Connect with us

Продукти

Пакет за жени на Халкбанк – поттик за финансиска независност и успешенбизнис почеток

Објавено

на

Во динамичниот свет на претприемништвото, создавањето успешна бизнис приказна бара комбинација од стратешко планирање, посветеност и приспособливост. И покрај тоа што претприемачите прават исклучителни чекори во деловниот свет, рушејќи ги бариерите и преобликувајќи ги индустриите, тие сè уште се соочуваат со многу пречки, особено жените претпириемачи. Речиси секоја трета жена претприемач смета дека на жените во бизнисот им е потешко од мажите, поради истовремената грижа за семејството и работата, како и недовербата и потценување на нивната стручност, знаење, способност и искуство.

Токму поради овие причини, неопходно е да се посвети посебно внимание на поддршка на иновативните идеи на жените кои сакаат да успеат како претприемачи. Со искористување на своите силни страни, надминување на предизвиците и прифаќање на можностите, жените можат да го отклучат својот целосен потенцијал како лидери и да создадат просперитетни компании.

Со цел на жените претприемачи да им даде поддршка, да ги охрабри и да ги поттикне да ги реализираат идеите и да започнат свој бизнис, Халкбанк го воведе Пакетот за жени претприемачи. Овој пакет е дел од интегрираната платформа на Халкбанк за поддршка на жените претприемачи во земјата и поттикнување на женското претприемништво.

Пакетот за жени е наменет за микро, мали и средни претпријатија каде доминантни основачи и сопственици (над 51% сопственост) се жена/жени и/или еден од управителите е жена. Тој нуди низа погодности како можност за добивање финансиски средства за основни и обртни средства во висина до 500.000 евра со рок на отплата до 120 месеци, со фиксна годишна каматна стапка за кредитите до 12 месеци и варијабилна годишна каматна стапка за кредити над 12 месеци. Истовремено, како подарок се добива и годишна полиса за патничко осигурување со покриеност до 30 дена издадена од Халк осигурување.

Токму во духот на овие заложби, Халкбанк беше дел од две престижни коференции посветени на унапредување на родовата еднаквост.

Г-динот Беркан Имери, извршен директор и член на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје учествуваше на Конференцијата „Унапредување на родовата еднаквост во
глобалното лидерство“
, во организација на регионалната непрофитна организација Women on Boards Adria (WOBA). Тој посебно се осврна на стратегиите што ги воведе Халкбанк за да ја зголеми застапеноста на жените во различните лидерски улоги и еднаков третман на вработените на сите работни позиции, со давање осврт кон поддршката на жените во надворешниот свет преку пакетот финансиски производи за финансиска независност на жените.

Халкбанк АД Скопје беше дел и од Конференцијата EqualXChange: Empowering Ideas, Inspiring Journeys во организација на Gender Equality Alliance, каде Маја Наумовска Савеска, директорка на корпоративни и маркетинг комуникации, во рамки на еден од
панелите, зборуваше за иновативната кампања на Халкбанк за жени претприемачи
наречена „Фустани со џебови“, фокусирајќи се на родовата еднаквост и вклученоста на
жените во бизнисот, што веќе резултираше со тренд на зголемена свест и активирање
на жените во сите сфери на бизнис секторот.

Банки

Кристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања

Објавено

на

Преку проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“, локалните претприемачи добиваат можност полесно да ја модернизираат наплатата и да се приклучат кон дигиталната економија.

Дигиталните плаќања сè повеќе стануваат секојдневна потреба за малите и средните претпријатија. Брзината, едноставноста и безбедноста при наплатата денес се важни не само за корисничкото искуство, туку и за конкурентноста и растот на компаниите.

Во таа насока, проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“, реализиран во соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација, НЛБ Банка, ХалкБанк и Visa, носи конкретна поддршка за локалните бизниси. Преку проектот, 100 одбрани компании ќе добијат бесплатно Soft POS решение, од кои 50 ќе бидат обезбедени од НЛБ Банка.

Со NLB Smart POS, трговците можат да прифаќаат безготовински плаќања директно преку мобилен телефон, без потреба од дополнителна ПОС опрема. Решението е едноставно за користење, овозможува поголема мобилност и им помага на малите бизниси да ја модернизираат наплатата без високи почетни трошоци.

„Дигитализацијата денес е составен дел од современото деловно работење. Со NLB Smart POS, современата технологија станува подостапна за поширок круг трговци, особено за малите и микро бизниси, кои на овој начин добиваат практична алатка за побрза, побезбедна и поефикасна наплата“, вели Кристина Трпезановска, директор на Секторот за управување со клиенти, продукти и дигитални сервиси во НЛБ Банка во интервју за „Економија и Бизнис“.

NLB Smart POS е првата сертифицирана tap-on-phone Android апликација во земјата, која го претвора мобилниот телефон во ПОС терминал. Апликацијата бесплатно се презема од Play Store, брзо се инсталира и не бара дополнителен хардвер, што ја прави особено погодна за малите трговци, доставувачи, услужни дејности и бизниси кои работат и надвор од класична продажна локација.

Интересот за ова решение континуирано расте. Во изминатата година бројот на инсталирани NLB Smart POS решенија е зголемен за 46%, а прометот реализиран преку нив е зголемен за 100% во однос на претходната година. Овие резултати покажуваат дека безготовинските плаќања се реална потреба и важен дел од модерното работење на компаниите.

Покрај бесплатниот Soft POS, проектот обезбедува и дополнителни поволности за бизнисите – без трошоци за одржување и без провизија за трансакции во првите три месеци, како и Visa Business Debit картичка без годишна членарина во првата година. Пријавувањето трае до 31 август, во најблиската експозитура на НЛБ Банка.

Проектот е дел од пошироката заложба за развој на дигиталната економија и проширување на мрежата на трговци кои прифаќаат безготовински плаќања. Со вакви иницијативи, НЛБ Банка ја потврдува својата улога како партнер на бизнисите во нивниот раст, дигитална трансформација и приспособување кон современите потреби на пазарот.

Битола и битолскиот регион, препознатливи по претприемачкиот дух и локалните брендови, преку овој проект добиваат дополнителен поттик за модернизација на наплатата и ширење на дигиталните платежни навики.

Продолжи со читање

Банки

НОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки

Објавено

на

Нови можности за сигурно и исплатливо вложување на заштедите нуди Комерцијална банка со новите орочени денарски и девизни депозити и детско штедење „Верверичка“ на 25 и на 40 месеци.

Покрај, стабилен принос, предвидливост и долгорочна финансиска сигурност, новите депозити нудат и фиксни каматни стапки.  

Со новите орочени депозити, клиентите можат да изберат рок кој најдобро одговара на нивните финансиски планови, а притоа да уживаат во гарантиран принос во текот на целиот период на штедење. Дополнителна предност е што можат да изберат исплата каматата да се исплаќа месечно или по истекот на рокот на орочување, со што добиваат поголема флексибилност и прилагодување на личните потреби.

Минималниот износ за орочување е 100.000 денари за денарските депозити и 5.000 евра за девизните депозити.

„Веруваме дека доброто штедење треба да биде едноставно, сигурно и исплатливо. Новите орочени депозити на 25 и на 40 месеци се наш одговор на потребите на клиентите за долгорочно вложување со атрактивен и гарантиран принос и со целосна предвидливост и сигурност гарантирана од банка со над 70 годишно постоење“, вели Габриела Миленковиќ, директор на Секторот за работа со население во Комерцијална банка.

Новитетот е дел од континуираните заложби на Комерцијална банка за развој на современи финансиски решенија кои ги следат потребите на клиентите и им помагаат поефикасно да ги планираат личните и семејните финансии.

Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Животните ја обожаваат оваа реклама на Халкбанк!

Објавено

на

За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклами обложени со четки што добитокот може да ги користи за чешање.

Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност.

Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата кампања за промоција на земјоделски кредит на Халкбанк.

Наместо рекламите само да зборуваат за подобра продуктивност, Халкбанк создаде реклами што директно ги зголемуваат продуктивноста и среќата на добитокот. За таа цел, промотивното возило и рекламните површини беа обложени со специјални четки за чешање и беа однесени директно кај фармерите и нивните животни.

Така, рекламата стана практична демонстрација на она што го нуди земјоделскиот кредит, а тоа е поддршка за подобри услови, поздрав добиток и попродуктивни фарми.

За земјоделскиот кредит може да аплицирате во најблиската филијала на ХАЛКБАНК. Кредитната линија е за индивидуални земјоделци, трговци поединци, микро, мали и средни претпријатија ‒ со износ од 5.000 до 250.000 евра.

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange