Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим од професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Инженер за сигурност на ИКТ.

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 13.03.2026 година. 

Работни цели и задачи:

Работните задачи на Инженерот за сигурност на ИКТ вклучуваат: 

  • Oткривање и спречување напади на ИКТ системот (Intrusion Detection and Prevention);
  • Управување со централизирана endpoint заштита (Malware protection, Endpoint Detection and Response);
  • Превенција од напади на интернет изложените апликации (WAF-Web Application Firewall);
  • Следење сомнителни активности во базите на податоци (DAM-Database Activity Monitoring);
  • Следење сомнителни активности во корпоративната компјутерска мрежа, известување и блокирање настани (NDR-Network Detection and Response);
  • Скенирање и управување со ранливости (Vulnerability Scanning and Management);
  • Управување на системите за периметарска заштита на мрежа (NGFW-Next Generation Firewall);
  • Работа со системи за класификација на податоци и спречување одлевање на доверливи податоци (DLP-Data Loss Prevention);
  • Работа со систем за превентивно откривање закани на интернет (Тhreat Inelligence System);
  • Менаџмент на логови од ИКТ системите и следење алерти за невообичаени активности (SIEM);
  • Справување со сигурносни инциденти. 

Потребни квалификации и способности:

  • Високо стручно образование од областа на ИКТ науки со најмалку 180 ЕКТС кредити или VII /1 степен;
  • Одлично познавање англиски јазик;
  • Најмалку 7 години работно искуство;
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
  • Комуникациски вештини и способност за работа во тим;
  • Одговорност, точност, самоиницијативност и прецизност во извршување на работните задачи. 

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Програма за спорт и рекреација;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл. 

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: веб-страницата на Банката на следниот линк, или преку e-пошта: [email protected], со назнака: „Oглас за вработување Инженер за сигурност на ИКТ во Скопје”

Телефон за контакт: (02) 3168-412 

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати. 

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Кариера

Работната недела во ЕУ се скрати на 35,9 часа

Објавено

на

Граѓаните на Европската Унија во просек работат помалку отколку пред десет години, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Според статистиката, вработените на возраст од 20 до 64 години во 2025 година во просек работеле 35,9 часа неделно на главното работно место, додека во 2015 година просекот изнесувал 36,9 часа.

Најдолга работна недела имале вработените во Грција со просек од 39,6 часа. Следуваат Бугарија и Полска со по 38,7 часа, како и Литванија со 38,4 часа неделно.

Најкратко се работело во Холандја – 31,9 часа неделно. Потоа следуваат Данска и Германија со по 33,9 часа, како и Австрија со 34 часа.

Евростат објаснува дека податоците се однесуваат на реално одработени часови во текот на референтната недела, вклучувајќи прекувремена работа, но без боледувања, одмори и времето поминато во патување до работа.

Според професиите, најдолго работеле квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството – околу 42 часа неделно. По нив следуваат менаџерите со 40,6 часа и вработените во вооружените сили со 39,4 часа неделно.

Најкратка работна недела имале работниците во основните занимања, со просек од 31,8 часа неделно.

Продолжи со читање

Кариера

Иуте Македонија отвора клучна лидерска позиција: Раководител на партнерски екосистем за следната фаза на дигитален раст

Објавено

на

Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.

Ние не следиме трендови. Ги создаваме.

Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:

Раководител на партнерски екосистем

Не бараме само раководител. Бараме архитект на партнерски екосистем.

Твојата мисија?

Да го менаџираш и надградиш партнерскиот екосистем што веќе години наназад го трансформира начинот на кој корисниците пристапуваат до финансиски услуги.

Ќе бидеш на пресекот помеѓу бизнис, технологија, дигитални продукти и стратешки партнерства – со директно влијание врз растот на компанијата.

Што ќе движиш?

Ќе ја водиш и редизајнираш продажбата на партнерските продукти низ сите канали и ќе создаваш партнерски понуди што носат вистинска вредност.

Ќе го управуваш производот од почеток до крај 

Ќе градиш и развиваш силна партнерска мрежа – од идентификација на нови можности, до активација и раст.

Ќе управуваш партнерски продажни канали, API интеграции и перформанс базирани на податоци.

Ќе креираш беспрекорно дигитално корисничко искуство преку MyIute и ќе обезбедиш подготвеност за скалабилна партнерска дистрибуција.

Ќе дефинираш како финансиските продукти се интегрираат во дигиталниот свет – преку API функционалности и партнерски решенија.

Ќе трансформираш производи во паметни, дигитални канали за раст.

Кого бараме?

✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.

✔ Имаш универзитетско образование.

✔ Искуство во финансиски сектор? Плус. Амбиција за трансформација? Неопходно.

✔ Дигиталните производи, податоците и аналитиката ти се природен јазик.

✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски.

✔ Преговараш самоуверено, носиш одлуки и гледаш можности каде другите гледаат процеси.

✔ Имаш проактивен пристап, ориентација кон резултати и тимска енергија.

Што добиваш?

-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот

-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари

-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание

-Континуиран развој, учење и професионален раст

-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти

-Тимбилдинзи во земјата и странство

-Спортски активности

-Дополнителни здравствени прегледи

Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку партнерства, технологија и дигитални екосистеми – време е да се запознаеме.

📅 Аплицирај до: 01 јуни 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на парнерски екосистем

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка објави оглас за вработување во Секторот за ликвидност и финансиски пазар

Објавено

на

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работната позиција.

Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата стручен соработник за порамнување во земјата и во странство во рамки на Секторот за ликвидност и финансиски пазар.

Во објавата се наведува дека Комерцијална банка нуди можност за работа во стабилна и современа институција со долгогодишна традиција, како и професионална средина која ги вреднува личните и професионалните квалитети на вработените.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку страницата за вработување на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange