Connect with us

Банки

Душко Ристовски, Емилија Кебакоски и Елена Головодовска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје во 2023 година

Објавено

на

Душко Ристовски, Емилија Кебакоски и Елена Головодовска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје во 2023 година.

По повод Денот на штедењето, 31 Октомври, Стопанска банка АД – Скопје и оваа година ги награди своите најдобри банкарски службеници, кои имаат значаен придонес, меѓудругото, и за растот на депозитите и на довербата на штедачите.

Признанијата им беа врачени на традиционалната прослава за Денот на штедењето, организирана од Македонска банкарска асоцијација.

– Душко Ристовски, Советник за мали бизниси, Филијала Тетово
– Емилија Кебакоски, Советник за продажба, Филијала Битола Веро и
– Елена Головодовска, Советник за СБ Ексклузив клиенти, Филијала ГТЦ

Честитки на колегите кои ја носат титулата „Најдобри банкарски службеници“ за 2023 година прогласени синоќа на настанот во организација на Македонска банкарска асоцијација. Би сакале да им честитаме на колегите и веруваме дека ова е големо признание за нивниот професионален напредок и ќе биде поттик за понатамошни успеси и остварувања. Продолжуваме да бидеме тим кој создава успешни банкарски професионалци, исполнети индивидуи и благодарение на сето тоа одличен колектив.” – велат од Банката.

Банки

Борислав Атанасовски привремено ќе биде член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Нова промена во органите на управување на Стопанска банка а.д. Битола.

„До финализирање на постапката за комплетирање на целосен состав на Управниот Одбор, со Одлука од Надзорниот одбор за вршител на должност – член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола од редот на членовите на Надзорниот одбор на Банката се именува м-р Борислав Атанасовски“, информира Стопанска банка а.д. Битола преку ценовно чувствителна информација објавена на Македонска берза.

Продолжи со читање

Банки

Блаж Бродњак поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје известува дека на ден 10.10.2024 година, Г-дин Блаж Бродњак, поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

До добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија за именување на нов член на Надзорниот одбор на Банката, г-дин Блаж Бродњак ќе продолжи да ја извршува својата функција како Претседател на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка.

Членови на Надзорниот одбор на НЛБ Банка:

Блаж Бродњак – Претседател на Надзорен одбор

Боштјан Ковач – Заменик претседател на Надзорен oдбор

Зоран Јовановски – Втор заменик претседател и независен член на Надзорен одбор

Андреја Стражишар – Член на Надзорен одбор

Кристина Ковачич Бјелајац – Член на Надзорен одбор

Наташа Пукл – Независен Член на Надзорен одбор

Продолжи со читање

Банки

Народната банка одржа обука за царинските работници за препознавање фалсификувани пари

Објавено

на

Преку постојано зајакнување на капацитетите на институциите, Народната банка го јакне системот за справување со фалсификуваните пари. Имајќи предвид дека јавните службеници, вршејќи ја својата должност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите, нивното обучување за воочување сомнителни примероци, за нивно отстранување и за доставување до Народната банка е суштинско во борбата против фалсификатите. Оттаму, во Народната банка, во рамките на соработката со Царинската управа, обучувачи од Дирекцијата за трезорско работење одржаа обука за царинските работници за препознавање сомнителни пари и за справување со нив.

Како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка започна да организира обуки за претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција. Исто така, редовно се организираат задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути за вработените во банките и центрите за готовина. Само минатата година низ обуките поминаа повеќе од 200 професионалци. 

Народната банка инаку е единствената овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите денари и странски валути. Во изминатиот период, засилено се врши и размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари. 

Продолжи со читање

Популарно