Connect with us

Банки

Комерцијална банка донираше земјиште на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

Објавено

на

За поздрава и почиста околина и за поквалитетен живот на граѓаните Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина. Благодарејќи на оваа донација жителите на улицата „Киро Крстевски Платник“ близу поликлиниката Идадија ќе добијат зелено и уредено катче за разонода и одмор и непречен пристап до нивните домови.

Како општествено одговорна компанија, која постојано придонесува за изградба на модерно и напредно општество, кое граѓаните и нивните потреби ги има во прв план, Банката овој пат излезе во пресрет на потребите на Општина Центар и на нејзините жители. Со цел решавање на децениски проблем, Банката донираше имот, кој го има стекнато како преземено средство врз основ на ненаплатени побарувања.

„Целта на оваа донација е граѓаните да добијат мирно и зелено место за одмор, каде ќе уживаат во друштво на своите деца, внуци, пријатели… Во трката со секојдневните обврски сите ние сакаме на момент да здивнеме, да ја почувствуваме убавината на зелената околина и да се забавуваме со најмилите. Ни претставува задоволство што им овозможивме на жителите на Општина Центар во срцето на градот да добијат зелено катче“, изјави Илија Илоски, Главен оперативен директор и Член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се заблагодари на донацијата од Комерцијална банка, со која е решен долгогодишен проблем и општината ќе добие ново урбано зелено катче.

Комерцијална банка во духот на своето корпоративно мото „Полесно е заедно“ постојано придонесува за подобри и поквалитетни услови за живеење, како со своите производи и услуги, така и со својата општествена одговорност.

Комерцијална банка е една од водечките банки во земјава, национално и меѓународно препозната како доверлив и стабилен партнер во областа на банкарството и како компанија во која општествената одговорност и солидарност се високо вкоренети во корпоративните вредности.

Банки

НАРОДНА БАНКА ГО ИЗДАДЕ РЕШЕНИЕТО – Хедвика Усеник го замени Блаж Бродњак како претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

„Ве известуваме дека на ден 17.03.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност г-ѓа Хедвика Усеник да биде именувана за член на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат  до 30.08.2025 година“, се вели во соопштението на НЛБ Банка, објавено на Македонска берза. 

Банкарство и претходно објави дека Хедвика Усеник ќе го менува Блаж Бродњак на претседателската функција во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје. Блаж Бродњак поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на ден 10.10.2024 година.

Со издавање на Решението од Народната банка, престанува мандатот на г-дин Блаж Бродњак, досегашен Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Хедвика Усеник е магистер по бизнис и администрација која од мај 2022 година ја извршува функцијата член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана. Таа е добро позната во нашиот банкарски сектор, бидејќи и во минатото беше член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во периодот од 2018 до 2020 година.

Мандатот на г-ѓа Хедвика Усеник како член на Надзорниот одбор ќе трае до 30.08.2025 година.

Продолжи со читање

Банки

Информација за одложување на 54. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка ја информира јавноста дека се одложува 54. сесија на Клубот на истражувачите којашто требаше да се одржи на 27 март 2025 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка.

За дополнителни информации и за новиот термин на одржувањето на сесијата на Клубот, јавноста ќе биде дополнително известена.

Продолжи со читање

Банки

Пензионерски пакет на Халкбанк – Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност

Објавено

на

Пензионирањето значи повеќе време за себе, за најблиските и за сето она што отсекогаш сте сакале да го правите. Без грижи за рокови и обврски, ова е периодот кога треба да уживате – во утринското кафе, прошетките, семејните собири и малите работи што носат радост. За да биде сè уште полесно, важно е и финансиските предизвици да бидат едноставни и без непотребни компликации.

Со Пакетот за пензионери од Халкбанк, сè е прилагодено на вашите потреби. Исплатата
на пензијата е пред секој први во месецот. Добивате можност безбедно и брзо да
располагате со вашите средства преку бесплатната MasterCard дебитна картичка со која
можете да подигнувате готовина од сите банкомати во земјата без провизија. Добивате и
бесплатно електронско банкарство достапно 24/7 за следење и менаџирање на сите ваши
трансакции од вашиот мобилен телефон или компјутер и бесплатни СМС известувања за
секоја трансакција. Дополнително, интерните налози на шалтерите во Халкбанк се без
провизија, обезбедувајќи поголема вредност за вашите средства.

Како знак на благодарност за довербата, Халкбанк доделува и подароци за пензионерите кои ќе станат дел од пакетот. Оваа понуда е достапна за сите нови клиенти кои ќе ја
префрлат својата пензија во Халкбанк, како и за веќе постоечките клиенти кои сакаат да
ги искористат овие поволности.

Финансиската сигурност е важна во секој период од животот. Со едноставни решенија и
практични поволности, Пакетот за Пензионери ви овозможува да се посветите на она што навистина ви значи – безгрижни моменти со најблиските, спокојни утра и сигурност во секојдневните финансиски одлуки.

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно