Бизнис
Над 200 лидери и менаџери утре дел од EqualXChange vol.5: “Money. Mind. Influence.”
Утре, на 19 мај 2026 година (вторник), во хотел DoubleTree by Hilton Skopje, ќе се одржи 5-тото јубилејно издание на годишната конференција EqualXChange vol.5: “Money. Mind. Influence.”, во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA.
Годинашното издание предизвика исклучително голем интерес кај бизнис заедницата и ќе обедини повеќе од 200 учесници од приватниот сектор – C-level лидери, претприемачи, менаџери, HR професионалци и носители на одлуки, околу темата „Money. Mind. Influence.“ Трите сегменти на темата – Money, Mind и Influence, ги опфаќаат клучните предизвици со кои се соочуваат современите компании: финансиска писменост и носење одлуки во услови на неизвесни пазари, ментална издржливост, wellbeing и продуктивност на вработените, како и лидерство, комуникација, продажба, преговарање и влијание во тимовите и организациската култура.
EqualXChange е препознатлива конференција која во изминатите пет години прерасна од иницијатива фокусирана на родова еднаквост на работното место во значаен бизнис-настан што отвора важни разговори за работата, лидерството и организациската култура. Денес, конференцијата претставува простор за размена на искуства, идеи и практични решенија поврзани со продуктивноста, лидерството, развојот на човечкиот капитал и одржливиот раст.
Овогодинешната конференција носи динамична и внимателно креирана агенда со keynote презентации, fireside chat разговори, panel дискусии и networking сегменти, фокусирани на реални бизнис-предизвици, практични искуства и примери од лидери кои секојдневно носат клучни одлуки и управуваат со раст и промени во своите организации.
На сцената ќе говорат реномирани експерти, лидери и професионалци од различни индустрии, меѓу кои Иван Ивановски – основач на PrimeClass.mk, д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на EOS Matrix Македонија и Косово, Милан Петковски од Меѓународната организација на трудот (МОТ), Нина Ангеловска Станков, претседателка на GEA и Асоцијацијата за е-трговија, Бобан Милошевски, основач на Avalon продукција, Коста Петров, основач и директор на P World, Трајче Николов од Пивара Скопје, Сања Ѓорѓева од Dr. Goodnight, д-р Весна Чадо од PLX Academy, Марина Анчевска од Центарот за Бизнис психологија, Системски НЛП и Системска Коучинг Академија, Франка Граждани основачка на 223 и Ethereum Македонија и многу други.
Покрај главната програма, конференцијата нуди и expo сегмент и networking простор посветен на компании и партнери кои активно придонесуваат кон развој на современо, инклузивно и одржливо бизнис-опкружување.
Реализацијата на конференцијата е поддржана од партнери и организации кои препознаваат дека современото лидерство и одржливиот бизнис раст бараат вложување во луѓето, знаењето и организациската култура меѓу кои PrimeClass.mk како златен партнер, EOS Matrix Македонија и проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија и спроведен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) како track партнери, Cosmo Tinex како сребрен партнер и Delight Office Solution како бронзен партнер, како и бројни пријатели на конференцијата.
Повеќе информации за конференцијата и целосната агенда се достапни на: equalxchange.mk
Инаку, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA е иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија која е посветена на создавање инклузивна работна култура и промовирање еднакви можности за сите. Алијансата се залага за три главни столба: еднаква застапеност на мажи и жени на сите нивоа и позиции, еднаква плата за иста работа и еднакви можности за напредок. Работата на GEA ја поддржуваат Eurolink, Casys Сава Пензиско Друштво и Halkbank како главни партнери, како и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Пивара Скопје, А1 Македонија, Евроинс Осигурување, и CosLoveMetics како партнери. Поддржувачи на Алијансата се и: Сава Осигурување, Publicis Groupe, Avenga Academy, IdeaLab, ProCredit Bank, и EOS Мatrix. Повеќе информации за активностите и можностите за приклучување кон Алијансата за родова еднаквост на работното место се достапни на: https://genderequalityalliance.org.
Бизнис
ИУТЕ Македонија ќе издаде корпоративна обврзница вредна 3 милиони евра
Компанијата Iute Group преку својата македонска подружница ИУТЕ Кредит Македонија ќе издаде корпоративна обврзница во вредност од 3 милиони евра, откако Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија ја одобри јавната понуда.
Станува збор за прво издавање обврзници на компанијата на македонскиот пазар на капитал. Според одобрениот план, ќе бидат издадени 30.000 корпоративни обврзници со номинална вредност од по 100 евра.
Средствата собрани преку издавањето ќе бидат наменети за оптимизирање на трошоците за финансирање, диверзификација на изворите на средства и проширување на капиталната база на компанијата.
Обврзниците ќе носат фиксна годишна каматна стапка од 8,5 проценти во текот на целиот рок на нивното доспевање.
ИУТЕ е финтек и микрокредитна компанија со седиште во Талин, специјализирана за потрошувачки кредити без обезбедување и кредити обезбедени со возила. Освен во Северна Македонија, групацијата работи и во Бугарија, Молдавија и Албанија.
Со овој потег, компанијата се приклучува на растечкиот број финансиски институции кои го користат домашниот пазар на капитал како извор за обезбедување дополнителни средства за развој и проширување на своите активности.
Бизнис
Нови модели за осигурување на депозити разгледувани на регионален состанок во Загреб
Претставници на институциите за осигурување на депозити од земјите во регионот се состанаа во Загреб на 1 јуни, каде што разговараа за унапредување на системите за пресметка на премии врз основа на ризик и зајакнување на финансиската стабилност.
На состанокот беа презентирани искуства и добри практики од повеќе држави, со посебен акцент на моделите што се применуваат за утврдување на премиите кои ги плаќаат банките во рамките на системите за осигурување на депозити.
Претставниците на Фондот за осигурување на депозити на Северна Македонија активно учествуваа во дискусиите и размената на искуства со колегите од регионот.
Во рамките на настанот, експертот Винко Златиќ ја претстави хрватската методологија за пресметка на премии базирани на ризик, при што ги образложи клучните принципи, критериуми и практични аспекти од нејзината примена. По презентацијата следуваше дебата за предизвиците со кои се соочуваат институциите при имплементацијата на ваквите модели.
Учесниците ги претставија и своите национални решенија, при што беше истакнато дека размената на знаења и искуства придонесува за подобро разбирање на различните пристапи и за понатамошно унапредување на системите за заштита на депозитите.
На состанокот беше нагласена и потребата од континуирана регионална соработка, која се смета за важен фактор во јакнењето на довербата во финансискиот сектор и одржувањето на стабилноста на банкарските системи во земјите од регионот.
Бизнис
Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата
Во среда, 3 јуни, во дворот на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово свечено беше пуштено во употреба новото мултифункционално спортско игралиште, реализирано со поддршка на финансиското друштво Flex Credit како генерален спонзор и донатор на проектот.
Новото игралиште ќе го користат учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“, а неговата посебна вредност е инклузивниот пристап што овозможува активно користење и од страна на учениците од помошниот ресурсен центар за деца со посебни образовни потреби. Со тоа се создава безбеден и достапен простор каде сите деца ќе имаат можност за спорт, рекреација и дружење.
По повод отворањето беше организиран ревијален натпревар во рамки на програмата „Забавни мини спортови“, преку кој учениците ги претставија можностите на новите терени за кошарка, одбојка и ракомет, под менторство на наставниците по физичко образование.
На настанот присуствуваа претставници на училиштата, Општина Куманово, ЈП „Куманово План“, како и претставници на менаџментот на Flex Credit.
Проектот е реализиран во рамки на платформата за општествена одговорност на компанијата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit инвестира во иницијативи што создаваат долгорочна вредност за локалните заедници.
„За нас ова е многу повеќе од донација. Преку платформата ‘Повеќе од финансии – поддршка за заедницата’ сакаме да оставиме трајни позитивни промени таму каде што се најпотребни. Веруваме дека секое дете заслужува квалитетен простор за игра, спорт и развој, а особено ни е драго што ова игралиште ќе биде достапно за сите деца без исклучок. Ова е инвестиција во младите, во нивното здравје, другарство и иднина“, изјави Тина Трпковска, маркетинг директор на Flex Credit.
Во знак на благодарност за поддршката и придонесот во реализацијата на проектот, на претставниците на Flex Credit им бише врачена благодарница од страна на раководствата на училиштата.
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Фондовипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво потсетува на навремено планирање на пензијата
-
Банкипред 2 месециНЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 4 мај
-
Бизниспред 4 неделиОд полноќ нови цени на горивата


