Банки
Стопанска банка АД Скопје прокнижи 11,4 милиони евра во првите три месеци од 2023 година
Деловното опкружување во првиот квартал од 2023 година претставува континуитет на исклучително сериозните предизвици со кои економиите и бизнисите, како глобално така и на ниво на домашната економија, се соочија во претходната 2022 година. Војната во Украина, енергетската криза, инфлаторните притисоци што достигнуваат децениски максимум и како последица на сето тоа, затегнувањето на монетарните политики на централните банки, неминовно доведува до негативни ефекти и ги влошува изгледите за глобалниот економски раст. Во тој контекст, деловното опкружување и во Република С.Македонија се карактеризира со забавување на растот на БДП, кој според очекувањата, треба да биде на ниво од скромни нешто над 2%, додека според проекциите на Меѓународниот монетарен фонд за 2023, треба да достигне само 1,4%. Банкарскиот сектор продолжува да испорачува значајна кредитна поддршка на реалниот сектор и домаќинствата, како и стабилност и сигурност за националното штедење во форма на банкарски депозити.
Во согласност со очекувањата, во првиот квартал од 2023 година, Стопанска банка АД Скопје (во натамошниот текст: СБ или Банката) оствари добивка пред оданочување и резервации во износ од 1.151.593 илјади денари, што е 25% повеќе споредено со претходната година. Истовремено, врз основа на прудентните политики на Банката за управување со ризиците, имајќи ги предвид сите предизвици што ги носи тековното деловно опкружување, глобално и на ниво на домашната економија, во текот на првиот квартал од 2023 година, Стопанска банка АД Скопје издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 375.149 илјади денари. Со тоа, добивката на Стопанска банка АД Скопје пред оданочување на 31.03.2023 година изнесува 776.444 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година е повисока за 5%. Во најголем дел, ова е резултат на зголемени приходи по сите основи заради континуираниот тренд на зголемување на обемот на деловни активности, како и зголеменото кредитно портфолио на Банката. Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката, која на 31.03.2023 година изнесува 121.240.794 илјади денари. На тој начин, Банката, во согласност со својата деловна стратегија продолжува со раст на обемот на нејзините бизнис-активности.
Во натамошниот текст ќе бидат претставени одделните позиции од билансот на успех и од билансот на состојба на Банката.
Биланс на успех
Нето-приходите од камати изнесуваат 1.289.288 илјади денари и се зголемени за 30 % во однос на истиот период од минатата година, како резултат на интензивните кредитни активности и зголеменото кредитно портфолио на Банката и трендот на раст на каматните стапки.
Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 207.386 илјади денари и се намалени за 3 % во однос на анализираниот период во 2022 година, што се должи на зголемени расходи од провизии поради повисоките трошоци за обезбедување на овие услуги, пред сè во делот на платните и картичните трансакции.
Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 9 % и изнесуваат 45.279 илјади денари, како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.
Останатите приходи од дејноста изнесуваат 123.289 илјади денари.
И покрај ценовните флуктуации и високата инфлација, Банката успеа да ги ограничи оперативните трошоци од работењето и да ги одржи на релативно стабилно ниво, при што на 31.03.2023 година трошоците за вработени изнесуваат 250.062 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 229.115 илјади денари.
Во анализираниот период, врз основа на прудентниот пристап во управувањето со ризиците, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 375.149 илјади денари.
Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 1.151.593 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 31.03.2023 година изнесува 776.444 илјади денари, што е за 5 % повисоко во однос на истиот период од минатата година.
Биланс на состојба
Вкупната актива на Банката изнесува 121.240.794 илјади денари.
Паричните средства и парични еквиваленти споредени со крајот на 2022 година се пониски за 3.410.756 илјади денари, што се должи на редовна сезонска флуктуација на средствата на некои од поголемите депоненти на Банката.
Кредитите на и побарувања од други комитенти нето изнесуваат 86.445.863 илјади денари и се приближно на исто ниво во однос на крајот од минатата година.
Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 294.537 илјади денари и се приближно на исто ниво во однос на крајот од минатата година.
Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 11.457.231 илјади денари и забележаа зголемување од 10 % споредено со крајот на минатата година.
Останатите побарувања забележаа пораст од 7 % и изнесуваат 2.769.197 илјади денари.
Вкупните депозити на други комитенти изнесуваат 92.419.934 илјади денари.
Капиталот и резервите изнесуваат 22.894.732 илјади денари, што претставува зголемување за 3 % во однос на крајот на 2022 година.
Очекувања за претстојниот период
Во следниот период се очекува продолжување на деловните активности во согласност со дефинираниот деловен план на Банката со целосна ориентираност кон поддршка на клиентите, прудентно управување со ризиците и одржување на високата стабилност, сигурност и ефикасност во сите сегменти од нејзиното работење. Исто така, Банката продолжува со реализација на започнатите проекти, пред сè, во делот на дигитализацијата, како и подготовка на понуда на нови услуги. Секако, фокусот останува на редовното и ефикасно извршување на основните деловни активности, одржување на лидерското пазарно учество од околу 27 % во сегментот на кредитирање на население, со фокус за натамошно зголемување на пазарното учество во делот на кредитирање на компаниите, кое на крајот на март 2023 година достигна 16,4 %.
Грижата за општествената заедница како и секогаш останува во зацртаната агенда на Банката, преку реализација на повеќе проекти кои станаа препознатливи во заедницата, како и со повеќе донации – како пред пандемијата така и за време на пандемијата. При крајот на првиот квартал годинава, Банката ја реализираше и втората фаза од проектот „Зелен ѕид“ засадувајќи нови 300 високи садници дрвја во Скопје, долж Кејот на реката Вардар од Националната арена „Тоше Проески“ до мостот „Близнак“. Со проектот што ќе се одвива во период од две години, Банката има за цел да го зголеми фондот на дрвја во Градот со домашни видови липа, црвен даб, багрем, јавор, црвен јавор и прунус и со тоа да засади нов зелен појас кој, како што ќе расте низ годините, ќе ја подобрува животната средина за сите нас.
Истовремено, покрај клиентите и пошироката заедница, Банката продолжува и понатаму со соодветна грижа и посветеност кон своите вработени.
Банки
АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР СТАБИЛЕН, ЈЕНОТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – инвеститорите будно ги следат ФЕД и Банката на Јапонија!?
Јапонскиот јен падна за 0,3% на 153,15 за американски долари по силните добивки минатата недела, откако економијата на Јапонија порасна за минимални 0,2% во декември, далеку под очекувањата за 1,6%. Разочарувачките податоци ја нагласуваат тешката задача на премиерката Санае Такаичи и потенцијално го искомплицираат патот за затегнување на монетарната политика на Банката на Јапонија, чија клучна каматна стапка е на 0,75%, која останува далеку под нивото на повеќето големи светски економии.
Американскиот долар остана стабилен, поддржан од податоците за инфлацијата кои ги зајакнуваат аргументите за можно олабавување на каматните стапки од Федералните резерви подоцна оваа година. Фјучерсите имплицираат намалување од околу 62 базични поени, со најверојатна следна промена во јуни.
Еврото се тргуваше на 1,1863 долари, фунтата на 1,36395 долари, а швајцарскиот франк благо ослабна на 0,7686 за американски долар. Австралискиот долар се зацврсти на 0,70865, додека новозеландскиот долар падна на 0,6033 пред очекуваниот состанок за монетарна политика на Резервната банка на Нов Зеланд.
Аналитичарите предупредуваат дека глобалните валутни движења остануваат чувствителни на фискални мерки, централнобанкарски политики и економските податоци во Кина, Јапонија и САД.
Банки
Беркан Имери, Александар Иљов и Мухаммед Хаџипази реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје
Халкбанк АД Скопје соопштува дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија, од 3 февруари 2026 година, е одобрено продолжување на мандатите на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи-Пази.
„Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи – Пази, сметано од 03.02.2026 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.
Промените се официјално упишани во Централниот регистар на 6 февруари 2026 година. Тројцата ќе продолжат да ги извршуваат функциите на Извршен директор и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.
Халкбанк ја истакнува стабилноста и континуитетот во менаџментот како клучен предуслов за понатамошен развој и успешни финансиски резултати.
Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:
- Д-р Фатих Шахбаз – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
- Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Мухаммед Хаџипази – Извршен Директор и член на Управен одбор;
Банки
ЕЦБ го отвора Фондот за ликвидност во евра на глобално ниво – нов чекор за јакнење на меѓународната улога на еврото
Европската централна банка (ЕЦБ) најави проширување на својот Фонд за ликвидност во евра, со што механизмот ќе стане достапен за централните банки ширум светот, со цел зајакнување на меѓународната позиција на единствената европска валута.
Преку REPO линиите, централните банки ќе можат да обезбедат евро-ликвидност под поволни финансиски услови. Досега, овој инструмент беше ограничен на помал број земји, главно од Источна Европа.
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, истакна дека во услови на зголемена глобална нестабилност, централната банка мора да биде подготвена и флексибилна. „Овој механизам е важен инструмент за зацврстување на еврото на светската сцена“, изјави Лагард на Минхенската безбедносна конференција.
Се очекува новиот модел да биде операционален од третиот квартал на 2026 година. Исклучок ќе бидат институциите поврзани со перење пари, финансирање тероризам или субјекти под меѓународни санкции.
Одлуката доаѓа во период на зголемена несигурност околу доларот и американските економски политики, што дополнително го зајакнува интересот за еврото како стабилна глобална валута.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециГолема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација





