Connect with us

Домашни банки

Радмила Јованова од Шпаркасе Банка – Филијала Штип со награда за спортски подвиг во 2022 година

Објавено

на

Општина Штип традиционално секоја година организира настан – „Избор на спортист на годината на Штип”, на кој се избираат најдобрите спортисти и спортски работници и клубови во изминатата година.

Од 78 пријавени спортисти, Радмила Јованова од Шпаркасе Банка беше една од 17-те најуспешни активни спортисти, а награди и признанија добија сите кои се истакнале со својот активен придонес во спортот во Општина Штип.

„Јас добив награда за спортски подвиг во 2022 година, за моето учество на трката „Ултра Доломити“ во Италија, во дисциплината Ултрамаратон. Трката е со должина од 80км и висинско искачување од 4600 м. Се трча низ планинскиот венец Доломити, дел од Алпите, низ карпест и технички предел. Временскиот лимит за завршување на трката е 22 часа, јас финиширав за 16 часа, 32 минути и 48 секунди.

За мене секој спортист е пример за дисциплина, труд и посветеност и овие особени се пренесуваат не само во спортот, туку и во секојдневното живеење на личноста. Затоа е многу важно сите да го промовираме спорот и негуваме здравите навики, со цел да бидеме подобра верзија од нас самите и пример за сите останати.” – вели Радмила Јованова.

Спортски поздрав од Шпаркасе Банка за храброста, физичката кондиција, менталната подготвеност и стабилност.

Домашни банки

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

Објавено

на

НЛБ Групацијата ги објави трите најдобри регионални идеи за подобро општество од проектот „Рамка за помош“, кој четврта година по ред се спроведува на сите пазари каде е присутна Групацијата. За проектите одлучуваше интернационално жири составено од експерти со богато искуство во областа на претприемништвото и одржливоста, пришто беа избрани оние проекти за кои жирито сметаше дека најмногу можат да помогнат да се надминат предизвиците во општеството, системските нееднаквости и да придонесат кон благосостојба на поединци. За поддршка на најдобрите идеи, НЛБ Групацијата обезбеди вкупен фонд од 100.000 евра.

Регионален победник во проектот „Рамка за помош“ за оваа година е Krožnik app – иновативно софтверско решение кое помага да се намалат ефектите од два големи проблеми во општеството: гладта и фрлањето на храна. Станува збор за апликација која ги поврзува корисниците со рестораните, кафетериите, пекарите и останатите локали на кои им останува вишок храна на крајот од денот. Апликацијата покажува листа на расположливи состојки и оброци од компании близу корисникот, по намалени цени, групирани во посебни пакети. Корисниците можат да ги истражат овие листи и да одберат продуктна група базирана на нивните преференци. Победничката идеја доби парична награда од 50.000 евра.

Второто место ѝ припадна на српската компанија Inclusio, која разви апликација што им помага на луѓето со разни инвалидитети и доби финансиска поддршка од 30.000 евра. Апликацијата има две компоненти, едната за лицата со попреченост, а другата за вработени кај даватели на услуги, на пример банки, супермаркети и сл. Откако лицето со попреченост ќе влезе во просториите, апликацијата го известува давателот на услугата, а нивниот персонал веќе знае каков вид на помош е потребна.

Решението Zuno Gomes на црногорската компанијa Alicorn, апликација за гејмификација на наставниот метод во образовниот процес, го освои третото место и доби парична награда од 20.000 евра.

Изборот на проекти за оваа година беше спроведен преку отворен конкурс од 29 јануари до 10 март, на кој организации од регионот имаа можност да пријават сопствен проект насочен кон решавање на социјално-општествените проблеми во заедницата и поттикнување на одржливоста. На конкурсот се пријавија 272 организации од сите земји каде е присутна НЛБ Групацијата, а само во Македонија пристигнаа 70 апликации, од кои локална комисија ги одбра најдобрите 10 одржливи идеи во земјава.

Десетте финалисти НЛБ Банка Скопје ги наградува со парична поддршка во износ од 60.000 денари и бесплатната Visa картичка, а истите добија и медиумска поддршка и презентација на дигиталните канали на Банката и медиумските партнери на проектот. Овие 10 решенија беа и дел од 60-те регионални финалисти кои влегоа во завршната селекција.

Инаку годинава, учеството во проектот „Рамка за помош“ беше отворено за компании, трговци-поединци и физички лица кои самостојно вршат деловна дејност, кои даваат можности за одржливи идеи и проекти со социјална нота, без разлика на индустријата. 

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД Скопје со зголемена добивка за 17% во првиот квартал на 2024 година

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје во првиот квартал од 2024 година продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност.

Добивката пред оданочување и резервации во анализираниот период изнесува 1.345.050 илјади денари, што е 17 % повеќе споредено со претходната година. Задржувајќи го високо прудентниот пристап во однос на управување со квалитетот на кредитното портфолио, во истиот период Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 387.330 илјади денари. Со тоа, добивката на Банката пред оданочување на 31.03.2024 година изнесува 957.720 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година е повисока за 23 %. Во најголем дел, ова е резултат на зголемените приходи по сите основи поради зголемувањето на обемот на деловните активности.

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.565.359 илјади денари и се зголемени за 21% во однос на истиот период од минатата година, како резултат на кредитните активности и вложувањето на вишокот ликвидни средства во првокласни инструменти.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 213.431 илјади денари и се зголемени за 3% во однос на анализираниот период во 2023 година, што се должи на зголемен обем на активности, односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење.

Вкупната актива на Банката во анализираниот период изнесува 129.303.255 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 26.626.451 илјади денари, што претставува зголемување за 3% во однос на крајот на 2023 година. Дополнително, Банката пренамени износ од 2.460.000 илјади денари од задржаната добивка од претходни години во добивка ограничена за распределба на акционерите во иднина, со што се зголемија сопствените средства и стапката на адекватност на капиталот, која на 31.03.2024 година изнесува 19%.

Во следниот период се очекува продолжување на деловните активности во согласност со дефинираниот деловен план на Банката со целосна ориентираност кон поддршка на клиентите, прудентно управување со ризиците и одржување на високата стабилност, сигурност и ефикасност во сите сегменти од нејзиното работење. Исто така, Банката продолжува со реализација на започнатите проекти, пред сè, во делот на дигитализацијата, како и подготовка на понуда на нови услуги. Секако, фокусот останува на редовното и ефикасно извршување на основните деловни активности, одржување на лидерското пазарно учество од околу 27% во сегментот на кредитирање на населението, со фокус за натамошно зголемување на пазарното учество во делот на кредитирање на компаниите.

Оваа година Стопанска банка прославува 80 години од основањето и следствено целиот натамошен период ќе биде исполнет со многубројни новитети и изненадувања на задоволство на нашите клиенти и соработници, но и на пошироката заедница.

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 1 мај 2024 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 1 мај (среда) поради прослава на 1 Мај – Денот на трудот.

“Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино и во Охрид.

Продолжи со читање

Популарно