Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

Објавено

на

Како докажан филантроп Комерцијална банка ја продолжува соработката со Фудбалската федерација на Македонија со нов тригодишен договор за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за развој и успеси на македонскиот фудбал.

Водени од мотото дека Полесно е заедно да стигнеме до нови успеси, Комерцијална банка верува дека со својата поддршка ќе обезбеди нов импулс за подобри услови, поголеми успеси и нови победи на македонските фудбалски репрезентации и воопшто на македонскиот фудбал. 

Фудбалот носи магија во себе која обединува, која и невозможното го прави возможно, која се бори за победа и верува во успехот. И сето тоа вреди, не само за играчите кои живеат за фудбалот, туку и за навивачите, но и за општеството кое сака да се радува на заедничките успеси и победи. Фудбалот е тимска игра и фудбалерите најдобро знаат дека многу е полесно заедно да стигнат до посакуваната победа. Ние во Комерцијална банка исто така веруваме во заедничкиот успех и сакаме заедно да стигнеме до многу посакувани победи“, истакна д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка на прес-конференцијата по повод новиот тригодишен договор за спонзорство помеѓу Комерцијална банка и ФФМ. 

Комерцијална банка официјално стана пријател на македонскиот фудбал во 2021 година, во пресрет на премиерното учество на Македонија на ЕУРО 2020 и во изминатите три години обезбеди значајна финансиска поддршка за фудбалските репрезентации и за негување на фудбалот како спортска активност која создава здрави, амбициозни и одговорни млади генерации. 

По повод новата поддршка, Директорот на А фудбалската машка репрезентација, Данчо Масев, изрази голема благодарност до Комерцијална банка.

Партнерството кое го започнавме пред три години, а денеска го продолжуваме за нови три, претставува значаен придонес за промовирање и развој на спортот што сите го негуваме. Посветеноста на Комерцијална банка кон заедницата и промовирањето на здрави навики и вредности совршено се усогласува со нашите вредности и цели. Поддршката не само што ќе ни овозможи да ги подобриме нашите програми, туку и ќе биде поттик да ја инспирираме следната генерација фудбалски репрезентативци кон нови победи“, изјави Масев.

Во името на репрезентативците од машката А репрезентација благодарност изрази Столе Димитриевски.

На сите нас ни е драго што партнер како Комерцијална банка останува со семејството на македонската фудбалска репрезентација. Ова партнерство е повеќе од само спонзорство, тоа е посветеност на тимска работа и заеднички вредности. Како фудбалер, ја знам важноста да се има силна поддршка и на теренот и надвор од него. Со Комерцијална банка покрај нас уверени сме дека ќе ги постигнеме нашите цели. Нивната посветеност на спортот и здравите општествени навики совршено се усогласува со нашата мисија“, порача Димитриевски.

Комерцијална банка е компанија која силно верува во домашната економија, во потенцијалите на домашните компании, во напредокот на нашето општество и на граѓаните, а и во иднината на македонскиот спорт. Затоа Банката е истакнат корпоративен филантроп и со својот придонес помага сето ова да стане возможно, полесно и побрзо.

Банки

Вицегувернерката Митреска на „Инвеститорскиот појадок на Ерсте“: Политиките на централната банка придонесуваат за намалување на инфлацијата и за одржување на финансиската стабилност

Објавено

на

„Македонската економија покажува стабилност и отпорност, и покрај зголемената светска геополитичка неизвесност. Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата преку внимателно обмислени мерки што придонесоа за смирување на инфлацијата и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во своето обраќање на дванаесеттата конференција по ред насловена како „Инвеститорски појадок на Ерсте“, којашто традиционално ја организираат австриската групација „Ерсте“ и македонската „Шпаркасе банка“.

Вицегувернерката посочи дека инфлацијата во домашната економија постепено се намалува и е далеку од максимумот достигнат во екот на светската инфлациска епизода. „Иако инфлацијата главно се движи по надолна патека, процесот сè уште не е целосно завршен. Нашите проекции упатуваат на нејзино постепено враќање кон историското ниво во следните две години, под услов да не се појават нови шокови на светските пазари и да има ограничени притисоци на страната на домашната побарувачка“, рече Митреска.

Таа подвлече дека девизниот пазар е стабилен, а нивото на девизните резерви е високо и е доволно за целосно да ја гарантира стабилноста на денарот. Ваквата стабилност, заедно со смирените инфлациски очекувања и растот на денарските заштеди, ги потврдува довербата и кредибилитетот на Народната банка како важни фактори за ефикасноста на монетарната политика.

Говорејќи за монетарната политика, вицегувернерката посочи дека во 2024 година Народната банка започна со постепена нормализација на каматната стапка, во услови на опаѓање на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и поволна надворешна позиција. Сепак, со повторното појавување на неизвесност во светот на почетокот на 2025 година и на одредена инерција кај инфлацијата, политиката беше приспособена со определба за повнимателен пристап со цел да се осигури понатамошно забавување на инфлацијата и нејзино сведување кон историскиот просек во догледен временски период.

Во однос на финансискиот систем, Митреска истакна дека Народната банка во изминатиот период го засили макропрудентниот инструментариум за дополнително да ја зајакне отпорноста на банкарскиот сектор и за да ја поддржи ефективната поставеност на монетарната политика.

На крајот од своето обраќање, вицегувернерката нагласи дека во услови на зголемени геополитички ризици и можни почести непредвидливи шокови на страната на понудата, Народната банка и во иднина ќе има внимателен и приспособлив пристап заснован на релевантни информации и податоци, заради одржување на ценовната и финансиската стабилност како предуслов за одржлив економски раст.

Продолжи со читање

Банки

Новото банкарство за млади е тука! Zipp Club пакет од Комерцијална банка – бесплатно, забавно и полно со поволности!

Објавено

на

Комерцијална банка го лансираше Zipp Club пакетот – нова и возбудлива програма за млади до 29 години со бесплатно банкарство и многу дополнителни бенефиции што ги следи енергијата, слободата и стилот на младоста. Наменет е за млади што сакаат целосно дигитално искуство комбинирано со ексклузивни попусти, награди, бенефити при патувања и учество во корисни иницијативи што го менуваат општеството.

Сè започнува со бесплатна Zipp Mastercard дебитна картичка, која е од еко пластика зашто се грижиме за животната средина и е во два различни супер дизајни.

Zipp Mastercard картичката носи специјални попусти во омилените продажни места означени како Zipp Spots, а секое плаќање со картичката, каде било во светот носи поени за кешбек или ваучери преку програмата BonusBox.

Освен бесплатната Zipp картичка, Zipp Club пакетот носи уште цел сет на одлични
бенефиции за младите
:

  • Бесплатно дигитално банкарство и платежна сметка за целосна контрола на личните финансии,
  • Бесплатни налози за плаќања кон факултет за партиципација, уписи, потврди,
  • Бесплатен роаминг интернет, пристап до VIP зони на над 1.500 аеродроми и попусти при патување во странство,
  • Модерни, брзи и лесни плаќања со Apple Pay, Google Pay, Garmin Pay, Плати на пријател, Подели сметка, а без потреба од паричник,
  • Посети на настани посветени на менталното здравје, финансиската писменост и други интересни теми,
  • Учество во наградни игри за концерти, патувања и многу други изненадувања.

Zipp Club е супер поддршка за секој млад човек затоа што добива современо банкарство, бесплатни услуги, безброј привилегии и многу забава.

„Во годината кога одбележуваме 70 години од постоењето на Комерцијална банка одлучивме да создадеме нешто што ќе донесе конкретен бенефит за нашата иднина, за младите, кои заслужуваат посебна поддршка. Со овој пакет кој е специјално креиран за нив сакаме да имаат лесен и модерен пристап до банкарските услуги, но и да се чувствуваат дел од заедница што создава позитивна разлика. Веруваме во нивната енергија и креативност и сакаме да им дадеме алатки и искуства што ќе им помогнат да ја обликуваат својата иднина“, изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Zipp Club пакетот се активира веднаш преку Интернет банка или со пополнување кратко барање во експозитура на Комерцијална банка. Целосно е бесплатен за младите кои не се вработени, а за оние кои се вработени чини само 30 денари месечно.

Zipp отвора ново поглавје и во грижата за создавање подобро општество. Со секој отворен Zipp Club пакет, Комерцијална банка ќе засади дрво како „Зелен поБОРник“ и поддржувач на иницијативата Боренка за пошумување опожарени места во Македонија. Банката ќе издвојува и парични донации за проекти кои ги засегаат младите, а членовите на Zipp заедницата ќе гласаат кој проект да добие најголема донација. Ќе има и работилници посветени на менталното здравје на младите, финансиската едукација, кариерниот развој и на други интересни и корисни теми.

Zipp додава нова вредност во нашата мисија да бидеме вистински сојузник на
младите. Преку бројни проекти, активности и пријатни изненадувања ќе ги
поддржуваме во нивните први чекори кон самостојност, финансиска сигурност и
исполнување на нивните цели.

Повеќе информации за Zipp Club се достапни на следниот линк.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

ПроКредит Банка продолжува со поддршка на младите лидери од Економскиот факултет – Скопје при УКИМ

Објавено

на

На свечената промоција на дипломираните студенти на Економскиот факултет – Скопје, одржана на 12 ноември 2025 година, ПроКредит Банка уште еднаш ја потврди својата посветеност кон младите, образованието и вредностите што создаваат одржливо општество.

Во присуство на професори, студенти и гости, Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, им се обрати на дипломците со инспиративен говор во кој ја сподели својата лична приказна како поранешен студент токму на овој факултет и им посака да бидат амбициозни, храбри, љубопитни и да не забораваат дека вистинскиот успех започнува од внатрешната верба и од интегритетот.

Овој факултет не ме научи само економија, туку ме научи како да размислувам. Да прашувам зошто, да слушам пред да зборувам, и да гледам можности таму каде што другите гледаат пречки. Тоа се вештините што ме водат и денес, во ПроКредит Банка,“ истакна Дамчевски.

ПроКредит како институција која ги вреднува знаењето, интегритетот и развојот на потенцијалот, на десетте најуспешни дипломци ќе им даде можност за вработување во Банката, а дополнително на најуспешните три студенти им додели финансиска награда.

ПроКредит Банка е партнер на младите и на академската заедница повеќе години наназад. Нивната соработка со Економскиот факултет – Скопје израсна во вистинска заедничка мисија: да се создаде генерација економисти кои ќе размислуваат критички, ќе дејствуваат одговорно и ќе градат економија со човечко лице. Еден од највпечатливите резултати на ова партнерство е и новоотворената ProLab – креативната лабораторија поддржана од ПроКредит Банка, создадена како современ простор за идеи, тимска работа и иновации.

На свечениот прием по повод 75 години од основањето на Економскиот факултет – Скопје, УКИМ, кој ќе се одржи во МОБ на 12 ноември од 19 часот, Милан Дамчевски прими благодарница во име на ПроКредит Банка за долгогодишната соработка и поддршка.

За ПроКредит Банка, оваа соработка е повеќе од корпоративна општествена одговорност – таа е вложување во генерации што ќе го движат економскиот и етичкиот напредок на земјата. Банката останува доследна на својата мисија да биде мост меѓу финансискиот сектор и образованието, меѓу идеите и нивната реализација.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange