Connect with us
no baners

Бизнис

Државата продаде државни записи во вредност од 8,8 милиони евра, под планираниот износ

Објавено

на

Министерството за финансии на Северна Македонија на аукција одржана во вторникот продаде едногодишни државни записи во вредност од 543,8 милиони денари, односно околу 8,8 милиони евра, што е помалку од првично понудениот износ.

Според податоците на Министерството, на аукцијата биле понудени државни записи во вкупна вредност од 615 милиони денари, но инвеститорите доставиле понуди во износ од 543,77 милиони денари, колку што на крајот и биле продадени.

Хартиите од вредност доспеваат на 16 јуни 2027 година и носат годишна каматна стапка од 4,10 проценти.

Продажбата на државните хартии од вредност ја спроведува Народната банка во име на Министерството за финансии преку тендер со однапред утврдени цена и каматна стапка, при што примарните учесници доставуваат понуди само за износот што сакаат да го купат.

Фактот што вкупната побарувачка беше пониска од понудениот износ значи дека аукцијата заврши под предвидената цел на државата за ова задолжување.

Бизнис

Следната недела ќе биде отворен првиот Центар за вештачка интелигенција во Македонија

Објавено

на

Северна Македонија следната недела ќе го добие својот прв Центар за вештачка интелигенција, проект поддржан од Европската Унија чија цел е развој на екосистеми за вештачка интелигенција и проширување на пристапот до суперкомпјутерски ресурси оптимизирани за оваа технологија.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, соопшти дека проектот „Везилка“ е вреден 6,5 милиони евра. Од нив, 2,5 милиони евра се обезбедени од Северна Македонија, додека остатокот е финансиран од Европската Унија.

Носител на проектот е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје. Според најавите, граѓаните ќе можат да поставуваат дигитализирана литература и академски текстови, што ќе придонесе за збогатување на базите на податоци и развој на локални решенија базирани на вештачка интелигенција.

Проектот е дел од поширока европска иницијатива за развој на таканаречени „Антени на фабрики за вештачка интелигенција“ (AI Factory Antennas). Европската Унија за оваа намена планира инвестиции од околу 55 милиони евра, дополнети со средства од земјите учеснички во заедничката иницијатива EuroHPC, меѓу кои се и Северна Македонија, Србија и Молдавија.

Антените на фабриките за вештачка интелигенција претставуваат точки за поврзување со постојни суперкомпјутерски центри, овозможувајќи им на истражувачките институции, стартапите, малите и средни претпријатија и јавните институции далечински пристап до напредни компјутерски ресурси за развој и примена на вештачка интелигенција.

Продолжи со читање

Бизнис

Бензините и дизелот со нови повисоки цени од полноќ

Објавено

на

Од полноќ ќе важат нови цени на горивата, согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Иако просечната промена на цените е минимална, најголем дел од возачите ќе се соочат со поскапување на бензините и дизелот.

Според одлуката, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87,50 денари за литар, што е зголемување од 1,50 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 90 денари за литар, односно за два денари поскапо од досега.

Поскапува и дизелот, чија нова цена ќе биде 87,50 денари за литар, што претставува раст од 50 денари по литар.

Наспроти тоа, екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтини за 2,50 денари и ќе се продава по 86,50 денари за литар. Намалување има и кај мазутот, чија цена е утврдена на 46,223 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека при пресметката се земени предвид референтните износи на акцизите за бензините и дизелот, по престанокот на важноста на претходната одлука за измена на начинот на нивна пресметка.

Новите цени ќе стапат во сила на 16 јуни во 00:01 часот.

Продолжи со читање

Бизнис

„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки

Објавено

на

Граѓаните веќе неколку дена се соочуваат со потешкотии при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, поради што дел од корисниците не можат да се најават и да скенираат фискални сметки.

Според бројни пријави, при внесување на ПИН-кодот се појавува пораката „Нема конекција од УЈП“, што го оневозможува пристапот до системот. Корисниците посочуваат дека проблемот трае повеќе од 72 часа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните кои редовно ја користат апликацијата за остварување поврат на ДДВ.

Од Управата за јавни приходи информираа дека апликацијата моментално работи со повремени забавувања и дека стручните тимови активно работат на утврдување на причините и отстранување на техничките проблеми, со цел услугата што поскоро да биде целосно функционална.

Засега, од УЈП не е соопштен конкретен рок кога апликацијата „Мој ДДВ“ повторно ќе функционира без прекини и ограничувања.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange