Connect with us
no baners

Останато

Тренчевска: Економското зајакнување на жените е врвен приоритет на министерството

Објавено

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на панелот „Креирање политики и мерки кои поддржуваат родова еднаквост на работно место во С. Македонија“ како дел од конференцијата „Родова еднаквост на работното место“. Конференцијата беше во организација на Aлијанса за родова еднаквост (Gender Equality Alliance) поддржана од Консалтинг за стратешки развој (SDC) и USAID.

Секторот за Еднакви можности е главниот Владин механизам кој што работи на креирање на политики и спроведување на мерки во насока на имплементирање на родовата еднаквост во нашата држава. Како еден од главните чекори во исполнување на таа цел беше донесувањето на Стратегијата за родова еднаквост во 2022 година, која ќе биде со важност до 2027 година. Истата се спроведува преку акциски план на кој главните стратешки цели се да се спроведе ефикасен и ефективен механизам на национално и локално ниво за намалување на стереотипите поврзани со родовите улоги“ рече Тренчевска.

Министерката истакна дека целта е да се изгради култура на недискриминација и еднаквост во сите сфери на живеењето посочувајќи дека до крајот на 2024 година државата ќе биде во можност да ги измери и достигнувањата од мерките по претходно поставените индикатори.

Тренчевска зборуваше и за вклучувањето на жените на пазарот на труд, како дел од нејзината надлежност како Министерка за труд и социјална политика во државата.

Од Оперативниот план за вработување како најатрактивни мерки ги издвојувам мерката за самовработување, која им овозможува на жените да отворат свои бизниси. Речиси половина од корисниците се млади девојки. Тука ќе ја спомнам мерката за стекнување на ИТ вештини каде за оваа година ја зголемивме возрасната граница од 29 на 40 години за да оствариме опфат на повеќе жени. Преку ваквите мерки вклучуваме жени кои не можат да најдат работа, можам да посочам дека успешно ги извлекуваме од системот за социјална заштита и ги интегрираме на пазарот на трудот“ рече Тренчевска.

Министерката на крај од панелот ги посочи двете кампањи на Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра“ и „Остави трага“ кои ја поттикнаа дискусијата во општеството за поголемо економско зајакнување на жените. Таа истакна дека министерство во периодот кој што следи продолжува со своите заложби за унапредување на статусот на жените во државата.

no baners

Бизнис

Илон Маск предупредува: САД на работ на финансиски колапс!

Објавено

на

Илон Маск, извршниот директор на „Tesla“ и „SpaceX“, повторно алармира за сериозните ризици од растечкиот јавен долг на САД, предупредувајќи дека земјата се соочува со „практичен финансиски колапс“ доколку не се забрза технолошкиот развој и не се стави под контрола задолжувањето.

Според Маск, националниот долг на САД надминува 38,5 трилиони долари, додека годишните каматни плаќања се приближуваат до 1 трилион долари, износ што е поголем од буџетот за одбрана. Ова, како што истакнува Маск, создава сериозен фискален притисок и ја ограничува долгорочната економска стабилност.

„Без значителни иновации во вештачката интелигенција и роботиката, САД 1.000 проценти ќе банкротираат“, изјави Маск, нагласувајќи дека токму технолошкиот напредок може да обезбеди побрз економски раст и да ѝ даде на земјата време за фискална консолидација.

Тој додава дека развојот на напредните технологии може да доведе и до дефлациски притисоци, поради побрз раст на производството и услугите во однос на паричната маса, што дополнително го зголемува реалниот товар на долгот.

Иако, статусот на доларот како светска резервна валута ѝ овозможува на Америка поголема флексибилност во задолжувањето, Маск предупредува дека таквиот модел не е одржлив без сериозни инвестиции во технологија и продуктивност.

Во услови на растечки буџетски дефицити и зголемена загриженост за одржливоста на јавните финансии, пораката на Маск повторно ја отвора дебатата за улогата на иновациите како клучен фактор за долгорочна финансиска стабилност.

Фото: gazeta.ru

Продолжи со читање

Бизнис

Македонија добива уролог обучен за роботска хирургија на глобална програма

Објавено

на

Mакедонскиот уролог д-р Виктор Станков, од Универзитетската клиника за урологија во Скопје, кој е на меѓународна програма за едукација по роботска хирургија во Кина, доби признание за „Outstanding Fellow“, доделено во рамки на годишното собрание на болницата First Affiliated Hospital of Guangzhou Medical University во Гуангжу, каде што ја обавува едногодишната fellowship програма.

Станува збор за високо-специјализирана програма која се реализира во рамки на глобалната Endourological Society – водечка светска организација во областа на минимално инвазивната и роботската уролошка хирургија. Програмата овозможува интензивна практична обука и директно учество во комплексни роботски хируршки процедури со најсовремени технолошки системи.

Инаку признанието се доделува на учесници кои покажале исклучителни професионални резултати, посветеност и високо ниво на експертиза во текот на програмата.

Неговата едногодишна програма завршува наскоро, по што ќе се врати дома сертифициран за работа на робот. Со стекнатото знаење и практично искуство во областа на роботската хирургија, д-р Станков изразува подготвеност и амбиција да придонесе кон развојот на оваа високо-софистицирана медицинска гранка во земјата, со цел воведување и унапредување на најсовремените, минимално инвазивни хируршки техники.

„Се надевам дека знаењето стекнато во еден од најнапредните центри за роботска урологија ќе имам прилика да го споделам и имплементирам кај нас. Верувам дека Македонија ќе создаде клима и услови за да ги овозможиме придобивките од роботската хирургија и за нашите граѓани“, изјави д-р Станков.

Роботската хирургија претставува глобален тренд во современата медицина, овозможувајќи поголема прецизност, побрзо закрепнување и подобри клинички резултати за пациентите. Со неговото враќање, Македонија добива дополнителен капацитет за развој на оваа област и можност за приближување кон светските стандарди во уролошката хирургија.

Инаку ова е второ признание на Д-р Станков, тој претходно победи на натпреварот на млади уролози во Кина, каде од вкупно 200 учесници тој го освои првото место за најдобра презентација на операција. Натпреварот беше следен онлајн од 9000 уролози од цела Кина.

Продолжи со читање

Останато

Фон дер Лајен најавува голема реформа: На ЕУ и треба унифициран пазар на капитал за зголемување на конкурентноста!

Објавено

на

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Стразбур истакна дека пазарот на капитал во ЕУ е премногу расцепкан, со 27 различни финансиски системи и повеќе од 300 платформи за тргување, и дека неопходно е формирање на длабок и ликвиден европски пазар.

„На нашите компании им е потребен капитал веднаш. Мораме да напредуваме, на овој или на оној начин, за да ги елиминираме пречките и да станеме вистински глобален гигант“, рече Фон дер Лајен. Таа ја спореди Европа со САД, каде постои еден финансиски систем и пазар на капитал со неколку финансиски центри, што го олеснува пристапот до капиталот.

Европската комисија предложи усогласување на националните регулативи преку создавање на унија за штедење и инвестиции, но процесот на хармонизација останува предизвик поради различните национални приоритети. Фон дер Лајен повика на брз напредок, најавувајќи дека законодавните активности ќе продолжат дури и ако не сите земји членки се подготвени веднаш да ги редуцираат своите регулативи.

Обраќањето следува пред серија настани посветени на зголемување на конкурентноста на ЕУ, вклучително индустрискиот самит во Антверпен и утрешниот состанок на лидерите на ЕУ.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange