Connect with us

Продукти

Ќе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?

Објавено

на

Apple Pay веќе е достапен во Македонија преку НЛБ Банка (од 29 јули) и Комерцијална банка (од 26 август). Двете банки овозможија на своите клиенти да плаќаат бесконтактно со iPhone, Apple Watch и други уреди на Apple.

Информациите од банките кои веќе ја имплементираа услугата говорат дека интересот кај корисниците е огромен и над очекувањата, а бројот на клиенти кои ги персонализирале своите платежни картички и бројот на трансакции е многукратно поголем во однос на Android.

Според правилото на Apple, кое вели дека секој месец може да стартува само една банка во Македонија со услугата, септември сè уште остава простор за нова најава, имајќи предвид дека остануваат уште два работни денови за некоја од останатите банки да ја активира услугата.

Според неофицијални информации, Халк банка и Стопанска банка Скопје се во завршна фаза на тестирање на Apple Pay, но не е сигурно дали целата процедура ќе се комплетира токму овој месец.

Од останатите банки, ПроКредит банка исто така активно работи на имплементација на оваа услуга.

За очекување е овие три банки да ја воведат услугата во текот на 2025 година.

Ако во септември се приклучи уште една банка, Apple Pay ќе стане уште подостапен за граѓаните и ќе ја забрза дигиталната трансформација на плаќањата во земјава.

Банки

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции

Објавено

на

Со цел дополнително зголемување на безбедноста при интернет плаќањата и усогласување со новите регулаторни барања кои стапија во сила од 1 март 2026 година, АЛТА банка АД Битола воведува засилена автентикација при онлајн плаќања со платежни картички.

Како дел од оваа новина, Банката ја воведува новата мобилна апликација ALTA Bank2Go, преку која корисниците ќе можат брзо и едноставно да ги потврдуваат интернет трансакциите преку push нотификации на својот мобилен уред. Овој начин на потврда овозможува побрз, поедноставен и посигурен процес при извршување на онлајн плаќањата.

Засилената автентикација (Strong Customer Authentication – SCA) претставува дополнителен безбедносен механизам кој значително го намалува ризикот од злоупотреба и неовластени трансакции, обезбедувајќи повисоко ниво на заштита при онлајн плаќањата.

Користењето на апликацијата ALTA Bank2Go е бесплатно, а за нејзино користење потребно е клиентите да бидат регистрирани и активни корисници на постоечката мобилна апликација Bank2Go, која е наменета за секојдневни банкарски услуги како увид во состојба, плаќања и трансфери.

Со воведувањето на ова решение, АЛТА банка продолжува да инвестира во современи дигитални услуги со цел да обезбеди повисоко ниво на безбедност и поедноставно банкарско искуство за своите клиенти.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди ТОПСИ банкарски пакет наменет за млади

Објавено

на

Стопанска банка нуди банкарски пакет ТОПСИ, креиран специјално за младите кои водат динамичен и брз начин на живот и имаат потреба од практични и едноставни финансиски решенија.

ТОПСИ пакетот од млади за млади, ексклузивно може да го користат лица на возраст од 18 до 28 години и нуди:

Од Стопанска банка посочуваат дека ТОПСИ пакетот е создаден за младите кои сакаат брзо и лесно да управуваат со своите финансии, без комплицирани процедури и со поголема практичност во секојдневното користење на банкарските услуги.

Заинтересираните можат да аплицираат онлајн или да ја посетат најблиската филијала на Стопанска банка АД – Скопје за повеќе информации и активирање на пакетот.

Продолжи со читање

Банки

Капитал Банка нуди промотивен потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,5 проценти

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје нуди промотивен потрошувачки кредит со поволни услови, наменет за сите кои сакаат своите планови и идеи да ги претворат во реалност.

Кредитот овозможува фиксна каматна стапка од 5,5 проценти во евра, што на клиентите им обезбедува сигурност и стабилност во текот на отплатата. Максималниот износ на кредитот изнесува до 32.500 евра, со рок на отплата до 84 месеци.

Од банката посочуваат дека понудата е наменета за сите кои имаат планови што сакаат веднаш да ги реализираат, без разлика дали станува збор за лични потреби, инвестиции или исполнување на долгопланирани идеи.

За повеќе информации, заинтересираните граѓани можат да ја посетат најблиската експозитура на Капитал Банка или да се јават на телефонскиот број 02/3102-500. Локациите на експозитурите се достапни на следниот линк: http://bit.ly/4hqdlhx.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange