Банки
ПроКредит ја обнови платформата “Школа за новинари” – првиот настан со фокус на ESG концептот
Во пријатна и работна атмосфера помина новото издание на Школата за новинари, која се одржа на 22 јуни во просториите на Академијата на ПроКредит Банка во Велес, во организација на ПроКредит банка. Во согласност со својата посветеност за одговорно банкарство и одржлив развој, темата на овој настан беше „Одговорност во пракса: Разбирање на ESG концептот.”
ESG практиките и известувањата според ESG брзо се наметнаа како актуелни прашања од глобален интерес, кои го опфаќаат односот на компаниите кон животната средина, кон општественото окружување во коешто делуваат и кон корпоративното управување на компанијата.

За предавачи и говорници на Школата внимателно беа избрани докажани експерти од областите на економијата, претприемаштвото, економското новинарство и комуникациите. Во своите излагања говорниците се осврнаа на значењето на ESG
(Environmental, Social and Governance) стандардот и неговата поширока примена при новинарското известување и корпоративното работење, како поттик за одговорни практики и поставување на позитивен пример во општеството. Се акцентираа долгорочните придобивки од навременото имплементирање на ESG стандардите за одговорно управување, мерење и намалување на штетното влијание предизвикано од активностите на компанијата, како и правилно искористување на човековиот капитал.

„ESG е влезено во ДНК на функционирање на системот и веќе не е прашање дали да се имплементираат овие стандарди. За да бидат прифатливи за пазарот на ЕУ, неопходно е домашните компании да ги вклучат во своето работење. Ова е трка на долги патеки. Потребно е компаниите преку својот личен пример да бидат поттик за останатите да ги следат”, изјави Зоран Мартиновски, истакнат професионалец во доменот на развојните финансии со над 30-годишно меѓународно деловно искуство, осврнувајќи се на значењето на ESG како нов концепт во работата и функционирањето на компаниите на глобално ниво.
Недостатокот на квалитетен кадар, но и на работна сила воопшто, е горлив проблем со кој се соочува не само светскиот, туку и домашниот бизнис сектор. Промена на односот кон вработените во компаниите, вистинско вреднување на трудот, континуирано вложување во вработените и респективно менаџирање со човечкиот потенцијал, се клучни за зачувување на квалитетниот кадар во државата.
Токму медиумите како седма сила, ја имаат моќта да бараат одговорност од компаниите за поголема транспарентност, редовно да ги потсетуваат за влијанието што го имаат во општеството и животната средина, но пред сѐ кон вработените, како круцијална движечка сила. Како јадро на критичка мисла и поттикнувачи на промените, потребна е соодветна едукација на новинарите како да се движат низ нефинансиските извештаи, како да itGroup откријат greenwashing (однесување или активност што ги тера луѓето да веруваат дека компанијата прави повеќе за да ја заштити животната средина отколку што навистина прави), како и кои прашања да ги постават за да стигнат до вистината за одговорното однесување на компаниите.

Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит банка го истакна позитивниот пример на банката во имплементација на одговорни практики на работа веќе 20 години.
„Концептот на управување според ESG стандарди е длабоко интегриран во работењето на ПроКредит банка веќе долги години, и споделувајќи го својот успешен пример, нашата цел е да поттикнеме позитивни промени во општеството и во бизнис заедницата. Неслучајно и ја одбравме оваа тема како прва во низата настани кои следат под платформата „Школа за новинари”, со цел да ја потенцираме улогата и одговорноста на сите страни во градење одржлива иднина. Горди сме што сме лидери во банкарскиот сектор во примена на ESG практики, со силна посветеност кон нашите клиенти и заедницата во кoja работиме. Соочени со предизвиците на денешницата, сметаме дека овој принцип на работа станува сè поважен во периодот кој следи, а тоа дополнително нè мотивира уште повеќе да се посветиме и активно да инвестираме во долгорочен развој на економијата, општеството и екологијата”, додаде тој.
Промовирајќи позитивна и одговорна култура на работење, ПроКредит транспарентно ги објавува своите резултати во ESG извештаи, кои се достапни на нивната веб-страница.
„Извештајот за одржливост е документ кој ПроКредит го објавува јавно на својата веб странца секоја година, како нефинансиски извештај за влијанието кое сме го оставиле позади нас изминатата година, вклучувајќи транспарентни и мерливи податоци за нашите еколошки практики, намалување на ЦО2 емисии, поддршката на МСП секторот, начинот на управување, третманот на вработените. Целта на овој извештај е да ги следиме трагите кои ги оставаме позади нас, и да инвестираме во подобрување на перформансите. Само на ваков, транспарентен начин на известување, можеме да зборуваме за систематизиран пристап кон одговорни практики”, истакна меѓу другото Добринка Стефанова, координатор на секторот за управување со животна средина во ПроКредит банка.

На панел дискусијата „ESG во пракса на локалниот пазар”, на која земаа учество и Зоран Радоњанин, ко-сопственик на Фејдом, Владимир Златковски, директор на продажба и маркетинг во Винербергер, Ирена Јакимовска сопственичка и управителка на Комфи Ангел, се отвори прашањето како да се мотивираат домашните компании да го применат овој концепт, при тоа не стравувајќи за својот опстанок. Искуствата на овие компании се позитивни и претставуваат светол пример за навремено фаќање ритам со светските новини во бизнисот.
Панелистите се согласија дека профитот не треба да биде единствено мерило за успехот на компанијата. Напротив, модерните компании кои тежнеат само кон профит, се заглавени во минатиот век, и како што истакна Мартиновски „се најсиромашните itGroup компании”, затоа што „најголемата вредност на една компанија се среќните и задоволни лица на вработените”, дополни Ирена Јакимовска. Клучна улога во менување на јавната свест играат медиумите, банките и компаниите.

Последниот, едукативен дел на тема „ESG во новинарството (CSR vs ESG)” , и припадна на Билјана Трендафилова, долгогодишна уредничка, економска новинарка и креатор на повеќе приватни медиуми во Македонија, чиј фокус е ориентиран кон комуникациите, односите со јавноста и интерниот маркетинг. Таа упати апел до новинарите да се борат позитивните и успешни корпоративни приказни да се позастапени во нивните медиуми, како би поттикнале други компании да го следат нивниот пример, од што секој од нас би имал корист. На тој начин би се изградила подобра иднина за следните генерации.
Темата поттикна плодна дискусија меѓу присутните новинари и претставниците од приватниот и банкарскиот сектор. Се разменија корисни мислења и искуства за ESG, но и генерално за транспарентноста на компаниите и нивното влијание во општеството.

Школата за новинари на ПроКредит Банка побуди голем интерес кај нашите новинари кои обработуваат теми од економска, финансиска, банкарска сфера, како и од доменот на заштитата на животната средина и одржлив развој и нивните долгорочни придобивки за градење на подобро општество за сите. По повод својот јубилеј, ПроКредит ја возобнови оваа школа која била активна и пред 10-тина години и најавија дека истата ќе стане платформа на која редовно ќе комуницираат со новинарите, и преку која ќе инвестираат во едукација на теми кои се важни за целото општество.
Банки
Народната банка ја оживува историјата: Архивски документи сведочат за 80 години централно банкарство во Македонија
Осум децении институционален развој, економски промени и монетарни предизвици се зачувани низ архивските фондови на Народната банка. По повод јубилејот „80 години централно банкарство“, институцијата потсетува на значењето на историските документи кои го сведочат развојот на централното банкарство во Македонија, од неговите институционални почетоци во 1946 година до современиот финансиски систем.
Преку објавата „Низ архивските фондови“, Народната банка го насочува вниманието кон историските записи што претставуваат сведоштво за развојот на една од најзначајните финансиски институции во земјата.
Архивската документација овозможува да се проследат институционалните промени, развојните процеси и историските околности во кои се обликувало централното банкарство во изминатите осум децении.
Од 1946 година до современа централна банка
Почетоците на институционализираното централно банкарство во Македонија се поврзуваат со 1946 година.
На 25 септември таа година, со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот сектор, Македонската стопанска банка била определена како Централа на Народната банка на Федеративна Народна Република Југославија за Народна Република Македонија.
Институционалниот процес бил дополнително зацврстен на 19 октомври 1946 година, со фактичкото спојување со Народната банка на ФНРЈ.
Овие историски настани ги поставиле темелите на организираното централнобанкарско работење во Македонија.
Низ следните децении, централното банкарство поминувало низ различни фази на институционален развој, во согласност со промените во економскиот и општествениот систем.
Една од најзначајните пресвртници настапила во април 1992 година, со прогласувањето на монетарната самостојност на Македонија.
Со овој историски чекор, Народната банка ја презела улогата на самостојна централна банка, со надлежности за водење на монетарната политика и остварување на основните функции на современото централно банкарство.
Архивските фондови како сведоштво за монетарната историја
Архивските документи имаат значајна улога во зачувувањето на институционалната меморија.
Преку нив може да се проследи како се менувале организацијата, надлежностите и начините на функционирање на централнобанкарските институции во различни историски периоди.
Овие записи имаат вредност не само за институцијата, туку и за истражувачите, економистите, историчарите и пошироката јавност заинтересирана за економската историја на земјата.
Тие создаваат основа за подобро разбирање на процесите што го обликувале националниот монетарен и финансиски систем.
Зачувувањето и претставувањето на ваквите материјали придонесува за поголема достапност на историското знаење и за подобро разбирање на институционалниот континуитет.
Осум децении институционални промени
Од своите почетоци до денес, централното банкарство во Македонија поминало низ различни економски и општествени околности.
Особено значаен период претставува монетарното осамостојување, кога биле поставени основите на самостојната монетарна политика.
Во наредните децении, Народната банка ги развивала своите функции во областа на монетарната политика, банкарската супервизија, платните системи и финансиската статистика.
Денес, одржувањето на ценовната и финансиската стабилност останува во основата на нејзиниот институционален мандат.
Историската документација овозможува овие промени да се разгледуваат во поширок контекст и да се согледа развојот од првичните институционални структури до современата централна банка.
Јубилејот како потсетник на значењето на институционалната меморија
Одбележувањето на 80 години централно банкарство претставува можност да се потсетиме на историјата на институцијата, но и на значењето на континуитетот во развојот на финансискиот систем.
Со тематската објава „Низ архивските фондови“, Народната банка го истакнува значењето на сочуваните историски записи како извор на знаење за институционалните промени низ децениите.
Архивското наследство е сведоштво за патот што го поминало централното банкарство во Македонија – од институционалните темели поставени во 1946 година, преку монетарното осамостојување во 1992 година, до денешното функционирање на Народната банка како самостојна централна финансиска институција.
Во годината на големиот јубилеј, ваквите содржини придонесуваат за зачувување и доближување на монетарната историја до пошироката јавност.
Банки
Европа подготвува нови стандарди за заштита на банкарските депозити: Заврши рокот за четири јавни консултации
На 23 октомври истече објавениот рок за доставување коментари во рамките на четири јавни консултации што Европската банкарска агенција ги започна во јули.
Консултациите се однесуваат на дополнително усогласување на европските правила за заштита на депозитите.
Предложените стандарди опфаќаат информации што банките треба да им ги доставуваат на депонентите, размена на податоци меѓу институциите, третман на одредени клиентски средства и управување со средствата на системите за гарантирање депозити.
Една од предложените насоки се однесува на инвестирањето на средствата со кои располагаат фондовите за гарантирање депозити.
Целта е да се обезбеди соодветна ликвидност, диверзификација и можност за брзо користење на средствата кога е потребно обесштетување на депонентите.
Банки
Црна Гора тестираше сценарио за банкарска криза: Околу 50 претставници на институции учествуваа во симулација
Централна банка на Црна Гора, во соработка со советодавниот центар FinSAC на Светска банка, спровела симулација на санација на фиктивна кредитна институција.
Целта била да се провери подготвеноста на институциите за координирано постапување во случај на банкарска криза.
Во симулацијата учествувале околу 50 претставници од повеќе институции, меѓу кои централната банка, Министерството за финансии, Фондот за заштита на депозитите, Комисијата за пазарот на капитал и Агенцијата за заштита на конкуренцијата.
Учесниците добивале нови информации во реално време и морале да носат одлуки под временски притисок.
Биле тестирани внатрешните процедури, размената на информации и координацијата при подготовка на клучните одлуки.
Според централната банка, симулацијата покажала висок степен на институционална подготвеност.
Активноста е дел од подготовките на Црна Гора за идно учество во европската Банкарска унија и исполнување на обврските од Поглавјето 9 – Финансиски услуги.
Ваквите симулации се важни за заштитата на депозитите и ограничувањето на последиците од евентуална банкарска криза. Македонските институции можат да го разгледаат црногорскиот пристап како регионално искуство, но резултатите од симулацијата не докажуваат дека постои проблем кај конкретна банка.
-
Банкипред 2 месеци10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Самоил Крстевски | Сопственик на маркетинг агенција Media Lab Solution
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Соработник за односи со клиенти (Loan officer) во Секторот за кредитирање на стопанство
-
Банкипред 2 месециАЛТА банка нуди потрошувачки кредит до 1 милион денари со одобрување за 24 часа
-
Банкипред 2 месециПо Охридска банка, Шпаркасе ја купува и УНИБанка?
-
Кариерапред 2 месециNLB Lease&Go вработува Советник за продажба
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивни камати до 3,5% за орочени депозити





