Банки
Шпаркасе Банка од денес (27.02.2023г.) започна со предвремена исплата на февруарските пензии
Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека од денес (27.02.2023 година – понеделник) започна со исплата на пензиите за месец февруари 2023 година за сите корисници на пензии кои имаат картички.
Со пензиите клиентите можат да располагате веднаш, доколку се корисници на дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од Шпаркасе Банка препорачуваат да се користи широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.
Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:
- Во понеделник, 27.02.2023 год., ќе се ислатат пензиите со износ до 11.000 денари;
- Во вторник, 28.02.2023 год, ќе се исплатат пензиите од 11.001 до 14.000 денари;
- Во среда, 01.03.2023 год, ќе се исплатат пензиите од 14.001 до 18.000 денари;
- Во четврток, 02.03.2023 год, ќе се исплатат пензиите над 18.001 денари.
Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!
За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка АД Скопје упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.
Доколку сепак клиентите се одлучат да ги подигнат средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, од Шпаркасе Банка АД Скопје замолуваат за придржување кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.
Банки
Комерцијална банка повторно дел од Скопскиот маратон како златен спонзор на трката од 5 километри
Комерцијална банка и оваа година ќе биде дел од Скопскиот маратон, еден од најзначајните спортски настани во главниот град, информираат од банката.

Како златен спонзор на трката на 5 километри, од Комерцијална банка велат дека ја поддржуваат иницијативата за поттикнување на физичка активност, здрав начин на живот и заедништво.
„Скопскиот маратон е ден кога градот дише во ист ритам, исполнет со спортски дух, насмевки и позитивна енергија. Илјадници луѓе, со различни приказни, имаат една заедничка цел – да ги поместат сопствените граници“, посочуваат од банката.

Оттаму додаваат дека се горди што се дел од секоја лична победа на учесниците и ги повикуваат граѓаните да се приклучат на настанот.
„Подгответе се и придружете ни се, затоа што полесно е заедно до целта“, порачуваат од Комерцијална банка, потсетувајќи и на учеството и атмосферата од минатогодишното издание на маратонот.
Банки
УНИБанка со промотивни каматни стапки за штедење во евра
УНИБанка нуди промотивни каматни стапки за депозитниот производ „Депозит Фикс“ и штедење во евра, со пократки рочности од 3, 6 и 12 месеци.
Од банката информираат дека понудата е насочена кон клиенти кои бараат флексибилни и сигурни начини за штедење, со можност средствата да растат и на краток рок.
Новите услови овозможуваат избор на рочност според индивидуалните потреби, атрактивни каматни стапки и сигурност при штедењето во евра.
Оваа понуда е наменета за сите кои сакаат да го оптимизираат своето штедење, без разлика дали станува збор за краткорочни планови или за постепено зголемување на средствата.
Банки
Капитал Банка нуди долгорочни кредити за инвестиции за компании
Капитал Банка АД Скопје во својата понуда има долгорочни кредити за инвестиции наменети за правни лица, како поддршка за развој и унапредување на бизнисите.
Од банката посочуваат дека капиталните вложувања се важен чекор за зголемување на деловниот капацитет, подобрување на ефикасноста и зацврстување на пазарната позиција на компаниите.
Кредитот се одликува со фиксна каматна стапка од 1,95 проценти, рок на отплата до 144 месеци и грејс период до 12 месеци. Воедно, не се предвидени дополнителни трошоци.
Оваа финансиска можност е наменета за компании кои сакаат да изградат стабилна финансиска основа и да ги реализираат своите инвестициски планови.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно




