Connect with us

Електронско банкарство

Зегин онлајн повторно се закити со награда за најпопуларна е-продавница за 2022 година

Објавено

на

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и оваа година се одржаа Ecommerce Awards- награди за избор на најдобрите во македонската е-трговија.

И оваа година компанијата Зегин со е- продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои третото место во категоријата ”Најпопуларна е-продавница”, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкуренстноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци. Онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk функционира две години, а доказ за успешноста е токму оваа награда која претставува одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина – велат од компанијата.

Во тој контекст , по барање и на задоволство на купувачите, оваа година услугите на онлајн продавницата www.zegin.com.mk се прошируваат и се достапни во сечиј дом на територијата на целата држава, за уште подобро, полесно и подостапно купувачко доживување.

Домашни банки

2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Објавено

на

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

За уште подобро корисничко искуство – Нов изглед и нови функционалности на ПроКредит мобилната апликација

Објавено

на

ПроКредит Банка ја претстави најновата, унапредена верзија на апликацијата за мобилно банкарство, со нов, подобрен кориснички интерфејс кој е практичен и интуитивен, и нуди лесна навигација низ бројните функционалности. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

AETM: Моменталните законски решенија го кочат растот на е-трговијата

Објавено

на

На овогодинешната конференција за е-трговија која се одржа на 11 ноември во Скопје беше промовирана годишната Анализа на е-трговијата 2022 година со наслов „E-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2022 година”, каде што беа презентирани клучните сознанија за состојбата на е-трговијата во земјата и регионот, според кои може да се забележи напредок и раст во бројот и обемот на онлајн трансакции, зголемена понуда на производи и услуги кои што можат да се купат онлајн, но и бројни предизвици и бариери со кој што се соочуваат е-трговците. Една од бариерите која произлезе од анализата е неусогласеноста на домашната регулатива со регионот и ЕУ – што преставува пречка за меѓународна продажба на други пазари во регионот и искористување на поволностите на е-трговијата. Она што уште повеќе загрижува е тоа што домашните трговци се соочуваат и со бројни проблеми и при е-продажбите на домашниот пазар, а како резултат на несоодветните и нејасни законски решенија кои влијаат ограничувачки на понатамошниот раст на е-трговијата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно