Connect with us

Банки

Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година

Објавено

на

„Од октомври 2025 година, деловните банки од земјава ќе можат да се приклучат кон платните системи на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што се отвора патот за побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра. Народната банка активно го следи процесот на подготовка на банките за пристап кон СЕПА, којшто опфаќа правна, техничка и оперативна усогласеност со европските стандарди“, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интeрвју за националниот сервис МТВ.

Придобивките за граѓаните и компаниите ќе бидат значајни – намалени трошоци, поедноставени постапки и многу пократко време за трансакциите. Парите испратени од странство, вклучително и оние од иселениците, ќе пристигнуваат во текот на истиот или следниот работен ден, со значително пониски трошоци, а банките ќе треба да им ги пренесат овие придобивки и на клиентите преку пониски надоместоци.

Заради поедноставување на процедурите, Народната банка веќе ги укина обврските за доставување документација за тековните трансакции со странство, меѓу кои и за плаќање одмор или школарина во странство, а ќе се укине и за капиталните трансакции, освен за мал број трансакции за кои постојат експлицитни законски обврски. Ова значително ќе го олесни онлајн и шалтерското банкарство и ќе го поттикне користењето електронски и мобилни платежни услуги. Податоците покажуваат дека електронските плаќања во земјава веќе бележат годишен раст од над 40% во 2024 година.

Исто така, се работи и на олеснување на процедурите за приливните плаќања. Целта е средствата добиени од странство, вклучително и хонорарите, да се ставаат на располагање веднаш или најдоцна следниот ден, без потреба од приложување договор или фактура, освен во специфични случаи каде што тоа е законски обврзано.

Покрај ова, не се предвидуваат ограничувања за износите коишто може да се префрлат на основа на подарок, освен лимитот од 100 илјади евра кај инстант плаќањата, а контролите за спречување перење пари и финансирање тероризам и натаму ќе се применуваат, во согласност со меѓународните стандарди.

Банки

Успешeн прв квартал за НЛБ Банка – континуиран раст, поддршка на населението и бизнисот и значаен придонес во заедницата

Објавено

на

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година.

Работејќи согласно усвоената деловна политика, во првиот квартал од 2025 година, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 719.468 илјади денари што претставува зголемување за 6,1% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 2,1% споредено со крајот од 2024 година. Во анализираниот период, вкупните депозити на Банката во однос на 31.12.2024 година се намалени за 5,8%, додека депозитите по видување на домаќинства бележат пораст за 7,7%.

Овие резултати на Банката се должат на успешно спроведената деловна стратегија,  засилените продажни активности во сите сегменти од работењето, вклучително и ефикасното управување со ризиците, оперативната ефективност и постојаната ориентација кон подобрување на корисничкото искуство и одржливиот раст.

Во првиот квартал од годинава, непосредно по трагедијата во Кочани, НЛБ Банка Скопје донираше средства преку сметката на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија за прва помош на повредените и семејствата на настраданите, а како оснoвач и донатор во Фондацијата „Заедно за едно“ на Македонската банкарска асоцијација, заедно со банките – членки на НЛБ Групацијата, ќе реализира донација од 350 илјади евра за рехабилитација и медицински третмани на повредените, како и поддршка во образовниот процес и професионалната реинтеграција на лицата и семејствата кои се соочија со загуба.

НЛБ Банка и натаму ќе продолжи да биде поддршка на населението и бизнис секторот во земјата, давајќи притоа значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Во фокусот на работењето на Банката како и до сега се унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, иновациите и примената на  вештачката интелегенција, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за април започнува на 30 април

Објавено

на

Комерцијална банка започнa со исплата на пензиите за април од денес (среда, 30.04.2025 година).

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од денес (30.04.2025 година) и може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со нова практика: Подобри услови и поголема грижа за пензионерите

Објавено

на

Во пријатна и конструктивна атмосфера, во просториите на НЛБ Банка се одржа настан со претставници од повеќе здруженија на пензионери, со цел запознавање со поволностите и банкарските услуги што Банката ги нуди за своите клиенти-пензионери.

Настанот беше посветен на дијалог и размена на мислења, при што НЛБ Банка ги слушна сугестиите и потребите на пензионерите и ја потврди својата заложба за континуирано подобрување на понудата, како и за засилена едукација за користење на дигиталните услуги.

Во рамки на настанот, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, со особено задоволство ја најави новата можност од овој месец, пензионерите-клиенти на НЛБ Банка да можат да располагаат со својата пензија уште пред почетокот на месецот. Оваа промена ќе овозможи навремено и полесно користење на средствата, особено пред празници, преку мрежата на банкомати и експозитури, веднаш по потврдата од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување.

Априлската пензија веќе е исплатена пред првомајските празници, како конкретен чекор во насока на подобра грижа за пензионерите, важна и заслужена категорија граѓани.

Како симболичен гест на благодарност, Управниот одбор на Банката им упати искрени честитки за 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, со најдобри желби за здравје, мир и достоинствени пензионерски денови.

Продолжи со читање

Популарно