Connect with us
no baners

Банки

Од денес, ПроКредит Банка овозможува SEPA плаќања – побрзи, посигурни и поевтини трансфери во евра

Објавено

на

no baners

ПроКредит Банка АД Скопје од денес ќе овозможи брзи, сигурни и поволни евро-трансфери, благодарение на своето приклучување кон SEPA (Single Euro Payments Area – Единствена област за плаќања во евра).

Со приклучувањето на ПроКредит Банка кон SEPA системот, клиентите ќе можат да испраќаат и примаат евра со леснотија низ Европа – исто како дома. Новиот систем овозможува побрзи, посигурни и поевтини трансакции.

Што добивате со SEPA преку ПроКредит Банка:

– Брзи и лесни плаќања и приливи во рамки на еден ден, со повеќе од 40 европски земји членки на SEPA зоната

– Фиксни провизии за меѓународни плаќања од само 10 ЕУР и приливи од само 6 ЕУР, без разлика на износот

– Можност за трансфери директно преку денарска сметка

– Лесен пристап до европскиот пазар – идеално за бизниси со меѓународна соработка

Со оваа нова услуга, ПроКредит Банка уште еднаш ја потврдува својата стратешка ориентација кон иновации, дигитализација и европска усогласеност, обезбедувајќи повеќе вредност за секој ваш евро-трансфер.

Покрај SEPA поволностите, ПроКредит Банка останува најконкурентна на пазарот со своите ProPay меѓународни трансфери во рамките на ПроКредит Групацијата, како најповолни и најбрзи на пазарот, со реализација во истиот ден и фиксна провизија од 2,5 ЕУР за плаќања, додека приливите се без надомест (0 ЕУР).

no baners

Банки

Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност

Објавено

на

Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.

Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.

Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.

Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.

Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.

Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.

Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.

Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.

Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.

Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange