Банки
Отворена целосно реновирана и модернизирана експозитура на Шпаркасе Банка АД Скопје во Буњаковец
Денес започна со работа реновираната експозитура на Шпаркасе Банка АД Скопје во Буњаковец.
Во модернизиран простор со нов функционален распоред, опремена според највисоките стандарди со современ ентериер и еколошко одржливи матeријали, како и професионален тим на вработени, кои ќе се потруди да им обезбеди врвно корисничко искуство на сите свои клиенти.
Експозитурата Буњаковец е лоцирана на улица Рајко Жинзифов бр.18 и ќе работи секој работен ден од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот.
Банки
Халкбанк АД Скопје: Безгрижен одмор со банкарски сефови за вашите вредности
Халкбанк АД Скопје ги промовираше своите банкарски сефови како безбедно решение за чување вредни предмети, документи и хартии од вредност за време на летните одмори.
Од банката посочуваат дека клиентите можат да ги остават своите важни предмети во доверлива банкарска средина со контролиран пристап и приватност при секоја посета.
„Одморот е поубав кога заминувате со помалку грижи“, велат од банката, додавајќи дека повеќе информации за услугата се достапни во најблиските филијали на банката.
Банкарските сефови се наменети за чување лични документи, вредни предмети и хартии од вредност, со дополнителна сигурност и заштита во услови на контролирана банкарска инфраструктура.
Банки
Комерцијална банка горд поддржувач на Охридско лето 2026 и на уметноста што остава вредност
Фестивалот „Охридско лето“ и оваа година ќе го претвори Охрид во центар на културата и уметноста.
Од 12 јули до 2 август, 66. издание на фестивалот ќе понуди богата програма со повеќе од 40 концерти, театарски претстави, изложби и национални вечери, на кои ќе настапат реномирани домашни и светски уметници.
Настаните ќе се одржуваат на препознатливите фестивалски сцени – Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Света Софија“ и Центарот за култура „Глигор Прличев“, локации кои со години ја градат уникатната атмосфера на фестивалот.
Комерцијална банка со гордост стои зад оваа значајна културна приказна, која останува посветен партнер на проекти што придонесуваат за развојот на културата, уметноста и општествените вредности.
„Охридско лето“ повеќе од шест децении претставува симбол на културниот идентитет и традиција, а преку богатата програма продолжува да создава простор каде уметноста ги поврзува луѓето и генерациите.
Со својата поддршка, Комерцијална банка уште еднаш ја потврдува определбата да инвестира во вредности што оставаат трајна културна и општествена трага денес и за генерациите што доаѓаат.
Банки
НЛБ Банка со акција за младите: Купи една, добиј втора кино карта бесплатно
NLB Banka Skopje информираше за нова промотивна понуда за младите корисници на NLB Next пакетот, со која секоја среда овозможува гратис билет за кино.
Од Банката велат дека со Mastercard Debit картичката за млади, корисниците при купување на еден билет добиваат втор билет бесплатно.
Промоцијата важи денеска, 27 мај, во киното Cineplexx.
Поволноста се однесува исклучиво на билети купени на билетарницата во Cineplexx со Mastercard debit картичка за млади, без разлика дали е физичка или дигитална картичка преку NLB Pay.
„Сите одат на дејт. Не сите плаќаат две карти“, порачаа од НЛБ Банка Скопје во објавата за кампањата.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Марјан Ристески: Акцизата на горивата под лупа, можно ново замрзнување на цените
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)





