Бизнис
Ново поскапување на горивата: Бензините и дизелот со повисоки цени од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од полноќ повторно се зголемуваат цените на горивата во земјава.
Според одлуката, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 1,84 проценти во однос на претходната корекција.
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 и дизелот поскапуваат за 2,5 денари по литар.
Од друга страна, екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,5 денари по литар. Зголемување има и кај мазутот, чија цена ќе биде повисока за 0,846 денари по килограм.
Од 19 мај во 00:01 часот ќе важат следните максимални цени:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 89 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92 денари за литар
- Екстра лесно масло за домаќинство – 93,5 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 50,814 денари за килограм
Од Регулаторна комисија за енергетика посочуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени кои ќе стапат во сила од полноќ.
Бизнис
Нина Ангеловска ја објавува својата прва книга „Ништо случајно”
Нина Ангеловска Станков ја објавува својата прва книга „Ништо случајно” со поднаслов „кога подготвеноста ги среќава предизвиците”, издадена од Издавачки центар ТРИ.
Во книгата, Ангеловска за првпат отворено и лично пишува за патот зад јавната слика – од градењето бизнис од нула и развојот на македонската е-трговија, до предизвиците на лидерството и носењето одлуки на највисоко ниво во државата, до личните дилеми, мајчинството, пресвртите и животните лекции што ретко се гледаат однадвор.
„Никогаш не мислев дека ќе напишам книга. Исто како што никогаш не мислев дека ќе основам компанија, ќе станам министерка или дека ќе направам егзит. Но ништо од тоа не беше по случајност. По многу години живеење во пребрзо темпо и постојана продуктивност, пишувањето на оваа книга беше моја дозвола да застанам, да се присеќавам и да раскажам.” – вели Ангеловска Станков
„Ништо случајно” е искрено и лично сведоштво за патот кој не бил однапред јасен — но не бил ни случаен. За изборите што не секогаш биле дел од планот, за прифаќањето предизвици и за подготвеноста да се каже „да“ кога животот ќе понуди нова можност.
Од денес книгата е достапна во претпродажба на kniga.mk. Читателите кои ќе ја нарачаат во период на претпродажба ќе ја добијат книгата пред официјалното пуштање во продажба, со посвета од авторката.
Книгата е наменета за широка публика – за претприемачи кои градат и се соочуваат со неизвесност, за лидери кои балансираат меѓу резултати и луѓе, за жени кои жонглираат со повеќе улоги истовремено, и за секој кој сака да прочита инспиративна лична приказна или кој некогаш се прашал дали патот кој го следи е вистинскиот.
___
Нина Ангеловска Станков е едно од најпрепознатливите имиња на македонската бизнис-сцена, коосновач на еден од најуспешните стартапи Групер, пионер во македонската е-трговија, меѓународнo признат бизнис-лидер, доктор на науки и прва жена министер за финансии во Македонија. За својот успех и влијание има добиено бројни признанија, меѓу кои и 30 под 30 на Форбс
Бизнис
РКЕ денеска со нова одлука за цените на горивата, владините мерки продолжуваат до 1 јуни
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја донесе новата одлука за малопродажните цени на горивата, откако Владата ги продолжи мерките што се однесуваат на бензините и дизелот.
На вонредна седница, Владата одлучи мерките да останат во сила до 1 јуни, со образложение дека целта е да се обезбедат постабилни цени и да се ублажи финансискиот притисок врз граѓаните и стопанството.
Со одлуката продолжува примената на намаленото ДДВ за горивата, како и на пониските акцизи за бензинот и дизелот. Од Владата посочуваат дека со овие мерки домашниот пазар треба да остане поконкурентен во однос на земјите од регионот.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека продолжувањето на мерките е насочено кон одржување на пониски цени во услови на нестабилности на светските енергетски пазари.
РКЕ вообичаено новите цени на горивата ги соопштува во текот на денот, а тие почнуваат да важат од полноќ.
Бизнис
Гранит АД Скопје ќе гради и реконструира објекти на границата со Србија во проект вреден 6,8 милиони евра
Гранит АД Скопје потпиша договор вреден 6,8 милиони евра со Министерството за транспорт и врски на Северна Македонија за изградба и реконструкција на објекти на граничниот премин со Србија.
Според информациите, договорот предвидува изградба на нов објект и придружни капацитети, како и реконструкција на постојните станици на граничниот премин.
Проектот е дел од активностите за модернизација и подобрување на инфраструктурата на границата меѓу двете земји.
Гранит АД Скопје е една од најголемите градежни компании во земјата, со долгогодишно искуство во реализација на инфраструктурни и градежни проекти.
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Бизниспред 2 месециPepco влегува на македонскиот пазар, првите продавници во Скопје од јуни



