Connect with us

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден.

На 3 јуни ќе работат експозитурите и филијалите кои се со редовно работно време во сабота.

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино и во Охрид.

Банки

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Објавено

на

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на новоодобрени потрошувачки станбени и хипотекарни  кредити, со што им овозможи на клиентите атрактивни услови за реализација на нивните планови.

Пониските каматни стапки и дополнителните промотивни услови кај Станбениот кредит се дел од нашата посветеност на обезбедување финансиски решенија кои најдобро се вклопуваат со желбите и потребите на нашите клиенти.

Тие може да изберат Потрошувачки кредит до 2.000.000 денариОнлајн потрошувачки кредитСтанбен кредит или Хипотекарен кредит и да уживаат во бројни погодности, а пред сѐ во пониски месечни рати. По нивна желба може да изберат и период со атрактивна фиксна каматна стапка.

А, доколку се одлучат за Станбен кредит, во промотивниот период до 30 април ќе го добијат без трошоци за одобрување и процена на имот.  

Со ова клиентите добиваат:

  • Пониски каматни стапки за уште поповолни месечни рати
  • Долг рок на отплата прилагоден на можностите на клиентот
  • Можност за осигурување на кредитот за финансиска безгрижност
  • Едноставна постапка за аплицирање

Без разлика дали планираат патување, семејна прослава, уредување на домот, нов стан или автомобил, а можеби и факултет за матурантот Комерцијална банка им овозможува поволни услови за остварување на овие убави планови.

Сите соништа и планови се вредни за да се остварат затоа што носат насмевка, возбуда и бесценети спомени!

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка најавува нов изглед и иновативни функционалности за Интернет банка за да одговори на современите потреби на корисниците

Објавено

на

Комерцијална банка со задоволство ја најавува новата Интернет банка со современ дизајн и напредни функционалности за врвно корисничко искуство.

Интернет банката ќе добие целосно нов лик и многу нови можности за да одговори на современите потреби на корисниците.

Што носи новата Интернет банка?

  • Интуитивен и модерен дизајн за лесно користење
  • Напредни алатки за подобро управување со финансиите
  • Брзи трансакции со омилени налози
  • 24/7 преглед и контрола врз финансиите

Подготви се за ново ниво на твоето дигитално банкарство!

Погледнете ги новиот изглед и новите функционалности на Интернет банката на следниот линк.

Продолжи со читање

Банки

TTK Банка АД Скопје ја исплати петтата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје на 14.02.2025 година ја исплати петтата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија со ISIN MKTTKS200020 и шифра TTKO2.

Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – втора емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.2.2025 година. 

Во февруари 2020 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде втората емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра и фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво.

Продолжи со читање

Популарно