Банки
Повеќе можности за македонската дијаспора: брзи трансфери, штедење и дигитално банкарство преку Халкбанк
Без разлика дали живеете во Германија, Швајцарија, Италија, Австрија или некоја друга европска земја, eдна работа останува иста, а тоа е врската со домот. За многумина од нашата дијаспора, редовното испраќање средства до семејството, штедењето за идни планови во Македонија или едноставното управување со личните финансии од далечина е дел од секојдневието.
Токму затоа, изборот на банка која нуди сигурни, едноставни и современи услуги станува сѐ поважен.
Халкбанк овозможува брзи и сигурни трансфери во евра преку SEPA системот за плаќања, кој поврзува 40 европски земји во единствена платежна зона. Тоа значи дека испраќањето и примањето средства од странство е поедноставно, побрзо и со однапред познати трошоци. Без разлика дали станува збор за поддршка на најблиските, уплата за недвижност, инвестиција или лична заштеда, трансакциите се реализираат по европски стандарди, со фиксни провизии и високо ниво на сигурност.
За оние кои размислуваат за иднината, штедењето останува еден од најсигурните начини за планирање на важните животни цели. Купување дом, образование за децата, започнување сопствен бизнис или едноставно создавање финансиска сигурност, секој план започнува со добра основа. Халкбанк нуди повеќе можности за штедење во денари и во девизи, прилагодени на различните потреби и финансиски планови на клиентите.
Дополнителна предност е што голем дел од банкарските услуги денес се достапни дигитално. Преку електронското и мобилното банкарство, клиентите можат да ги следат своите сметки, да вршат плаќања, да управуваат со своите средства и да останат поврзани со своите финансии без разлика каде се наоѓаат.
За многу иселеници, одржувањето активна банкарска сметка во Македонија е практично решение кое овозможува полесно управување со финансиските обврски, примање средства, штедење и подготовка за идни инвестиции во татковината. Отворањето сметка во Халкбанк е едноставен процес, а банката нуди современи услуги кои одговараат на динамичниот начин на живот на луѓето кои живеат и работат во странство.
Каде и да ве однел животот, чувството дека имате сигурен финансиски партнер дома, носи дополнителен мир. Со европски платежни решенија, современи дигитални услуги и можности за штедење, Халкбанк им помага на своите клиенти полесно да ги поврзат своите финансии меѓу земјата во која живеат и земјата која секогаш ја нарекуваат дом.
Банки
ЕЦБ ги редизајнира евробанкнотите и ги повикува граѓаните да го изберат изгледот
Европската централна банка ги повикува граѓаните да учествуваат во изборот на новиот изглед на евробанкнотите, преку анкета во која се претставени десет можни дизајни.
Учесниците во анкетата можат да ги разгледаат различните предлози за новите банкноти и за секој од нив да одговорат на по две прашања. Од ЕЦБ наведуваат дека целата постапка трае помалку од десет минути.
Различните апоени во рамки на еден дизајн може да се разгледуваат со стрелките на екранот или со повлекување на сликата. На крајот од анкетата се поставуваат и неколку општи демографски прашања, со цел одговорите подобро да се анализираат во контекст на мислењата на останатите учесници.
Учеството е доброволно и анонимно, а ЕЦБ посочува дека информациите за обработката на податоците и користењето колачиња се достапни во соодветните политики за приватност.
Со оваа анкета, граѓаните добиваат можност директно да го кажат своето мислење за тоа како би требало да изгледа следната генерација евробанкноти.
Банки
Халкбанк со 5% бонус поени за плаќање во Beauty Academy
Халкбанк АД Скопје информира дека корисниците на кредитните картички на банката можат да добијат дополнителен бенефит при плаќање во Beauty Academy.
Со секое плаќање со кредитна картичка на Халкбанк во Beauty Academy, клиентите добиваат 5% бонус поени.
Од банката порачуваат дека понудата е наменета за корисниците кои сакаат своите редовни купувања и услуги од областа на убавината да ги искористат и за дополнителни поволности преку програмата за бонус поени.

Понудата е дел од бенефитите што Халкбанк ги обезбедува за корисниците на своите кредитни картички.
Банки
Вкупната актива на банките во ЕУ порасна на 34,33 трилиони евра
Вкупната актива на кредитните институции со седиште во Европската Унија достигна 34,33 трилиони евра на крајот на март 2026 година, што претставува раст од 3,63 отсто во однос на 33,13 трилиони евра во март минатата година, покажуваат најновите консолидирани банкарски податоци објавени од Европската централна банка (ЕЦБ).
Во истиот период, уделот на нефункционални кредити во банките во ЕУ се зголемил за 0,02 процентни поени на годишно ниво и во март изнесувал 1,98 отсто.
Според ЕЦБ, агрегатниот принос на капиталот на кредитните институции во ЕУ изнесувал 2,44 отсто, додека стапката на основен сопствен капитал од највисок квалитет, односно CET1, била 16,27 отсто.
Објавените квартални податоци опфаќаат 335 банкарски групации и 2.284 самостојни кредитни институции, како и подружници и филијали под контрола на субјекти надвор од ЕУ кои работат на европскиот пазар. Според ЕЦБ, податоците покриваат речиси 100 отсто од билансот на банкарскиот сектор во Европската Унија.
Базата содржи показатели за профитабилноста и ефикасноста на банките, структурата на билансите, ликвидноста и финансирањето, квалитетот на активата, капиталната адекватност и солвентноста.
ЕЦБ посочува дека повеќето институции ги применуваат Меѓународните стандарди за финансиско известување и техничките стандарди на Европската банкарска управа, иако дел од малите и средните институции користат национални сметководствени стандарди.
Поради недостапност на податоците за Данска за првиот квартал од 2026 година, при пресметката на агрегатните податоци за ЕУ биле користени податоците од четвртиот квартал од 2025 година, а кај одредени показатели и податоци од првиот квартал од 2025 година.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк отвори повик за летна пракса за студенти и млади
-
Бизниспред 2 месециФинансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово



