Connect with us

Банки

Како до крајот на летото да заработите вредни награди и да останете физички активни?

Објавено

на

Оние речиси 9.500 корисници на апликацијата ХалкЕко на Халкбанк веќе знаат дека со секоја физичка активност, без оглед дали се работи за трчање или едноставно пешачење, или, пак возење велосипед или тротинет тие, не само што придонесуваат за заштита на природата, туку можат да освојат и вредни подароци. Голем дел од нив можеби веќе добија подарок бидејќи статистиката на ХалкЕко кажува дека во изминативе нешто помалку од 4 години колку што е во функција апликацијата, се поделени речиси 4.000 подароци.

Па тогаш, доколку сте физички активни и водите здрав живот, зошто не се приклучите на семејството ХалкЕко? Или, доколку сакате да пешачите, или ги користите велосипедот или тротинетот како превозно средство, симнете ја апликацијата и почнете да собирате ХалкКоинс со кои можете да одберете некоја награда. За оние кои „планираат“ да започнат со физичка активност или да го заменат своето возило со друго превозно средство кое што не ја загадува околината, ХалкЕко и наградите кои можат да се освојат може да бидат мотив за она што само се планира токму сега и да се реализира.

ХалкЕко како апликација и програма има за цел да ги мотивира луѓето да бидат физички активни и да придонесуваат за заштита на природата. Таа е врзана за зелената агенда на Халкбанк како еко ориентирана компанија која што низ годините на своето делување дава силна поддршка на сè она што е во насока на негување здрав животен стил и заштита на животната средина.

Суштина на апликацијата, која едноставно се симнува на вашиот паметен телефон, е по регистрацијата истата да се вклучува при старт на физичка активност. Значи, ако почнувате да се движите, без разлика дали пешачите, трчате или возите велосипед или тротинет, апликацијата тоа го регистрира. Остварената километража ќе ви се евидентира како ХалкКоинс. Доколку ова го правите во период од 7.30 до 9.30 или од 15.30 до 17.30, што во принцип е време кога се оди или се враќа од работа, освојувате двојно повеќе ХалкКоинс.

Кога ќе ги соберете првите 250 ХалкКоинс, што се адекватни на поминати 250 километри, веќе можете да изберете награда. Награди се предвидени за постигнати 250, 500, 750, 1500 и 2000 ХалкКоинс. А наградите се навистина вредни. Па така, на пример, за секое од постигнатите нивоа, можете да добиете бонус поени кои се евидентираат на кредитна картичка издадена од Халкбанк АД Скопје. А бидејќи еден бонус поен е еднаков на еден денар, тоа значи дека, на пример, за 2000 ХалкКоинс ќе добите 2000 бонус поени, кои се адекватни на 2000 денари. Истите можете да ги искоритите при било кое пазарување на продажно место каде има терминал на Хакбанк. А нив навистина ги има речиси секаде.

Или, пак, во моментов кога е период на годишни одмори, кога за патување во странство ви е неопходно патничко осигуување, наместо тоа да го плаќате, можете да го обезбедите со своите ХалкКоинс. За осигурување од Халк Осигурување во времетраење од 10 дена во текот на една година ќе треба да потрошите 250 ХалкКинс, а за осигурување од 20 дена – 500 ХалкКоинс. Потребно е само да испратите меил до ХалкЕко и да наведете во која експозитура на Халкбанк сакате истото да го подигнете

Со ХалКоинс можете да го осигурате и вашиот дом. За осигурување од основни и дополнителни ризици ви се потребни 1500 ХалкКоинс, а за 3000 ХакКоинс можете да земете осигурување на домот во вредност до 3.000 денари.

Следно, доколку имате кредит во Халкбанк или имате намера да земете потрошувачки или станбен кредит, направете го тоа токму во оваа банка бидејќи вашата физичка активност може да ви заштети многу средства. Имено, за 500 ХалкКоинс можете да добиете 10% попуст на редовната камата на потрошувачки кредит, а за 750 ХалкКоинс попустот е 15%. Може и да изберете хипотекарно осигурување од основни ризици кое ви дава сигурност при менување кредит. Постигнати 1500 или 2000 ХалкКоинс нудат можност за добивање 5%, односно 10%  попуст на основната камата за станбен кредит, што со оглед на должината на отплата на станбените кредити значи сериозна заштеда.

Халкбанк не само што наградува за физичката ативност, туку за секои 80 километри на секој корисник, презема обврска за засадување дрво. Досега банката, како одговор на активностите на корисниците на апликацијата, има засадено речиси 38.000 дрвја.

Затоа не двоумете се. Симнете ја апликацијата ХалкЕко и станете дел од семејството на поддржувачи на здрави животни навики и дајте свој придонес за поздрава околина. И секако, овојувајте вредни награди.

Комерцијален текст

Банки

Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со нето-добивка од 270,6 милиони евра во првата половина од 2026

Објавено

на

Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, во чиј состав е и Шпаркасе Банка АД Скопје, ја заврши првата половина од 2026 година со раст на деловната активност и позитивни финансиски резултати.

Во првите шест месеци од годинава, групацијата остварила нето-добивка по оданочување од 270,6 милиони евра, додека оперативниот резултат достигнал 337 милиони евра.

Според објавените податоци, корпоративното кредитирање во овој период е зголемено за 2,1 отсто. Истовремено, забележан е поголем интерес за станбено финансирање, како и значителен раст на приходите од провизии, особено во сегментите на инвестициските услуги и хартиите од вредност.

Вкупната актива на групацијата достигнала 23,9 милијарди евра, додека капиталот изнесувал 4,2 милијарди евра. Од Шпаркасе посочуваат и на стабилниот квалитет на кредитната изложеност, како и на придонесот на банките членки од Југоисточна Европа во вкупните резултати.

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од меѓународната банкарска групација, а од банката оценуваат дека постигнатите резултати ја потврдуваат финансиската стабилност на групацијата и нејзината долгорочна ориентација кон пазарите на кои работи.

Банката најавува дека и натаму ќе биде насочена кон развој на современи финансиски решенија, поддршка на клиентите и активности насочени кон домашната економија и заедницата.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка и Хрватската народна банка разменуваа искуства за надзорот на платежните услуги

Објавено

на

Во Народната банка од 21 до 24 септември се одржа четиридневна работилница посветена на супервизијата над платежните услуги, на која експерти од Хрватската народна банка и претставници на домашната централна банка разменуваа искуства и практики од оваа област.

Работилницата се одржа во рамки на билатералната мерка „Payment Services Supervision“, како дел од Програмата за зајакнување на капацитетите на централните банки во Западен Балкан.

Главниот фокус беше ставен на супервизијата и надзорот над давателите на платежни услуги и издавачите на електронски пари, како и на практичната примена на европската регулаторна рамка.

Меѓу темите за кои се разговарало биле теренската и вонтеренската супервизија, засилената автентикација на корисниците, заштитата на средствата на корисниците, информирањето на корисниците на платежни услуги, како и актуелните регулаторни и супервизорски прашања.

Според Народната банка, размената на конкретни примери и искуства од супервизорската работа треба да придонесе за натамошно унапредување на домашните практики за надзор, особено во услови на брз развој на платежниот сектор и појава на нови платежни услуги и деловни модели.

Соработката со Хрватската народна банка ќе продолжи и во наредниот период преку дополнителни активности за размена на практични знаења и зајакнување на капацитетите во областа на супервизијата над платежните услуги.

Продолжи со читање

Банки

Британските банки првпат префрлија токенизирани депозити меѓу различни банки

Објавено

на

Водечките британски банки ги реализираа првите трансакции со клиенти во кои токенизирани депозити биле префрлени меѓу различни финансиски институции преку заедничка дигитална инфраструктура. Станува збор за значаен чекор во примената на блокчејн и програмски платежни технологии во секојдневното банкарство.

Трансакциите се спроведени во рамки на иницијативата „Great British Tokenised Deposit“, координирана од UK Finance, во која учествуваат Barclays, HSBC UK, Lloyds Banking Group, Monzo, Nationwide, NatWest и Santander. Платформата е развиена од технолошката компанија Quant.

Во првата фаза биле реализирани две трансакции поврзани со рефинансирање станбени кредити. Средствата биле привремено „заклучени“ на сметките на клиентите и автоматски ослободени по исполнување на условите за завршување на трансакцијата, со што се намалуваат рачните проверки и можните доцнења при порамнувањето.

Технологијата овозможува средствата да останат на сметката на клиентот сè до моментот на реализација на трансакцијата, што значи дека клиентот може да продолжи да добива камата додека парите чекаат пренос.

Во рамки на проектот бил тестиран и модел за плаќање при купопродажба преку онлајн платформи. Парите на купувачот се задржуваат на неговата сметка и се префрлаат на продавачот дури откако ќе биде потврдено дека производот е предаден, што може да го намали ризикот од измама.

Токенизираните депозити не се криптовалута, туку дигитална форма на класичните банкарски депозити. Тие ги задржуваат правната и регулаторната заштита на традиционалните депозити, но овозможуваат плаќањата да бидат програмирани и автоматски да се извршат кога ќе се исполнат однапред утврдени услови.

Според UK Finance, пошироката примена на ваквиот модел би можела да донесе побрзи и поефикасни плаќања, поголема контрола на клиентите врз средствата и намален ризик од измами. Сепак, станува збор за пилот-проект, а услугата засега не е достапна за сите корисници.

Во следната фаза се планира тестирање на порамнување дигитални средства, при што банките ќе испробаат и издавање дигитални должнички инструменти што ќе се тргуваат и порамнуваат со користење токенизирани депозити.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange