Продукти
Штедете паметно со ПРОМО депозитот на Халкбанк и обезбедете си сигурна иднина!
Штедењето е еден од најважните финансиски чекори за обезбедување на стабилна иднина. Без разлика дали штедите за долгорочни цели како купување дом, образование на децата или создавање фонд за итни случаи, клучно е да изберете соодветен производ што ќе ги максимизира вашите заштеди. Со внимателно планирање и вложување, може да ги зголемите вашите средства и да си обезбедите финансиска сигурност во годините што доаѓаат.
Штедењето ви овозможува не само да се справите со непредвидени ситуации, туку и да го планирате вашиот живот со поголема финансиска слобода и стабилност.
И секако, важно е да изберете безбедна и сигурна банка што ќе биде ваш долгорочен партнер при ова и секое следно финансиско вложување и која домаќински ќе управува со вашите средства. Таков сигурен партнер кој секогаш води грижa за своите клиенти и креира производи со атрактивни услови е Халкбанк АД Скопје. Покрај најразличните депозитни производи кои ги нуди банката, во моментот можеби најинтересен, пред сè поради прилично атрактивната камата, е ПРОМО депозитот.
ПРОМО депозитот на Халкбанк е идеално решение за штедење со атрактивни услови и сигурност. Со минимален износ на вложување од 30.000 денари или 500 евра, корисниците можат да ги искористат предностите на фиксната каматна стапка од 4,00% со рок на орочување од 13 месеци за штедење во денари, односно 3,10% за штедење во евра.
Рокот за штедење со овој производ е до 13 месеци, без можност за дополнителни уплати и повлекувања на средства, а каматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување. Оваа понуда за ПРОМО депозитот важи до крајот на октомври оваа година.
Бизнис
УЈП воведува „паметно“ управување со даночните долгови: нова стратегија за реална Листа на должници
Во рамки на стратешката иницијатива за зајакнување на административните капацитети, Управата за јавни приходи започнува имплементација на зајакнат системски пристап во управувањето со долговите на даночните обврзници, насочен кон јасен фокус, поголема ефикасност и реални резултати.
Клучен чекор во овој процес е донесувањето на Стратегија за реална и наплатлива Листа на должници, со која листата повеќе нема да биде архива на историски податоци кои се резултат на наталожени и неажурирани состојби во даночните регистри и евиденции, која низ годините стана обемна и го отежнува правилното согледување на даночните побарувања на државата и планирањето на мерките. Целта е да се воспостави реална и употреблива база на податоци како здрава основа за подобро насочување на ресурсите и поефикасна наплата.
„Прочистувањето на Листата на должници не значи откажување од наплатата, туку јасен фокус за правилни мерки врз основа на класификација и категоризација на долговите. Чистите податоци се основа за ефикасна наплата“, истакнува директорката на УЈП м-р Елена Петрова.
Како дел од системскиот пристап, спроведуваме и реорганизација на оперативните надлежности за наплата на долгови, преку разграничување меѓу масивните, рутински постапки (блокади на сметки), постапките кои бараат индивидуализиран пристап кон должникот (присилна наплата од имот, приходи и побарувања на должникот) и најсложените случаи во кои се применуваат специфични мерки (судски постапки, гаранции и сл.).
Дополнително, УЈП донесе Повелба за формирање на Центар за даночно извршување, со цел зајакнување на теренските капацитети за лоцирање на движен и недвижен имот на должник, правилна процена на неговата вредност и поефикасно впаричување.
Со овие мерки, УЈП преминува кон „паметно“ управување со даночните долгови, засновано на реални податоци, јасна приоретизација на случаите и рационално користење на институционалните ресурси. Очекуваните ефекти од овој пристап се: подобрена наплата, намалување на даночниот јаз поврзан со ненаплатени даночни обврски и зголемување на транспарентноста и кредибилитетот на податоците за даночните побарувања на државата.
Банки
НЛБ Банка: Промотивна каматна стапка од 5,7% за потрошувачки кредит до 16 април
НЛБ Банка ги потсетува граѓаните на актуелната промотивна понуда за потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,7 проценти, која е достапна до 16 април. Максималниот износ на кредитот изнесува до 2.000.000 денари, со можност за флексибилен рок на отплата.
Од банката посочуваат дека кредитот може да се аплицира на едноставен начин во експозитурите или дигитално преку мобилната апликација мКлик. Дигиталниот процес овозможува аплицирањето да се заврши со само неколку чекори, а одобрените средства да бидат достапни за кратко време.
Промотивниот потрошувачки кредит овозможува финансирање до 2 милиони денари, со фиксна каматна стапка од 5,7 проценти за целиот период на отплата и рок до 95 месеци.
Од НЛБ Банка нагласуваат дека ваквите кредитни решенија се наменети за сите кои сакаат брзо и едноставно да ги реализираат своите планови, со можност целата постапка да се заврши и дигитално преку мобилен телефон.
Банки
АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции
Со цел дополнително зголемување на безбедноста при интернет плаќањата и усогласување со новите регулаторни барања кои стапија во сила од 1 март 2026 година, АЛТА банка АД Битола воведува засилена автентикација при онлајн плаќања со платежни картички.
Како дел од оваа новина, Банката ја воведува новата мобилна апликација ALTA Bank2Go, преку која корисниците ќе можат брзо и едноставно да ги потврдуваат интернет трансакциите преку push нотификации на својот мобилен уред. Овој начин на потврда овозможува побрз, поедноставен и посигурен процес при извршување на онлајн плаќањата.
Засилената автентикација (Strong Customer Authentication – SCA) претставува дополнителен безбедносен механизам кој значително го намалува ризикот од злоупотреба и неовластени трансакции, обезбедувајќи повисоко ниво на заштита при онлајн плаќањата.
Користењето на апликацијата ALTA Bank2Go е бесплатно, а за нејзино користење потребно е клиентите да бидат регистрирани и активни корисници на постоечката мобилна апликација Bank2Go, која е наменета за секојдневни банкарски услуги како увид во состојба, плаќања и трансфери.
Со воведувањето на ова решение, АЛТА банка продолжува да инвестира во современи дигитални услуги со цел да обезбеди повисоко ниво на безбедност и поедноставно банкарско искуство за своите клиенти.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 1 месец„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски




