Connect with us
no baners

Банки

Стандард и Пурс: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Објавено

на

Денарот останува стабилен, а во следниот период не се очекуваат притисоци врз девизните резерви. Здравоста на банкарскиот систем е зачувана, при што  капитализираноста е соодветна и стабилна, додека нефункционалните кредити остануваат на ниско ниво. Ова се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во кој се потврдува кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед.

Агенцијата посочува на поволните трендови кај девизните резерви, коишто на крајот на 2022 година достигнаа 3,9 милијарди евра. Како што констатираат од „Стандард и Пурс“, во изминатите месеци цените на енергенсите се стабилизираат, па оттаму не се очекуваат позначајни притисоци врз девизните резерви во текот на годината преку овој канал. Дополнително, според нивните очекувања, резервите ќе продолжат да растат, при очекувано стеснување на дефицитот на тековната сметка и финансиски приливи преку директни инвестиции и одредени должнички текови.  Девизниот курс останува стабилен, и промени во курсот на денарот, не се очекуваат.

Од „Стандард и Пурс“ во извештајот за кредитниот рејтинг за земјава, наведуваат дека за разлика од други земји во регионот, врските на финансискиот сектор на домашната економија со Русија се мали, со што изостануваат директни негативни преносни ефекти за домашниот банкарски систем од кризата. Во поглед на банкарскиот сектор, Агенцијата ја потенцира неговата стабилност, во услови кога нефункционалните кредити остануваат ниски, на ниво од 3,2%, додека стапката на капитализираност на банкарскиот сектор е  соодветна и стабилна и изнесува 17,7%.

Во рамки на извештајот, се истакнуваат мерките кои Народната банка ги презема, во однос на ликвидноста, промените во каматната политика и во задолжителната резерва, како и макропрудентните мерки. Притоа се нагласува нивната улога за стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања, поддршка на процесот на денаризација на економијата, како и за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем.

Банки

Караван за финансиско советување и забава со НЛБ Банка и Кроација Осигурување Живот во Ист Гејт Мол

Објавено

на

Оваа сабота, 31 мај, од 12:00 до 14:00 часот НЛБ Банка и Кроација Осигурување Живот ве покануваат да ја посетите НЛБ експозитурата во Ист Гејт Мол и да уживате во едукативен и забавен настан.

Настанот е дел од Караванот за финансиско советување, кој трае од 19 мај до 20 јуни. Посетителите ќе имаат можност да се информираат и добијат стручни совети за производите на Кроација Осигурување Живот, достапни преку НЛБ Банка. Организаторите ветуваат креативна забава за најмладите и подароци – идеално за целото семејство!

Караванот продолжува и во наредниот период во експозитурите на НЛБ Банка низ земјава, во соработка со партнерите Сава Осигурување, Кроација Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и НЛБ Фондови, со цел да им овозможи на клиентите сеопфатна едукација, стручно советување и детални информации за сите небанкарски финансиски продукти кои се нудат преку НЛБ Банка.

НЛБ Банка, како водечка финансиска институција, постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, нудејќи им на клиентите широк избор на банкарски и небанкарски продукти на едно место. Банката е тука да ги поддржи клиентите во носењето паметни финансиски одлуки и во обезбедувањето сигурна финансиска иднина.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со предвремена исплата на пензии – секогаш чекор пред времето, секогаш блиску до своите пензионери

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје денес повторно донесе радост и олеснување за своите пензионери, исплаќајќи ги пензиите предвреме – како што тоа го прави со години наназад. Во време кога секој ден е важен, особено за највозрасните сограѓани, Халкбанк уште еднаш ја потврди својата посветеност на грижата, сигурноста и стабилноста што ја нуди на клиентите.

Предвремената исплата на пензиите не е само финансиска услуга – тоа е гест на внимание, почит и грижа што банката ја покажува кон своите највозрасни сограѓани. Халкбанк е една од ретките банки во земјава што со континуитет ја практикува оваа услуга, ставајќи ги потребите на клиентите на прво место.

Пензионерите – клиенти на Халкбанк, не само што имаат сигурност во исплатата на
пензиите кои ги добиваат предвреме, туку имаат можност да станат корисници на за нив специјално дизајнираниот Пакет за пензионери, кој вклучува бесплатна MasterCard дебитна картичка и е-банкарство без никаков трошок во првата година. Покрај тоа, пакетот вклучува и симболични подароци за сите негови нови корисници.

Пакетот е достапен за сите нови клиенти кои ќе ја примаат својата пензија преку
Халкбанк, како и за постоечките клиенти-пензионери кои ќе потпишат изјава во некоја од филијалите на банката.

Халкбанк АД Скопје останува доследна на својата мисија да биде банка која се грижи за сите категории на клиенти, нудејќи финансиски решенија што прават разлика.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата

Објавено

на

Народната банка го објави Извештајот за работењето за периодот 2018 – мај 2025 година, којшто ги опфаќа клучните активности, политики и мерки спроведени во време на исклучително сложени светски и домашни околности.

Во своето обраќање во Извештајот, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска нагласува дека во овој период централната банка успешно се справи со предизвиците од пандемијата, енергетската и ценовната криза, светските геополитички тензии и со ризиците од деглобализација. Со посветеност, професионализам и знаење, Народната банка не само што ја зачува, туку и ја зајакна макроекономската и финансиската стабилност, со што даде силна поддршка за граѓаните и за стопанството.

Гувернерката посочува дека денарот остана стабилен, и покрај големите надворешни и домашни притисоци, а девизните резерви се двојно зголемени. Банкарскиот систем е посилен, со историски највисоко ниво на капитална адекватност и најниско ниво на нефункционални кредити, а кредитната поддршка за компаниите и за граѓаните и натаму се обезбедува со каматни стапки коишто за првпат во нашата историја се сведоа речиси на европските нивоа.

Во Извештајот се бележат и најважните стратегиски достигнувања, меѓу кои: членството во највисокиот статистички стандард на ММФ – СДДС плус (18-тата земја во светот); позитивната оцена од Европската комисија за усогласеноста со стандардите на ЕУ во банкарската регулатива и супервизија (26-тата земја во светот); членството во СЕПА – значаен исчекор за интеграција во европскиот финансиски простор и брзо и ефикасно извршување на плаќањата во евра, како и во европските земји и пред полноправното членство на земјата во ЕУ; воспоставувањето институционална рамка за решавање банки; историски високото ниво на девизните резерви и стабилноста на денарот, како и првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија со акцент на младите, жените и ранливите групи; водечкото место на светско ниво во родовата застапеност според ОМФИФ (прворангирана централна банка во светот); високата оцена за транспарентноста од ММФ; донесувањето на првата финтек-стратегија и среднорочниот план за климатските ризици.

Извештајот претставува сведоштво за визијата на Народната банка како независна и стабилна институција, којашто придонесува за одржлива и зелена економија и за подобар живот на граѓаните.

Извештајот за работата на Народната банка во периодот 2018 − 2025 година е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-izvestaj-za-raboteneto-na-narodnata-banka-vo-periodot-2018-2025-godina.nspx

Продолжи со читање

Популарно