Банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2024“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка со задоволство објавува дека е прогласена за „Банка на годината во 2024 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин „The Banker“. Оваа престижна награда по 11-ти пат ѝ беше доделена на Банката вчера вечер на свечената церемонија во Лондон, на која присуствуваше д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Наградата од The Banker уште еднаш ги потврди водечката улога на Комерцијална банка во финансискиот сектор во земјава, нејзините иновативни решенија и докажаната посветеност со кои за клиентите обезбедува врвни производи и услуги, а за целокупната економија значаен придонес што ги поттикнува развојот на бизнисот и претприемништвото.

Во чест на доделената награда, д-р Џамбазовски изрази голема благодарност до стручната комисија која ги препозна и награди силните финансиски перформанси и значајниот придонес на Комерцијална банка за напредокот на економијата во земјава.
„Привилегија е што повторно сме прогласени за Банката на годината од престижниот магазин The Banker, особено затоа што наградата доаѓа во пресрет на прославата на јубилејот од 70 години Комерцијална банка во 2025 година. И наградата и ова значајно достигнување ја одразуваат долгогодишната посветеност на Комерцијална банка на иновации, издржливост и фокусираност на клиентите. Во текот на оваа година бевме силно посветени на развој на стратегија која ќе ги задоволи растечките потреби на клиентите за извонредни дигитални и одржливи финансиски решенија“, изјави д-р Џамбазовски при свеченото примање на наградата во Лондон.
Наградата од The Banker, дел од групацијата на Financial Times, е стандард за извонредност во банкарската индустрија. The Banker со ова признание ги препознава банките-лидери во повеќе од 120 земји низ светот врз основа на клучниот критериум подобрувања и новитети реализирани во тековната година со кои се издигнуваат над предизвиците.

Комерцијална банка е особено горда на наградата „Банка на годината“ затоа што таа е признание на континуирано високите стандарди за професионалност, ефикасност и одговорност, со кои Банката на клиентите им овозможува врвно корисничко задоволство. Оваа година Комерцијална банка ќе ја заврши со одлични финансиски резултати, збогатена понуда со врвни онлајн производи и значајна поддршка за заедницата со што го потврдува својот статус на лидер во банкарскиот сектор во Македонија.
Прославувајќи 70 години работење, во 2025 година Банката ќе се посвети на уште поголеми инвестиции во напредна технологија и одржливи финансиски решенија за задоволство на клиентите, акционерите и заедницата.
Банки
Пауел: ФЕД ќе почека со каматните стапки, трговските политики внесуваат зголемена економска неизвесност

Гувернерот на американската централна банка (Федерални резерви), Џером Пауел, изјави дека ФЕД ќе ја задржи моменталната монетарна политика и ќе почека со евентуални промени на каматните стапки додека не добие појасни сигнали за насоката во која се движи економијата на САД.
Во своето обраќање, внимателно следено од економистите, инвеститорите и пазарните аналитичари, Пауел предупреди дека трговската политика на американската администрација, особено воведувањето царини, може да предизвика девијации од двата основни приоритети на ФЕД – ценовната стабилност (инфлација од околу 2%) и максималната вработеност.
„Економијата може да се соочи со предизвици доколку тарифите ги зголемат ценовните притисоци, а растот и пазарот на труд може да забават. Ова може да доведе до понатамошни отстапки од таргетираната инфлација од 2 проценти и максимална вработеност – двата основни приоритети на Фед“, изјави Пауел.
Тој ја опиша нестабилноста на пазарите како очекувана реакција на глобалните трговски тензии, но додаде дека сè уште нема индикации за системска економска криза која би барала итна интервенција на ФЕД. Сепак, предупреди дека ефектите од новите тарифи се посилни отколку што укажуваа дури и најпесимистичките сценарија.
„Ефектите од царините се посилни отколку што укажуваа дури и најпесимистичките сценарија на Фед, а растот на економијата видливо забавува. Потрошувачката е скромна, а зголемениот увоз во обид да се избегнат новите царини може негативно да се одрази врз бруто-домашниот производ. Дополнително, економското расположение кај бизнисите и потрошувачите се влошува“,нагласи Пауел.
Иако економијата формално останува во солидна состојба, Пауел забележа дека неизвесноста околу идните движења станува сѐ поголема. Неговите коментари веднаш предизвикаа реакција на Волстрит, американските технолошки и индустриски индекси бележат пад, а тргувањето продолжи во негативна насока.
ФЕД останува внимателен и фокусиран на новите макроекономски податоци, додека пазарните учесници будно ги следат сигналите за можни идни насоки на монетарната политика.
Банки
Предупредување од Комерцијална банка: Забележана е нова измамничка e-mail кампања

Комерцијална банка АД Скопје ја информира јавноста дека е детектирана нова форма на измамничка кампања преку електронска пошта, при што се испраќаат лажни пораки во име на Комерцијална банка и известува за пристигнат прилив.
Во рамки на оваа измамничка кампања, испраќачот користи стара e-mail порака, која на прв поглед изгледа како автентична комуникација од Комерцијална банка, при што ја проследува со додавање на текстот: „Почитуван клиент, приложена потврда за прилив.“
Овие пораки содржат прилог (attachment) со наслов од облик:
„Прилив-283-687…pdf….xz“ или „Прилив-83-679…pdf…rar“ кои во себе содржат злонамерна датотека.

Особено е важно да се обрне внимание на e-mail адресата на испраќачот, иако визуелно може да изгледа како да доаѓа од Банката, реалната адреса е:
[email protected], која не е од доменот на Комерцијална банка и претставува обид за фишинг.
Доколку добиете ваква порака, не ги отворајте прилозите, не ја препраќајте и избришете ја!
Целта на овие пораки е инсталирање на малициозен софтвер и/или прибирање лични податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени. Комерцијална банка ги повикува сите корисници на електронска пошта да постапуваат внимателно, да проверуваат детално од кого доаѓа пораката и да не отвораат сомнителни прилози.
Споделете ја оваа информација со вашите колеги, пријатели и семејство за да се спречи потенцијална штета.
Банки
Соопштение од Стопанска банка АД – Скопје: Неработни денови за велигденските празници

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека поради претстојните велигденски празници, филијалите на Банката нема да работат на следните денови:
- Петок, 18 април 2025 година – Велики Петок
- Понеделник, 21 април 2025 година – Втор ден на Велигден
За време на празниците, на располагање ќе бидат сите i-bank дигитални услуги, вклучувајќи ги мобилното и електронското банкарство (m-banking и e-banking), банкоматите на Стопанска банка, како и широката партнерска мрежа на трговци кои прифаќаат картички издадени од Банката.
ЗАБЕЛЕШКА: Согласно официјалниот календар, МИПС плаќањата ќе бидат достапни само во петок, 18 април 2025 година.
Раководството и вработените на Стопанска банка АД – Скопје на сите клиенти и соработници им ги честитаат велигденските празници, со желби за здравје, среќа и благосостојба.
- Банкипред 1 недела
Шпаркасе Банка наскоро започнува со изградба на нова Централа во Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Колумнипред 2 месеци
Онлајн пристапот е лесен, но дали го чуваме доволно безбеден?
- Интервјуапред 4 недели
Интервју | ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА: Вклучувањето на Македонија во СЕПА отвора ново поглавје во меѓународните плаќања
- Криптовалутипред 2 месеци
Истражувањата покажуваат дека криптовалути во вредност од 99 милиони долари се повлечени од токенот Libra поддржан од аргентинскиот претседател Хавиер Милеи
- Бизниспред 1 месец
Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!