Connect with us
no baners

Банки

Потреба од ажурирање на податоците на граѓаните во банкарскиот сектор

Објавено

на

Комерцијалните банки, согласно постојната законска регулатива од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Законот за заштита на лични податоци, како и подзаконската регулатива, треба редовно да ги ажурираат личните податоци на клиентите. Во современи услови на сѐ позачестено користење на услугите на електронско и мобилно банкарство, согласно законските одредби за заштита на личните податоци и безбедноста на плаќањата, неопходно е банките да одржуваат редовна комуникација со клиентите, заради безбедно извршување на услугите и заштита на корисниците на финансиски производи и услуги.

Банките треба да го потврдат идентитетот на клиентот или вистинскиот сопственик при воспоставувањето на деловниот однос. Секоја банка со интерен акт ја определува фреквенцијата на ажурирање на документите и податоците потребни за следење на деловниот однос со клиентите. При промена на некој од личните податоци (адреса, нова лична карта и сл.), клиентот е должен соодветно да ја извести и банката чиишто услуги ги користи.

Банките треба да ги информираат граѓаните  за наједноставниот, најлесниот и најбрзиот начин на кој можат да ги ажурираат своите лични податоци, како и колку често треба да врши ажурирање на нивните лични податоци кај банката (дури и тогаш кога нема промена на податоците). Во некои банки постои можност ажурирањето на податоците да се врши по електронски пат, без доаѓање на шалтер во банките.

Изнаоѓањето начини за известување за новините во регулативата, како и редовната комуникација со клиентите за сите аспекти при користењето на услугите од банкарскиот сектор придонесува кон зголемување на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор, а со тоа се намалува просторот за шпекулации и дезинформации коишто можат да ја нарушат стабилноста на банкарскиот систем.

Банки

Комерцијална банка ја доби наградата „Најдобра банка во Македонија за 2025“ од Global Finance – признание за посветеноста на одговорно, иновативно и стабилно банкарство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје по 14-ти пат е прогласена за „Најдобра банка во Македонија“ за 2025 година, според изборот на реномираниот меѓународен магазин Global Finance – едно од најпрестижните признанија во светскиот банкарски сектор.

Оваа награда не претставува само признание за силните финансиски резултати на банката, туку е и потврда за долгорочната посветеност кон создавање вредности за клиентите, акционерите, вработените и поширокото општество. Комерцијална банка веќе седум децении е двигател на стабилноста и развојот на македонскиот банкарски систем, постојано прилагодувајќи се на глобалните трендови и потребите на клиентите.

Награда што потврдува континуитет во успехот

Признанието од Global Finance се доделува според строги критериуми, меѓу кои:

  • иновации во понудата,
  • одржлива финансиска стабилност,
  • успешна дигитална трансформација,
  • корисничко искуство,
  • водечка улога во кредитирање, управување со ризици и општествена одговорност.

Фактот што оваа награда доаѓа од меѓународен извор со углед и кредибилитет, ја зацврстува позицијата на Комерцијална банка како еден од столбовите на финансискиот сектор во Северна Македонија.

Поглед кон иднината: иновации, дигитализација и партнерство со клиентите

„Ова признание е поттик и обврска да продолжиме со инвестиции во дигиталната трансформација и во исто време нѐ обврзува да останеме посветени на подобрување на корисничкото искуство, како и развој и воведување на нови решенија кои одговараат на современите очекувања на граѓаните и компаниите. Полесно е заедно да стигнеме до секоја цел кога се движиме со ист чекор“, истакнуваат од Комерцијална банка.

Со cash-in банкомати, дигитални киосци, иновативни онлајн услуги и фокус на ESG вредности, Комерцијална банка продолжува да го гради своето работење врз основа на доверба, професионализам и ефикасност.

Продолжи со читање

Банки

Подготовка за евентуални прекини во електронските системи за плаќање: Секое домаќинство да чува готовина!

Објавено

на

Во свет со сè поголема зависност од дигитални и електронски средства за плаќање, Холандската централна банка (DNB) ги повика граѓаните да бидат практично подготвени за евентуални прекини во платежната инфраструктура. Во изјава дадена во вторникот, Централната банка на Холандија (DNB) препорачува секој возрасен член на домаќинството да чува најмалку 70 евра во готово, додека децата да имаат по 30 евра, како безбедносна мерка за итни случаи.

Зошто е важна оваа препорака?

Причината за оваа иницијатива се зголемените сајбер закани, како и геополитичките тензии, кои, според DNB, претставуваат сериозна опасност за сигурноста и стабилноста на електронските системи за плаќање. Во екот на дигиталната трансформација, ризикот од технолошки прекини не е занемарлив, прекините на електричната енергија во Шпанија и Португалија, кои неодамна привремено ги оневозможија терминалите за електронско плаќање, се реален пример за тоа што може да се случи.

Според холандските власти, препорачаната количина готовина треба да биде доволна за покривање на основните потреби како храна, вода, лекови и транспорт, за период од најмалку три дена. DNB нагласува дека оваа мерка не значи враќање во минатото, туку претставува одговорна подготовка во случај на итни ситуации.

Улогата на трговците и банкарскиот сектор

Во дополнение на препораките до населението, Холандската централна банка апелира до трговците да понудат алтернативни методи на плаќање, како што се QR кодови или офлајн решенија, кои би овозможиле флексибилност и пристап до средства во услови на прекин на стандардните канали за трансакции.

Препораки на ниво на ЕУ

Оваа иницијатива не е изолиран потег. Уште во март 2025 година, Европската комисија издаде слична препорака до сите држави-членки на Европската Унија, повикувајќи ги граѓаните да се подготват за евентуални вонредни состојби, вклучувајќи природни катастрофи или дури и вооружени конфликти. Дел од советите вклучуваат обезбедување доволно основни залихи за преживување во траење од три дена, како и развивање на план за комуникација и евакуација.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка ги зајакна капацитетите за климатските ризици со поддршка на ЕИБ

Објавено

на

Народната банка успешно ја заврши обуката за климатските ризици во партнерство со Европската инвестициска банка (ЕИБ), како дел од Програмата за зелени финансиски системи. Со оваа соработка, Народната банка значително ги зајакна своите капацитети за справување со климатските предизвици и за поддршка на зелените инвестиции.

Во рамките на програмата, над 50 вработени од Народната банка добија обука за климатските ризици, зелените финансии и финансиската регулатива којашто се однесува на одржливоста во работењето на банките. Стекнатите знаења ќе се споделат и со други финансиски институции во земјава, заради подобро управување со климатските влијанија во целиот сектор.

„Управувањето со климатските ризици е наш стратегиски приоритет. Благодарение на партнерството со ЕИБ, сега сме подобро подготвени за да ги вградиме климатските аспекти во нашите политики и за да го поддржиме преминот кон одржлива економија“, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

„Горди сме што ја поддржуваме Народната банка во нејзината посветеност на одржливоста. Ова партнерство придонесува за инвестирање во енергетска ефикасност и приспособување на компаниите кон климатските промени, што е важно за долгорочната конкурентност на економијата“, посочи Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ за Северна Македонија.

Беа изработени и мапи за климатските ризици за земјава и беше спроведено национално истражување за свесноста кај компаниите за одржливо работење и за влијанието на климатските промени врз нивното работење. Програмата обезбеди и стручна поддршка за Народната банка за воспоставување рамка за известување од страна на банките за климатските ризици, според меѓународните стандарди.

Програмата е финансирана од Министерството за економија и климатска акција на Германија преку Меѓународната климатска иницијатива (ИКИ).

Продолжи со читање

Популарно