Банки
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година
Халкбанк ги објави резултатите од работењето во изминатата 2022 година, кои го потврдија епитетот најбрзо растечка банка во Северна Македонија. Сето тоа постигнато со посветена работа, добро дефинирана стратегија и фокус на зацртаните цели.
Во продолжение ви ја презентираме пораката од Главниот Извршен Директор, Др. Билал Суџубаши.
“Годината зад нас не беше лесна, беше полна со предизвици. Наместо светот економски да се опорави од здравствената криза, се случи руско – украинскиот конфликт кој доведе до економска криза со далекусежни последици. Сите земји во светот се борат со енергетската криза и пореметувања во ланците на снабдување, со високи цени и инфлација која во многу земји е двоцифрена, инфлација каква немало со децении, од 90-тите наваму.
Ова неминовно предизвика и промени во монетарната политика на централните банки, чии сигнали ги следат и банкарските сектори во сите земји. За одржување на среднорочната ценовна стабилност, централните банки настојуваа да ги стабилизираат инфлациските очекувања преку затегнувањето на монетарната политика, односно со покачување на основната камата. Од април 2022 година, кога основната каматна стапка беше 1,25% па наваму, Централната банка, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и на среднорочната ценовна стабилност, направи неколку нејзини корекции и истата моментално е на ниво од 4,75%.
Секако е важно да се нагласи дека и покрај исклучително комплексните услови, домашниот банкарски сектор беше отпорен и претставуваше потпора на економијата и населението. И довербата во него остана на високо ниво бидејќи продолжија да растат депозитите и кредитирањето и на корпоративниот и на секторот домаќинства.
И покрај актуелната криза Халкбанк и во ваква година испорача исклучително позитивни резултати во секој домен. Бележиме значаен резултат во однос на депозитната база, каде имаме пораст од 136 милиони евра, од кои 72 милиони припаѓаат на депозити од клиентите – правни и физички лица. Во делот на кредити, имаме пораст од вкупно над 121 милион евра. Нашата актива со вкалкулираниот пораст сега веќе изнесува 1,36 милијарди евра. Нашиот нето профит за 2022 изнесува 12,077 милиони евра. Додека нивото на НПЛ во банката уште еднаш е исклучително под просекот во секторот и изнесува 1,47 %. Сето ова го потврдува фактот дека Халкбанк е една од најсигурните и најстабилни банки во регионот, подготвена за справување со секакви кризи.
Халкбанк и во новонастанатата ситуација се потруди да испорача производи во согласност со потребите на пазарот, но и иновативни производи како дел од нашата стратегија да бидеме лидери во воведувањето производи базирани на новите технологии и дигитализацијата. Нашите различни производи и услуги се секогаш присутни на пазарот со цел да ги задоволат барањата и потребите на клиентите чие задоволството е наша главна цел. Овој принцип ги води сите наши активности и се применува во нашите секојдневни ангажмани.
Халкбанк уште еднаш ја потврди и својата позиција на еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар.
Како најбрзорастечка банка на пазарот, Халкбанк АД Скопје денес значи и вработување за над 700 вработени, широка мрежа од филијали, банкомати и активни ПОС-терминали достапни кај бројни трговски партнери и банка која опслужува илјадници граѓани, како и мали, средни и корпоративни претпријатија и јавни институции.
Ние сме и општествено одговорна компанија која е посветена кон зголемување на општото добро за луѓето, природата, средината, културата и спортот. И изминатата година имавме бројни кампањи насочени кон децата, кампањи за поддршка на повозрасните генерации, на родилки, поддршка на спортски настани, на културата, едукацијата за младите, инклузивноста, за користење на безготовински начини на плаќање базирани на новите технологии … И секако, она што е наш белег, поттикнување на зелени практики, како преку поддршка на компании со еколошки проекти кои придонесуваат за заштита на природата, така и директно преку наши активности кои се одвиваат преку платформата ХалкЕко. Сето ова е во рамките на нашата политика да дадеме силна поддршка на поттикнување здрави животни навики и заштита на природата, што се препознава во општеството за што доказ е наградата за најдобра општествено одговорна практика за ХалкЕко од Министерство за економија.
Новата 2023 година ја стартуваме со силна надеж дека ќе биде подобра. Наша цел во наредниот период ќе биде проширување на опсегот на иновативни производи и услуги со цел да се обезбеди задоволство на клиентите, обезбедување супериорни производи и услуги за реалниот сектор, прифаќање пристап на висококвалитетна услуга ориентирана кон клиентите. Секако, нашиот фокус ќе биде и обезбедување на континуиран развој и мотивација на вработените и следење на глобалните банкарски трендови со цел Халкбанк да биде првата банка што ќе ги спроведе и доближи истите и на македонскиот пазар. Најважно, во сета оваа мисија, е дека не ги следиме само бизнис интересите, туку вниманието ни е насочено кон тоа целото општество да го чувствува нашиот ангажман и придонес во неговиот развој.“
Банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 25 мај
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 25 мај (понеделник) поради прослава на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка“, велат од Комерцијална банка.
За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.
Банки
Комерцијална банка и Visa со наградна игра: Патување во Disneyland Paris за четири лица
Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa Inc. организира наградна игра преку која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland® Paris за четири лица.
Од Банката информираат дека наградната игра е во тек и ќе трае до 31 мај 2026 година. Во овој период, секое плаќање со Visa картичка носи дополнителна шанса за освојување на главната награда.
„Колку повеќе плаќања, толку повеќе шанси за награда“, велат од Комерцијална банка.
Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 јуни 2026 година.
Повеќе информации и правилата за наградната игра се достапни на: Комерцијална банка
Банки
Стопанска банка АД – Скопје доби LEED Gold сертификат за одржлива градба
Седиштето на Стопанска банка АД – Скопје е добитник на престижниот LEED Gold сертификат, со што објектот стана првиот LEED-сертифициран проект во Скопје и првиот во Северна Македонија што достигнал Gold ниво.
Информацијата ја објави компанијата Focal преку објава на социјалните мрежи, каде што се наведува дека зградата покажала одлични резултати во сите поднесени категории за оценување, при што биле прифатени сите кредити.
Од компанијата посочуваат дека станува збор за значаен успех не само за тимот што работел на проектот, туку и за развојот на одржливата и енергетски ефикасна градба во регионот.
LEED сертификатот претставува меѓународно признат стандард за зелени и еколошки одржливи објекти, кој ги оценува енергетската ефикасност, одржливоста и влијанието врз животната средина.
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија
-
Интервјуапред 2 месециОд плата до капитал: Како најдобро да ги оплодите вашите средства | Владимир Деспотовски | WVP фондови
-
Продуктипред 4 неделиУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!


