Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ

Објавено

на

no baners

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. Банката вработува специјалист за системски и мрежни сервиси во Служба за информатичка технологија

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски: 

  • Ефикасно обезбедување, инсталација/конфигурација, операционализација и одржување на системскиот хардвер и софтвер и за соодветната инфраструктура; 
  • Дневен мониторинг и потврда на интегритетот и достапноста на целиот хардвер, серверски ресурси, системски и клучни процеси, преглед на системските и апликациските технички записи и потврдување на извршувањето на закажаните постапки како што е бекапот; 
  • Извршување на редовен безбедносен мониторинг со цел идентификација на евентуални упади; 
  • Извршување на дневни бекап операции, осигурувајќи дека сите потребни системски фајлови и системски податоци се успешно копирани на соодветен резервен медиум и доставени;
  • Инсталација на нов / доградба на постоечките сервери и конфигурација на хардверот, 
  • Инсталација и конфигурирање на системи кои се дел од инфраструктурни апликации.

Кандидатите треба да поседуваат:

  • Диплома од завршено високо образование во областа на информатичката технологија (пожелно);
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на информационата технологија;
  • Познавање на релевантни информациони технологии;
  • Microsoft сертификати ќе се сметаат за предност;
  • Познавање na деловните банкарски технологии и процеси ќе се смета како предност;
  • Солидно познавање на Англиски јазик – Способност за тимска работа и работа под притисок;
  • Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност.

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “специјалист за системски и мрежни сервиси во Служба за информатичка технологија” најдоцна до 05.11.2024 година.

Во вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот. Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected].

no baners
no baners

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.

Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка бара агент за грижа на корисници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.

Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.

Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange