Connect with us

Банки

НЛБ Банка Скопје им го носи Apple Pay на клиентите во Македонија

Објавено

на

Денеска НЛБ Банка Скопје, на своите клиенти, им го носи Apple Pay, побезбеден, посигурен и самостоен начин за плаќање во продавници, преку апликации и онлајн.

За да платат во продавница, клиентите едноставно кликнуваат двапати на страничното копче, се автентицираат, и го допираат својот iPhone или Apple Watch близу до терминалот за плаќање за да извршат бесконтактно плаќање. Секое купување со Apple Pay е безбедно бидејќи е автентицирано со Face ID, Touch ID или лозинка на уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код. Apple Pay е прифатен во продавници за храна, аптеки, такси, ресторани, кафетерии и многу други места.

Клиентите можат да го користат Apple Pay на iPhone, iPad и Mac за да прават побрзи и поудобни купувања преку апликации или на интернет, без да мора да креираат сметки или постојано да внесуваат контакт информации, детали за картичка, информации за испорака и фактурирање. Apple Pay, меѓу другото, го олеснува плаќањето за достава на храна и намирници, онлајн купување, транспорт и паркирање. Apple Pay може да се користи и заплаќање во апликации на Apple Watch.

Задоволство е да се биде првата банка на пазарот која на своите клиенти им го овозможува Apple Pay – иновативно, едноставно и безбедно решение за бесконтактно плаќање. Ова е уште еден значаен чекор во нашите заложби за дигитална трансформација, модерно банкарство, и безбедно и супериорно корисничко искуство. Во динамичниот свет во кој живееме, ние постојано вложуваме во решенија кои го поедноставуваат секојдневието на нашите клиенти, го следат нивниот животен стил и ги поставуваат стандардите на модерното банкарство.“ – истакнува Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

Безбедноста и приватноста се во с’ржта на Apple Pay. Кога клиентите користат кредитна или дебитна картичка со Apple Pay, вистинските броеви на картичките не се зачувуваат на уредот, ниту на серверите на Apple. Наместо тоа, се доделува уникатен број на сметката на уредот, кој е шифриран и безбедно складиран во Secure Element,сертифициран чип со индустриски стандард,дизајниран безбедно да ги складира информациите за плаќање на уредот.

Apple Pay е лесен за поставување. На iPhone, едноставно отворете ја апликацијата Wallet, изберете+ и следете ги чекорите за да додадете кредитни или дебитни картички на НЛБ Банка Скопје. Откако клиентот ќе додаде картичка на iPhone, Apple Watch,iPad и Mac, може веднаш да започне да го користи Apple Pay на тој уред. Клиентите ќе продолжат да ги добиваат истите услови и бенефиции што ги нудат картичките на НЛБ Банка Скопје. 

За повеќе информации за Apple Pay, посетете: http://www.apple.com/apple-pay/  

За повеќе информации за НЛБ Банка, посетете: www.nlb.mk

Банки

Наградна игра за млади со ZIPP картичката од Комерцијална банка

Објавено

на

Клиентите на возраст од 18 до 29 години кои се корисници на Zipp Mastercard Debit World картичката од Комерцијална банка, со секоја трансакција учествуваат во Наградната игра ZIPP & WIN и добиваат можност да станат добитници на електричен MATE велосипед или 30.000 денари на нивната Zipp сметка.

Во периодот до 10 септември 2026 година, секоја трансакција со Zipp картичката направена во земјата со физичка картичка, преку телефон или смарт часовник, носи по една шанса (еден код) за освојување на една од наградите.

Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за освојување на една од наградите.

Извлекувањето на добитниците ќе се одржи на 14 септември 2026 година.

Сите детали и правилата за Наградната игра се достапни на следниот линк.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со добивка од 1,41 милијарда денари во првото полугодие

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје во првите шест месеци од 2026 година остварила добивка пред оданочување од 1,412 милијарди денари, што претставува намалување од 30 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Според консолидираните неревидирани финансиски извештаи, позитивниот финансиски резултат пред оданочување и резервации изнесувал 1,781 милијарда денари и бил за 31 отсто понизок на годишно ниво.

Од Банката наведуваат дека намалувањето се должи на регулаторните и пазарните услови, пониските каматни стапки и каматни приходи, намалените провизии од платниот промет и меѓународните трансакции, како и на еднократните приходи наплатени во 2025 година од претходно отпишани побарувања.

Во првото полугодие Банката издвоила 368,4 милиони денари за исправка на вредноста на финансиските средства и за посебна резерва за вонбилансна изложеност.

Вкупната актива на Банката на 30 јуни 2026 година изнесувала 159,035 милијарди денари, при што е забележан органски раст.

Консолидираните извештаи ги опфаќаат финансиските резултати на Стопанска банка АД – Скопје и на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк нуди кредитна картичка со патничко осигурување и асистенција на пат

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја промовира Visa Travel кредитната картичка, наменета за корисниците кои сакаат дополнителна сигурност и поволности за време на патувањата.

Со картичката корисниците добиваат асистенција на пат, како и патничко осигурување со покритие во времетраење од десет дена.

Дополнително, на корисниците им се овозможува попуст од 10 проценти при купување полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на интернет-страницата на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange