Connect with us
no baners

Продукти

Штеди паметно и сигурно – 2,3% камата за орочени депозити во евра со ПроКредит Банка

Објавено

на

Поттикнување на културата за штедење, инвестирање во финансиска едукација и одговорно банкарство, се главните постулати кон кои безусловно е посветено работењето на ПроКредит Банка.

Имајќи го предвид фактот дека ПроКредит Банка е единствената банка на пазарот која поседува кредитен рејтинг од меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings, која и оваа година го потврди високиот кредитен рејтинг ’’БББ-‘’, штедачите можат да бидат сигурни дека нивните орочени депозити ќе бидат стабилни и безбедни. Показател за довербата која што ја имаат клиентите во банката е значителното зголемување на депозитната база од 17%, над 17% раст на бројот на бизнис клиенти и над 12% на физички лица. Покрај тоа, високиот квалитет на кредитно портфолио со ниско ниво на нефункционални кредити од 1,78% е уште еден показател за квалитетното работење на банката.

Во најновата кампања, ПроКредит Банка нуди најатрактивна каматна стапка на пазарот за орочени депозити во евра. Покрај сигурната заштеда за иднината, орочениот депозит на ПроКредит Банка носи и дополнителни поволности за клиентите:

  • Фиксна и загарантирана каматна стапка до крајот на периодот на орочување
  • 2,2% за евра за период од 25 месеци, и 2,3% за евра за приматели на плата во ПроКредит Банка
  • Исплата на каматата на месечно ниво
  • Можност за орочување на заштеда директно преку е-банкарство
  • Високо-професионална услуга и поддршка од личен банкарски советник
  • Сигурна заштеда во општествено одговорна банка која инвестира во зелени проекти

Она по што ПроКредит Банка е препознатлива и високо вреднувана од своите клиенти е фактот што е целосно дигитализирана банка, па токму дигиталните банкарски услуги, меѓу кои и можноста за орочување на заштеда директно преку платформата е-банкарство. Сепак, иако сите операции се изведуваат дигитално, можноста за персонализиран пристап кон секој еден клиент останува она по кое ПроКредит се издвојува од останатите.

„Како единствена банка која е целосно дигитализирана, овозможуваме квалитетна 24/7 поддршка на нашите клиенти. Од отворање трансакциски и штедни сметки онлајн, па сè до потпишување на договори, ПроКредит нуди целосно дигитализираниот процес, со професионална и квалитетна услуга за секој клиент. Индивидуалниот пристап и личниот банкарски советник по кој сме препознатливи нè прави прв избор за младите инвеститори, за малите и средните претпријатија и воедно за сите поединци кои имаат потреба од професионален, квалитетен и достапен партнер“, велат од ПроКредит банка.

Повеќе информации за промотивните депозити може да најдете на веб страницата на ПроКредит Банка: https://www.pcb.mk/aplikacija-za-otvoranje-orocen-depozit.nspx

Банки

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

Објавено

на

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.

НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.

Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.

Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите. 

Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.

Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.

Продолжи со читање

Осигурување

Сава Осигурување нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците

Објавено

на

Сава Осигурување нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.

Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.

Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.

Од Сава Осигурување велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.

Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.

Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

Услови на кредитната линија:

  • Износ од 5.000 до 250.000 евра
  • Рок на отплата до 5 години
  • Месечни, квартални или полугодишни ануитети
  • Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
  • Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%

Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).

Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange