обврзници достигна 300 милиони евра.

Компанијата, која работи на пазарите во Југоисточна Европа, соопшти дека новото приватно пласирање е дел од нејзината стратегија за понатамошен раст и зајакнување на финансиската позиција.

Iute Group е финтек компанија со седиште во Естонија, која нуди потрошувачки кредити, платежни услуги и банкарски решенија на пазарите во регионот на Југоисточна Европа.

Со зголемувањето на обемот на обврзницата на 300 милиони евра, компанијата дополнително го проширува пристапот до капитал за поддршка на своите активности и идни инвестиции.

Бизнис

Back to School понуда од Iute и Sport-M: 1.000 денари попуст за купување над 5.000 денари

Објавено

на

Во пресрет на новата учебна година, iute Македонија и Sport-M подготвија Back to School понуда за набавка на нова училишна и спортска опрема.

Купувачите во Sport-M можат да изберат ранци, облека, патики и друга опрема, а плаќањето преку iute е овозможено на рати со 0% трошоци.

Дополнително, за секое купување во вредност над 5.000 денари следува попуст од 1.000 денари. Понудата важи и за купување во продавниците и за онлајн на веб-страницата на Sport-M.

Со оваа промотивна акција, iute и Sport-M им нудат можност на родителите и учениците навреме да се подготват за почетокот на новата учебна година.

Продолжи со читање

Бизнис

Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот поскапува за 3,50 денари, бензините за 1,50

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,62 проценти во однос на претходната одлука од 17 август. Новите цени ќе важат од полноќ, односно од 00:01 часот на 25 август.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по максимална цена од 95 денари за литар.

Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС од утре ќе чини најмногу 101,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари и ќе изнесува 100,50 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поскапува за 1,850 денари за килограм, па неговата нова максимална цена ќе биде 45,576 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека причина за новата корекција е растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, цените на бензините се зголемиле во просек за 3,795 проценти, на дизелот за 4,842 проценти, на екстра лесното масло за 3,958 проценти, а на мазутот за 6,467 проценти.

Од Комисијата нагласуваат дека утврдените цени се максимални, а трговците имаат можност нафтените деривати да ги продаваат и по пониски цени.

Продолжи со читање

Бизнис

САД го продолжија рокот за „Лукоил“ да договори продажба на странските бизниси до 19 септември

Објавено

на

Американската Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC) го продолжи до 19 септември рокот во кој компаниите можат да преговараат со рускиот нафтен гигант „Лукоил“ за купување на неговите меѓународни бизниси.

Претходниот рок истекуваше на 22 август, но американските власти ја продолжија важноста на општата лиценца која им овозможува на заинтересираните компании да водат преговори и да склучуваат условни договори со „Лукоил“ за потенцијално преземање на неговите средства и операции надвор од Русија.

Продолжувањето на рокот им остава дополнително време на потенцијалните купувачи и на руската компанија да ги усогласат условите за евентуална продажба.

OFAC е институција во рамките на американското Министерство за финансии задолжена за спроведување на економските и трговските санкции на САД.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange