Connect with us

Банки

НЛБ Банка со специјална понуда за 8 Март: до 8% дополнителен кешбек со НЛБ haPPy картичките

Објавено

на

НЛБ Банка подготви специјална промотивна понуда по повод 8 Март, со која корисниците на НЛБ haPPy кредитната картичка ќе можат да добијат дополнителен кешбек при купување.

Во периодот од 6 до 8 март, клиентите кои ќе купуваат со НЛБ haPPy картичката во партнерската мрежа на haPPy ќе добијат дополнителен кешбек од 8 проценти за секоја трансакција, за износ на купување до 8.000 денари.

Од Банката информираат дека сите заинтересирани кои сè уште немаат НЛБ haPPy кредитна картичка можат едноставно да аплицираат директно од својот телефон преку мКлик мобилната апликација и да ја искористат промотивната викенд-акција.

НЛБ haPPy е кредитна картичка која им овозможува на корисниците поврат на средства (кешбек) при секое купување, со што секојдневните трансакции стануваат уште поисплатливи.

Банки

Халкбанк со поволности за клиентите кои ќе ја префрлат платата

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги повикува граѓаните да ја префрлат својата плата во банката и да ги искористат поволностите наменети за примателите на плата.

Од банката посочуваат дека понудата обезбедува поголема финансиска флексибилност, подобри услови и поедноставно извршување на секојдневните банкарски обврски.

Повеќе информации за условите и достапните поволности клиентите можат да добијат во најблиската филијала на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

ALTA Bank2GO овозможува брзо и сигурно мобилно банкарство

Објавено

на

АЛТА банка ја промовира мобилната апликација ALTA Bank2GO, наменета за полесно и побрзо извршување на секојдневните банкарски обврски.

Преку апликацијата, корисниците можат едноставно и сигурно да ги користат банкарските услуги директно од својот мобилен телефон, со што се заштедува време и се намалува потребата од посета на филијала.

Од банката информираат дека деталите за регистрација и активација на услугата се достапни преку нивните официјални комуникациски канали.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ги повика граѓаните да се пријават за трката на пет километри на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги повика граѓаните да се пријават за трката на пет километри, која ќе се одржи во рамки на Скопскиот маратон на 4 октомври.

Како златен спонзор на трката „Комерцијална банка 5 км“, од банката порачаа дека секогаш е вистинско време за нов личен предизвик и ги охрабрија учесниците навреме да ги започнат подготовките.

„Те каниме да се пријавиш бидејќи секогаш е полесно заедно до целта. Се гледаме на стартот“, објавија од Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange