Вработување
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
Стопанска Банка а.д. Битола се стреми кон континуирано унапредување, усовршување и надградување со цел да бидат исполнети сите барања и потреби на клиентите. За таа цел, Банката е во потрага по нови, образовани, талентирани и високо мотивирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња.
Дирекцијата за човечки ресурси за потребите на Сектор за финансии, објавува
ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место
Стручен соработник за евиденција на фактури и други трошоци,
Дирекција за сметководство и финансии
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- Факултетско образование;
- Најмалку 5 години работно искуство;
- Одлично познавање на финансии,сметководство и е ИФРС стандарди, финансиски извештаи и законска регулатива во рамките на Банката;
- MC Office, Internet;
- Англиски јазик.
Лични карактеристики и вештини потребни за работното место:
- Способност да работи повеќе активности симултано,
- Организациски способности,
- Способност да предлага рокови за извршување,
- Да покажува иницијативност, да предлага решенија,
- Да биде дискретен и доверлив,
- Да учествува и одржува комуникација и односи во Секторот и со другите организациски единици,
- Тимска работа,
- Креативност,
- Покажува почит и чувство за културна толеранција
- Добри општи технички познавања.
Дел од работните задачи и одговорности на работното место:
- Евиденција на исплата на фактури,
- Изготвува и книжи компензации, цесии и асигнации,
- Води евиденција на активни и пасивни временски разграничувања,
- Врши пресметки и плаќања на закупнини согласно склучени договори,
- Врши плаќање на персонален данок на доход согласно склучени договори за закупнини и други услуги, ДДВ,данок на добивка и други административни такси и надоместоци,
- Води аналитичка евиденција на други конта,
- Изготвување и внесување на интерни налози за книжење
- Контирање фактури
- Решава рекламации примени од други банки
- Отворање на групи на налози за вработени (можност за книжење налози во главна книга).
- Техничка поддршка/интервенција за отстранување грешки во системски и интерни налози во главна книга,
- Контирање и обработка на изводи од внатрешен платен промет,
- Обработка на финансиски налози од благајни, кредитирање, депозитно работење од правни лица и надворешен платен промет,
Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Битола со договор на определено време од 6 месеци со полно работно време и плата по договор во зависност од компетенциите, стручноста и квалитетот на кандидатот.
Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик на следнaта адреса: [email protected] со назнака во Subject „Стручен соработник за евиденција на фактури и други трошоци“.
Огласот трае до пополнување на позицијата.
Вработување
Оглас за вработување во НЛБ Фондови АД Скопје
Поради зголемен обем на работа, Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје (членка на НЛБ групација), има потреба од понатамошен развој и кандидати за следната работна позиција:
Финансиски советник во продажба
Услови:
- Високо образование;
- 3 години работно искуство;
- Добро познавање на англиски јазик;
- Познавање на MS Office;
- Комуникациски и презентациски вештини;
- Разбирање на деловни процеси;
- Возачка дозвола Б категорија.
Работни задачи:
- Водење, унапредување и промоција на продажбата;
- Остварување на деловни состаноци и презентации;
- Подготовка на понуди за клиентите;
- Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
- Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
- Истражување и анализа на можности за продажба;
- Следење и постигнување на финансиски резултати и таргети;
- Маркетинг и промоција на производи преку директна комуникација со клиенти и преку присуство на настани;
- Подготовка на извештаи.
Способности и вештини:
- Способност за стратешко размислување;
- Комуникативност;
- Напредни аналитички способности;
- Одлична способност за управување со проекти;
- Способност за работа во динамична средина;
- Како предност се смета познавање од финансии и услуги за финансиски институции;
- Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост;
- Висока мотивираност и желба за надградба во полето на работа;
- Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи.
Компанијата нуди:
- Динамична работа;
- Воведување во работата со обука;
- Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
- Развој на кариерата низ соодветен тренинг;
- Професионализам;
- Бонуси од остварен учинок;
- Работно време: од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.
Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за понатамошно продолжување на договорот.
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса: [email protected], најдоцна до 20.12.2024 година.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју. Изборот на кандидатот ќе биде извршен во рок од 30 дена по завршување на огласот.
За сите прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност кое може да го најдете на следниов линк: Известување за приватност, или контактирајте го Офицерот за заштита на личните податоци на следнава е – адреса: [email protected].
Вработување
Оглас за вработување на Асистент на Управен одбор во Капитал Банка АД Скопје
Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата:
Асистент на Управен одбор
Локација: Дирекција-Скопје
Одговорности и задачи:
- Одговарање и пренасочување на повици на телефонска централа
- Набавка за потребите на Банката
- Пречекување на клиенти и насочување кон соодветни служби
- Прием и евиденција на влезна и излезна документација
- Прием и евиденција на влезни фактури
- Подготовка на табели за работно време
- Подготовка на табели за користење на годишен одмор
- Набавка на тековни канцелариски и потрошни материјали
- Логистичка поддршка на службите на банката
- Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор.
Потребни квалификации:
- Пожелно е 1 годишно работно искуство
- Завршено средно образование
- Активно познавање на Англиски јазик
- Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
- Напредно познавање на Office пакетот
- Висок степен на чесност,етичност и доверливост.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].
*Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.
Вработување
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате на огласите за работа во Експозитура Неготино, Експозитура Пробиштип и Експозитура Штип во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следната работна позиција:
Банкарски комерцијалист – благајник
(Експозитури: Неготино, Пробиштип и Штип)
Улога во тимот:
- Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
- Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
- Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;
- Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење.
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
- Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
- Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
- Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
- Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврдете го вашиот интерес со испраќање на кратка биографија (CV) најдоцна до 08.12.2024 година на: [email protected] со назнака „Банкарски комерцијалист – благајник (Со назнака за соодветниот град)“.
- Банкипред 4 дена
НЛБ Банка со известување до своите клиенти: Личните податоци во видеото не потекнуваат од нашите системи
- Банкипред 3 недели
Шпаркасе Банка доби нов член на Надзорниот одбор
- Колумнипред 2 месеци
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Банкипред 1 месец
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Бизниспред 1 месец
Соња Грујевска и Андреј Андреевски се најдобрите службеници од КИБС за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Бојан Штерјовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2024 година