Connect with us

Банки

Објавени добитниците од наградната игра “Плаќам и добивам повеќе со Mastercard кешбек” на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги објави добитниците од наградната игра „Плаќам и добивам повеќе со Mastercard® кешбек“ со Mastercard картичките на банката.

Наградната игра „Плаќам и добивам повеќе со Mastercard® кешбек“ беше организирана од страна на ТТК Банка АД Скопје. Беше наменета за сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија кои се корисници на дебитни и кредитни картички од брендот Mastercard® издадени од ТТК Банка АД Скопје, а се спроведe на сите физички и онлајн продажни места (плаќање преку интернет) во земјава, каде што се прифаќаат Mastercard® картичките.

Наградната игра започна на 20 ноември 2023 година и траеше до 20 јануари 2024 година.

Утврдувањето на добитниците кои ги исполниле поставените услови за наградната игра се изврши на 29.01.2024 година во деловните простории на Банката.

Добитниците на наградите се утврдени компјутерски според принципот „Прв дојден, прв услужен“, односно првите 500 (петстотини) лица кои направиле 5 (пет) поединечни трансакции сo Mastercard® дебитна или кредитна картичка, секоја со износ еднаков или поголем од 1.000 денари, во согласност со правилата на наградната игра.

За да проверите дали сте добитник на наградата „поврат на средства (кешбек)”, проверете на следниот ЛИНК.

Банката поединeчно ќе ги извести добитниците преку смс порака или на нивната електронска адреса.

Честитки до сите добитници! ТТК Банка им се заблагодарува на сите учесници во наградната игра.

Користете ги Mastercard картичките на ТТК Банка АД Скопје при секое плаќање, затоа што ви нудат бројни придобивки, поволности и задоволства.

Правилата за наградната игра и информациите за исплатата на повратот на средства се достапни на следниот линк.

Банки

Халкбанк продолжува со својата посветеност на развојот на културната сцена во Македонија

Објавено

на

Како дел од својата мисија да биде активен поддржувач на културата во Македонија, Халкбанк постојано стои зад најразлични настани кои придонесуваат за нејзин развој. Од културни проекти до концерти кои се оганизираат под нејзино покровителство или со нејзина помош, банката на овој начин придонесува за збогатување на културната сцена и поттикнување на уметничкиот израз потврдувајќи ја својата улога на поддржувач на културата во земјата.

Во рамките на ваквата поддршка, оваа есен, банката е спонзор на концертот на музичката дива Калиопи, кој ќе се одржи на 19 октомври во Арена Борис Трајковски. За вљубениците во музиката и во прекрасниот вокал на Калиопи, Халкбанк во пресрет на концертот, организира интересен предизвик кој дава шанса да се освојат ВИП карти за концертот и лична средба со Калиопи зад сцената.

Со креирање на своја верзија на една од нејзините најпознати песни, „Месечина“, учесниците во предизвикот, имаат можност да се забавуваат, да се присетат на најголемите нејзини хитови и да уживаат во уникатно концертно искуство, што вклучува ВИП карта и средба со пејачката зад сцената.

Со континуирана поддршка на културните настани, Халкбанк покажува дека е повеќе од финансиски партнер – таа е вистински соработник на уметниците и креаторите на културата, секогаш стремејќи се да ги оплемени животите на луѓето во заедницата.

Продолжи со читање

Банки

Соработка на Народната банка со Банката на Португалија во Програмата на ЕУ за зајакнување на системите за известување податоци

Објавено

на

Во рамките на Втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од ЕУ, започна спроведувањето на билатералната мерка помеѓу Банката на Португалија (БП) и Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ). Главната цел на билатералната мерка е зајакнување на институционалниот капацитет за понатамошен развој на тековниот проект за интегриран систем за известување податоци за банките и штедилниците, за статистички и супервизорски цели (ИСИДОРА).

Експерти од БП и претставници од различни организациски единици на Народната банка се состанаа во Скопје на првата последователна мисија. Експертската мисија беше фокусирана на споделување на искуството на БП со Програмата за интегрирано управување со податоците, во однос на нивниот модел на управување со податоците, улогите и одговорностите, подобрување на писменоста за податоците преку училиштето за податоци, воспоставување склад на податоци и архитектура на податоци, каталог на податоци и слично. Експертите од БП активно ги споделија своите знаења и искуства за процесот на спроведување и најдобрите практики во доменот на управувањето со податоците во областа на статистиката, што ќе бидат корисни насоки за понатамошните проектни активности на НБРСМ.

Втората фаза од оваа Регионална програма финансирана од ЕУ започна во септември 2022 година. Оваа тригодишна програма ја спроведува Бундесбанката како нејзин координатор, во партнерство со деветнаесет централни банки на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Европската централна банка (ЕЦБ). Европската унија (ЕУ) издвои 3 милиони евра за Програмата од нејзиниот Инструмент за претпристапна помош (ИПА III).

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка од 6% на имателите на перпетуални обврзници од третата емисија

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 6% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од третата емисија со ИСИН MKBLBA200037 и шифра UNIPO3.

Исплатата на камата ќе се изврши на 24.10.2024 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници  во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 23.10.2024 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 21 и 22 Октомври 2024 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 180 и 181 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 24 и 25 Октомври ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 24 и 25 Октомври 2024 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.

Продолжи со читање

Популарно