Connect with us
no baners

Банки

Започна првата ПроКредит бизнис академија – претприемачите ја поминаа првата обука на тема „Интерно претприемништво“

Објавено

на

Во периодот од 8 до 10 април, вкупно 90 претприемачиподелени во три групи ја започнаа својата едукација во рамки на ПроКредит бизнис академијата, едукативна програма наменета за поддршка на микро и малите бизниси во нивниот раст и развој. Ова е првпат да се организира настан од ваков вид во нашата земја, со единствена цел, поддршка на локалната бизнис заедница и создавањеструктуирана платформа за нефинансиска едукација и вмрежување на бизнисите. 

Првиот модул, посветен на темата „Интерно претприемништво“, беше реализиран под менторство наСандра Савановиќ-Стевановиќ – партнер и директор на белградската подружница на консултантската компанијаAlphabet Group, со повеќе од 25 години искуство како бизнис тренер и консултант за деловен развој и стратешко планирање. Таа зад себе има повеќе од 3.500 обучени претприемачи, 1.000 компании и импозантно меѓународно искуство од работа во повеќе од 20 земји на 4 континенти.

„Многу е важно претприемачите да развијат начин на размислување кој постојано бара повеќе можности за подобрување и иновација – не само надворешно, туку и интерно во сопствената организација. Интерното претприемништво е клучна алатка за секој бизнис што сака да расте и да се прилагодува на брзиот пазарен развој“, истакна Сандра Савановиќ-Стевановиќ.

Ова е концепт кој станува сè поважен во современото работење и кој има за цел да поттикне претприемачки начин на размислување како и развој на иновативни идеи внатре во организацијата, не само кај сопствениците на  бизниси, туку и во интерниот тим.

Во текот на овие три дена, преку интерактивни сесии и практични примери, учесниците имаа можност детално да се запознаат со програмата на овој модул и да работат на:

• развивање на претприемачки начин на размислување во компанијата,

• техники за генерирање иновативни идеи за развој на бизнисот,

• препознавање на можности за раст и решенија кои создаваат вредност за клиентите и компанијата,

• стратегии за проценка и управување со ризици кај новите иницијативи,

• подобрување на тимската соработка и динамика.

„Со оваа иницијатива одиме чекор понапред како финансиска институција која нуди многу повеќе од банкарски услуги. Како долгогодишни поддржувачи на храбрите претприемачи, континуирано вложуваме во знаење, развој и долгорочна одржливост на локалната бизнис заедница, бидејќи нашата мисија е да бидеме партнер кој постојано креира вредност и нови можности. Среќни сме што ПроКредит бизнис академијата е препознаена од претприемачите како корисна платформа за едукација, надградување, вмрежување и размена на искуства, каде преку иновативен пристап, интерактивни обуки и програми за развој овозможуваме поддршка во нивниот личен раст и во растот на нивните бизниси“, истакнуваат од ПроКредит Банка.  

Обука на тема “Интерно претприемништво”

Во периодот од април до октомври 2025 година во Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје ќе се одржуваат предавања со различни ментори во вкупно пет различни модули. По завршување на предавањата на учесниците ќе им бидат доделени сертификати.  

Банки

Тимот на Стопанска банка со повеќе награди на Бофосијада 2026 во Србија

Објавено

на

Тимот на Стопанска банка АД – Скопје оствари успешен настап на традиционалната, 24-та Бофосијада 2026, која се одржа во Република Србија, во конкуренција на банки од Балканот.

Претставниците на банката се вратија со повеќе спортски достигнувања, потврдувајќи ја добрата подготовка, тимскиот дух и натпреварувачката енергија.

Стопанска банка освои прво место во стрелаштво и пинг-понг во тимска категорија жени. Во индивидуална конкуренција, Беата Дорота Велјановска го освои првото место во стрелаштво, додека Петар Велинов беше најдобар во дисциплината тројки.

Машкиот тим на банката го освои второто место во одбојка и баскет 3×3, а беа забележани и четврти места во шах, куглање и стрелаштво во тимска категорија мажи. Слаѓана Глигоровска Арсески го освои четвртото место во стрелаштво во индивидуална конкуренција.

Покрај спортските резултати, Стопанска банка доби и признанија за сплотеност, поддршка и колегијалност. Синдикатот на Стопанска банка беше награден со пехар за сплотеност и учество, а Христина Тодоровска доби пехар за помагање и поттик на тимот.

Од банката порачаа дека спортот е одличен начин за зајакнување на тимскиот дух и честитаа на сите колеги кои учествуваа на турнирот.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка: Apple Pay овозможува безбедно плаќање со СТБ картичките

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје информира дека Apple Pay е безбеден начин за плаќање со СТБ картичките, со само еден допир или поглед, онлајн и во апликација.

Од банката посочуваат дека со користењето на Apple Pay се избегнува внесување на лични информации при плаќање, вклучувајќи го бројот на картичката или безбедносниот код.

Услугата е наменета за побрзо и поедноставно плаќање, со дополнителна заштита на податоците на корисниците.

Продолжи со читање

Банки

Со картичките на АЛТА Банка 20 отсто попуст во SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore

Објавено

на

Корисниците на платежните картички на АЛТА Банка (СТББТ) можат да остварат 20 отсто попуст во рестораните SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore.

Од банката информираат дека понудата е дел од програмата за поволности наменета за клиентите кои плаќаат со нивните картички, овозможувајќи им заштеда при користење на угостителските услуги во овие ресторани.

„Резервирајте вечера во добра атмосфера и уживајте во одлична заштеда. Со платежните картички на ALTA Банка (СТББТ), добивате 20% попуст во SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore“, соопштија од банката.

Од АЛТА Банка додаваат дека секое уживање е уште подобро кога е проследено со дополнителна заштеда за клиентите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange