Connect with us

Компании

Штедилница Можности вработува Службеник за односи со клиенти во експозитура на штедилницата во Кочани

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува Службеник за односи со клиенти во експозитура на штедилницата во Кочани.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено најмалку средно и/или високо образование,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија,
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Работно искуство во дејноста е посакувано но не е задолжително.

Работни задачи:

  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитно барање,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Помош на корисници на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

 Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail:[email protected] и [email protected]  до 31.12.2023 година.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

 

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

 

Кандидатите што ќе аплицираат, а исполнуваат критериуми од овој Оглас, ќе бидат поканети на интервју.

 

Бизнис

Климе Попоски поднесе оставка од Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – ВИГ

Објавено

на

Експертот за управување со ризик и осигурување, проф. д-р Климе Попоски, поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп.

Оставката е доставена на 24 април 2025 година, а е констатирана истиот ден на седница на Надзорниот одбор на компанијата. Според официјалното соопштение објавено преку Македонска берза, Попоски ќе остане активен во своите извршни обврски сè до 31 мај 2025, додека оставката ќе стапи на сила од 1 јуни 2025 година.

„Ве известуваме дека на 24.04.2025 година г-дин Климе Попоски поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Оставката на г-дин Климе Попоски е констатирана на седницата на Надзорниот одбор одржана на 24.04.2025 година. Оставката на г-дин  Климе Попоски е со важност од 01.06.2025 година. Г-дин Климе Попоски ќе ги извршува своите обврски како член и потпретседател на Управниот одбор заклучно со 31.05.2025 година“, соопштија од компанијата преку Македонска берза.

Професорот Попоски беше именуван во Управниот одбор во ноември 2024 година. И покрај краткиот мандат, неговото присуство внесе значајна експертиза во областа на осигурителната регулатива, управување со ризик и супервизија.

Кој е Климе Попоски?

Климе Попоски е долгогодишен универзитетски професор на Катедрата за осигурување при Факултетот за економија – Прилеп, дел од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Тој е еден од водечките експерти за осигурување во земјата, со богато искуство во јавниот и академскиот сектор.

Попоски е и основач и прв претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), институција која ја водеше цели 10 години, поставувајќи темели на современа регулатива и надзор во осигурителниот сектор во Северна Македонија.

Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп

Како дел од Vienna Insurance Group (VIG), Македонија Осигурување АД Скопје е една од водечките осигурителни компании на македонскиот пазар, со силна позиција во сегментот на неживотно осигурување. Промената во Управниот одбор доаѓа во време кога индустријата се соочува со нови регулативни предизвици и сè поголема потреба од дигитализација и прилагодување на европските стандарди.

Продолжи со читање

Бизнис

Засадуваме вредности. Градиме иднина – MINT Финтек Груп

Објавено

на

На Денот на планетата Земја, децата на вработените во MINT Fintech Group засадија 9 нови магнолии во парк-просторот кај Офицерски дом, во соработка со надлежното општинско претпријатие во Општина Битола.

Ова е третата година по ред како финтек компанијата со седиште во Битола ја реализира оваа еколошка и симболична акција, каде бројот на садници расте заедно со годините на компанијата.

Првите магнолии беа засадени во срцето на градот – кај Градскиот часовник, каде годинава пролетта ги пречека во полн цвет. Минатата година – во новиот парк кај Довлеџик. Оваа година – позади Офицерски.

Секоја магнолија е порака. Порака дека технологијата и природата не се спротивности – туку партнери. Порака дека иновативноста е најсилна кога расте со почит кон корените.

Магнолијата како симбол отсекогаш била присутна во Битола – најпознат пример е
онаа во дворот на историската куќа на семејството Иконому на плоштадот Магнолија. Според народните верувања, магнолијата засадена пред куќа носи мир и задоволство, а позади куќа – финансиски просперитет. Совршена метафора за MINT.

„Нашата цел е оваа мала традиција да прерасне во голема магнолиска приказна за градот – каде секое дрво е жив симбол на одржливост, љубов и технолошка визија со локален пулс“, велат од MINT Fintech Group.

9 магнолии. 9 години. 1 град што расте.

Продолжи со читање

Бизнис

AETM: Заедно со Visa поддржуваме 20 микро и мали бизниси бесплатно да отворат е-продавница

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ), со поддршка од компанијата Visa, објавува јавен повик во рамки на иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol.3“. Оваа иницијатива веќе трета година по ред ги поддржува микро и малите претпријатија кои сѐ уште немаат започнато со онлајн продажба, овозможувајќи им бесплатно да отворат своја е-продавница и да ги унапредат своите дигитални вештини за е-трговија.

Преку овој повик, ќе се изберат 20 микро и мали компании, кои ќе добијат:

  • Вредносен пакет од 1.000 евра за да отворат своја е-продавница
  • Учество на еднодневен практичен и едукативен семинар „Сѐ за е-трговија“ ​​
  • Сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија
  • Можност за приклучување кон растечката заедница на домашни е-трговци во рамки на АЕТМ и дополнителна промоција на новите е-продавници.

За учество во јавниот повик, компаниите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да се микро или мало претпријатие со седиште во С.Македонија
  • Да немаaт веќе активна е-продавница
  • Да не добиле поддршка во рамки на Vol. 1 или Vol. 2 или во некој сличен повик на АЕТСМ
  • Да доставaт комплетна и точна онлајн апликација

За да се пријавите треба да ја пополните онлајн апликацијата тука, најдоцна до 16.05.2025 до 23:59 часот.

Изборот на компаниите кои ќе бидат дел од програмата за отворање на е-продавница ќе се одвива во месец мај 2025 година. Изборот ќе го врши комисија од експерти во областа на е-трговијата, според однапред утврдени критериуми наведени во повикот. Едукативниот семинар ќе се одвива еднократно, во текот на месец јуни 2025 година.

Иницијативата не само што отвора нови можности за бизнисите, туку и придонесува за формализирање на онлајн продажбата, намалување на сивата економија и поттикнување на довербата кај потрошувачите во домашната е-трговија. Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија – AETСM се вклучува во напорите за зајакнување на конкурентноста на микро, малите и средни компани и нивно мотивирање за подобрување и унапредување на нивното работење поврзано со е-трговија.

Инаку, во првите две изданија беа поддржани вкупно 35 компании, кои успешно ги отворија своите први е-продавници и денес активно продаваат онлајн.

Повеќе информации за јавниот повик може да се погледнат овде.

Продолжи со читање

Популарно