Банки
Светска банка: БДП годинава ќе порасне за 2,4 отсто, стапката на инфлација ќе биде 9,3 проценти
Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,4 отсто, следната од 2,7, а во 2025 од 2,9 проценти, прогнозира Светска банка во пролетниот Економски извештај за регионот на Европа и Централна Азија.
Стапката на инфлацијата, пак, годинава ќе достигне 9,3 отсто, во 2024 ќе се намали на 3 проценти, а во 2025 година ќе биде 2,0 проценти.
Светска банка во делот од извештајот за Северна Макеоднија наведува дека и покрај брзото закрепнување по ковид-пандемијата, енергетската криза го намали растот и ја подигна инфлацијата на највисоко ниво во последните две децении, оптоварувајќи ги јавните финансии во услови на пораст на трошоците за задолжување. Инфлацијата се забрза и го достигна врвот од близу 20 проценти кон крајот на 2022 година, поттикната од двоцифрениот раст на цените на храната и енергијата.
Високата инфлација создаде дополнителни предизвици. Сиромаштијата се намали умерено во 2022 година. Повисоките цени на храната и енергијата негативно влијаеја на благосостојбата на домаќинствата, особено кај помалку богатите кои трошат поголем дел од приходите на овие ставки и имаат помалку механизми за справување со повисоките цени. Мерките за поддршка на Владата, вклучително и субвенциите за електрична енергија и зголемувањето на минималните плати за 18 отсто, според СБ, до одреден степен го ублажија шокот.
Растот на корпоративните кредити, наведува банката, остана стабилен до декември 2022 година, иако влошувањето на финансиските услови во време на пораст на влезните трошоци и трошоците за позајмување може да влијае на перформансите на фирмите и да го наруши кревкото закрепнување. Преклопувачките кризи, исто така, имаа негативен фискален ефект и значително го намалија фискалниот простор за поддршка на растот на среден рок. Јавниот долг се намали на 59,6 отсто од БДП во 2022 година, но заостанатите долгови се зголемија на 3,2 отсто, додека примарниот дефицит остана висок, а субвенциите на државната компанија за електрична енергија за покривање на загубите достигнаа 2,4 отсто од БДП.
СБ посочува и дека банкарскиот сектор кредитирањето останале стабилни во 2022 година. Централната банка ја зголеми основната каматна стапка на 5,25 отсто за да ги спречи инфлаторните очекувања, курсот на денарот остана стабилен, а девизните резерви се опоравија од загубите направени на почетокот на војната во Украина.
Враќањето на долгорочните изгледи за раст на земјата ќе зависи од очекуваните реформи и политичките активности кои треба да се фокусираат на обновата на одржливоста и отпорноста на шокови за да се спречат идни назадувања на растот.
Структурните реформи за поттикнување на среднорочниот раст треба да бидат приоритет во пресрет на изборите во 2024 година.
Среднорочните изгледи за раст се позитивни, а надолните ризици стивнаа со олеснување на условите за финансирање и затоа што земјата обезбеди финансирање за 2023 година. Се очекува растот во 2023 година да се зголеми на 2,4 отсто, што е за 0,3 под под прогнозата од есенскиот извештај, пред се поради нарушувањата предизвикани од војната во Украина и долготрајната енергија криза.
Се предвидува растот да остане под потенцијалот, но умерено да се забрза како што започнуваат големите јавни инвестиции и очекуваните странски директни инвестиции
Стапката на инфлација се очекува годинава да забави под претпоставка дека енергетската криза ќе стивне.
Додека основните ризици остануваат и се тесно поврзани со економските изгледи на главните трговски партнери на земјата, напредувањето во преговорите за пристап во ЕУ може да го обезбеди многу потребниот поттик за реформи и економски раст.
Во исто време, зголемената политичка неизвесност и парламентарниот ќорсокак пред изборите би можеле да го одложат спроведувањето на клучните реформи. Конечно, повисоката од очекуваната инфлација може да предизвика позначајно затегнување на монетарната политика што дополнително може да ги ограничи опциите за финансирање и да ја потисне економската активност, стои во делот од извештајот на Светска банка за Северна Македонија.
Банки
АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР СТАБИЛЕН, ЈЕНОТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – инвеститорите будно ги следат ФЕД и Банката на Јапонија!?
Јапонскиот јен падна за 0,3% на 153,15 за американски долари по силните добивки минатата недела, откако економијата на Јапонија порасна за минимални 0,2% во декември, далеку под очекувањата за 1,6%. Разочарувачките податоци ја нагласуваат тешката задача на премиерката Санае Такаичи и потенцијално го искомплицираат патот за затегнување на монетарната политика на Банката на Јапонија, чија клучна каматна стапка е на 0,75%, која останува далеку под нивото на повеќето големи светски економии.
Американскиот долар остана стабилен, поддржан од податоците за инфлацијата кои ги зајакнуваат аргументите за можно олабавување на каматните стапки од Федералните резерви подоцна оваа година. Фјучерсите имплицираат намалување од околу 62 базични поени, со најверојатна следна промена во јуни.
Еврото се тргуваше на 1,1863 долари, фунтата на 1,36395 долари, а швајцарскиот франк благо ослабна на 0,7686 за американски долар. Австралискиот долар се зацврсти на 0,70865, додека новозеландскиот долар падна на 0,6033 пред очекуваниот состанок за монетарна политика на Резервната банка на Нов Зеланд.
Аналитичарите предупредуваат дека глобалните валутни движења остануваат чувствителни на фискални мерки, централнобанкарски политики и економските податоци во Кина, Јапонија и САД.
Банки
Беркан Имери, Александар Иљов и Мухаммед Хаџипази реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје
Халкбанк АД Скопје соопштува дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија, од 3 февруари 2026 година, е одобрено продолжување на мандатите на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи-Пази.
„Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи – Пази, сметано од 03.02.2026 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.
Промените се официјално упишани во Централниот регистар на 6 февруари 2026 година. Тројцата ќе продолжат да ги извршуваат функциите на Извршен директор и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.
Халкбанк ја истакнува стабилноста и континуитетот во менаџментот како клучен предуслов за понатамошен развој и успешни финансиски резултати.
Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:
- Д-р Фатих Шахбаз – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
- Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Мухаммед Хаџипази – Извршен Директор и член на Управен одбор;
Банки
ЕЦБ го отвора Фондот за ликвидност во евра на глобално ниво – нов чекор за јакнење на меѓународната улога на еврото
Европската централна банка (ЕЦБ) најави проширување на својот Фонд за ликвидност во евра, со што механизмот ќе стане достапен за централните банки ширум светот, со цел зајакнување на меѓународната позиција на единствената европска валута.
Преку REPO линиите, централните банки ќе можат да обезбедат евро-ликвидност под поволни финансиски услови. Досега, овој инструмент беше ограничен на помал број земји, главно од Источна Европа.
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, истакна дека во услови на зголемена глобална нестабилност, централната банка мора да биде подготвена и флексибилна. „Овој механизам е важен инструмент за зацврстување на еврото на светската сцена“, изјави Лагард на Минхенската безбедносна конференција.
Се очекува новиот модел да биде операционален од третиот квартал на 2026 година. Исклучок ќе бидат институциите поврзани со перење пари, финансирање тероризам или субјекти под меѓународни санкции.
Одлуката доаѓа во период на зголемена несигурност околу доларот и американските економски политики, што дополнително го зајакнува интересот за еврото како стабилна глобална валута.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециГолема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација





