Connect with us

Банки

Халк Банка АД Скопје поднесе апликација за членство во СЕПА која е потврдена од страна на Европскиот платен совет

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје официјално ја поднесе својата апликација за членство во Единственото подрачје за плаќања во евра (СЕПА) до Европскиот платен совет за која
советот потврди дека е успешно поднесена. Со ова банката ќе биде вклучена во Регистарот на учесници во шемите Евроскиот платен совет на 13 јуни 2025 година.

Овој значаен чекор ја потврдува посветеност да банката да обезбеди на своите клиенти брзи, сигурни и економични решенија за плаќања низ Европа.

Со членството во СЕПА, Халкбанк АД Скопје ќе им овозможи на своите клиенти да извршуваат и примаат плаќања во евра под исти услови, со иста леснотија и ефикасност како во рамките на националните граници. Ова значи побрзи трансакции, пониски трошоци и поголема удобност за физичките лица и бизнисите кои работат на европскиот пазар.

Визијата на банката е да биде водечка банка во регионот, нудејќи иновативни и достапни финансиски услуги. Поднесувањето на апликацијата за СЕПА е дел од стратегијата на банката за интеграција во европскиот финансиски екосистем, со што дополнително ја зајакнува позицијата на доверлив партнер за финансиски потреби на населението и бизнис заедницата.

Со пристапот во СЕПА регионот, кој е сочинет од 41 земјa-членкa со преку 4.000 учесници во платежната шема, се очекува банката да биде оперативнo подготвена на почетокот на октомври 2025 година.

Халкбанк АД Скопје останува посветена на иновациите и на обезбедување на најсовремени решенија за финансиски услуги, во чекор со европските и глобалните стандарди.

Банки

Бесплатно патничко осигурување со Debit Mastercard Business од Комерцијална банка

Објавено

на

Корисниците на Debit Mastercard Business картичката од Комерцијална банка добиваат бесплатно патничко осигурување преку Триглав Осигурување Македонија.

Осигурувањето обезбедува заштита при патување во времетраење од 15 дена во текот на годината и важи на територијата на цела Европа, вклучувајќи ги Турција и Русија.

Полисите се обновуваат секоја година за сите активни картички, со што деловните корисници добиваат дополнителна сигурност и практична поддршка за време на службените и приватните патувања.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Културата е важна: Халкбанк ја продолжува посветената поддршка на македонската културна сцена

Објавено

на

Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во текот на летото ќе следуваат и голем број партнерства со различни културни и музички настани.

Дел од широката листа на настани што во претстојниот период ќе бидат дел од платформата за поддршка „Важна е културата“ се:

  • Ohrid Beach Film Fest, 22–26 јули, Охрид
  • Галичник Филм Фест, 31 јули – 3 август, Галичник
  • Македокс, 20–27 август, Скопје
  • 30 години Фолтин, 29 август, Хераклеја, Битола
  • Ѕирни, филмски и музички фестивал, 28 септември – 5 октомври, Скопје
  • Skopje Vinyl Convention, септември, Скопје
  • Култиватор Фестивал, септември/октомври, Скопје

Како дел од партнерството со овие настани и иницијативи, корисниците на услугите на Халкбанк ќе можат да користат и ексклузивни придобивки, изненадувања и подароци.

„Културата е важна, неопходна и клучна. Кога зборуваме за култура, всушност зборуваме за нишка што ги поврзува луѓето, идеите и вредностите што траат и остануваат. Нашата цел е да ја поддржиме културата и културниот живот во време кога поддршката на иницијативите, настаните и фестивалите е клучна. Оваа наша поддршка не почнува сега, ниту, пак, завршува со оваа платформа. Веќе традиционално, повеќе од пет години
поддржуваме голем дел од овие иницијативи, а добредојдени се и други што имаат потенцијал и на кои им е потребна поддршка“
, вели Маја Наумовска Савеска, директорка за маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.

Со платформата за поддршка „Важна е културата“, Халкбанк ја продолжува својата определба да поддржува проекти што создаваат вредност за заедницата и ја прават културата повидлива и подостапна за сите.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк подарува ваучери за гориво за првите 50 нови онлајн платежни сметки

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје објави промотивна понуда за отворање онлајн платежна сметка.

Првите 50 корисници што ќе отворат сметка преку дигиталниот канал на банката ќе добијат ваучер за гориво во вредност од 1.000 денари.

Од банката ги повикуваат заинтересираните да ја искористат понудата и да ја завршат постапката за отворање сметка онлајн.

Дополнителни информации за условите и начинот на аплицирање се достапни преку официјалните канали на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange